Спорт
Манчестер јунајтед го победи Реал (Видео)
Фудбалерите на Манчестер јунајтед го совладаа Реал Мадрид со 2:1, во натпревар одигран во рамките на Интернационалниот куп на шампионите. Натпреварот што се одигра во Мајами го реши Алексис Санчез.
Јунајтед стигна до предност по само 18 минути игра ког…
Фудбалерите на Манчестер јунајтед го совладаа Реал Мадрид со 2:1 во натпревар одигран во рамките на Интернационалниот куп на шампионите. Натпреварот што се одигра во Мајами го реши Алексис Санчез.
Јунајтед стигна до предност по само 18 минути игра кога Чилеанецот Санчез ја искористи асистенцијата на Дармијан, играч кој деновиве ќе го напушти Манчестер јунајтед и ќе се пресели во Наполи.
Alexis Sanchez gets the opener #ICC2018 #MUFC pic.twitter.com/HXnf2WzxZg
— Jonah Takalua (@Destaquito2) August 1, 2018
Само три минути подоцна „црвените ѓаволи“ ја зголемија предноста, стрелец беше Андер Ерера, а асистент стрелецот на првиот гол Алексис Санчез.
Конечниот резултат го постави Крим Бензема во третата минута од судиското надополнување на времето во првото полувреме. Во второто полувреме немаше голови.
На овој меч на клупата на Реал дебитираше тренерот Хулен Лопетеги. Тој направи 11 измени на овој меч, а во игра воопшто не влегоа голманот Навас, односно Лукас Васкез и Карвахал. Интересно менаџерот на Јунајтед, Жозе Мурињо, смини само тројца фудбалери.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Але го пропушта натпреварот со Пари Сен Жермен
Напаѓачот на Борусија Дортмунд, Себастијан Але, речиси сигурно ќе го пропушти полуфиналето од Лигата на шампионите против Пари Сен Жермен следната недела, пренесува „Лекип“.
Репрезентатиецот на Брегот на Слоновата коска, го повреди скочниот зглоб на гостувањето кај Борусија Менхенгладбах (2:1), Але ќе мора да паузира најмалку две недели.
Ова е лоша вест за напаѓачот кој неодамна се опорави од рак на тестисите и штотуку почнува да се враќа во добра форма.
Зимава настапуваше за репрезентацијата на Брегот на Слоновата Коска со која го освои Африканскиот куп на нации.
Але одигра 40 натпревари за Дортмунд, постигна 12 гола и забележа шест асистенции.
Борусија се пласираше во полуфиналето на Лигата на шампионите за прв пат по 2013 година, кога го елиминираше Реал Мадрид, а потоа загуби од Баерн Минхен во финалето на „Вембли“.
Спорт
Де Хеа во Бетис?
Давид Де Хеа, минатото лето, како слободен играч го напушти Манчестер јунајтед. Имаше понуди, најмногу од Саудиска Арабија, но тој реши да ја чека вистинската, поради што ја пропушти оваа сезона.
Де Хеа на почетокот на сезоната доби понуда и од Реал Мадрид, кој остана без првиот голман Тибо Куртоа, но одби да се пресели на „Сантијаго Бернабеу“. Не откри дали го одбил „кралскиот клуб“ поради финансиската понуда или поради тоа што тој е „дете“ на Атлетико Мадрид.
Шпанските медиуми тврдат дека Де Хеа од наредната сезона се враќа меѓу стативите. Според овие извори тој ќе брани за Бетис. Ќе потпише договор со клубот од Севилја кога ќе започне преодниот рок.
Бетис моментално се седми на табелата во Примера.
Спорт
Баерн преговара и со селекторот на Австрија
Фудбалскиот клуб Баерн веќе два месеци го бара наследникот на Томас Тухел, а сега почнале преговори со Ралф Рангник, пренесува германскиот новинар на „Скај Спорт“, Флоријан Плетенберг.
Баварците се во потрага по нов шеф на стручниот штаб кој би го тимот од Тухел по завршувањето на сезоната. Затоа почнале преговори со Рагник, кој е селектор на Австрија со која ќе настапи на ЕУРО 2024. Новинарот потенцира дека многу работи би треабло да се поклопат за Рангник да дојде во Минхен.
Плетенберг пренесува дека е воспоставен контакт со Рагник откако станало јасно дека преговорите за враќање на Јулијан Нагелсман пропаднале кога тој потпиша нов договор со Германскиот фудбалски сојуз, а Баерн сака што поскоро да го претстави новиот тренер.
Договорот на Рагник со Австрискиот фудбалски сојуз е до Светското првенство во фудбал во 2026 година, но може да биде раскинат со соодветна отштета. Доколку челниците на Баерн успеат да се договорат со 65-годишниот стручњак, парите не би требало да бидат проблем.
Дополнително, Де Зерби и Зинедин Зидан се уште се кандидати за клупата на Баерн.