Спорт
Манчестер Јунајтед и Црвена ѕвезда никогаш нема да го заборават 6 февруари
Пред 61 година се случи авионската несреќа во Минхен, во која настрадаа осуммина фудбалери на Манчестер Јунајтед. Тимот познат како „Бибињата на Безби“, поради лошото време по враќањето од Белград, морал да слета во Минхен. Откако од третиот пат успеал да полета се урнал на пистата. Во несреќата настрадале осум фудбалери, двајца тренери, генералниот секретар на клубот и осум новинари.
Трагедијата силно одекна во фудбалскиот свет, бидејќи тој тим на Манчестер Јунајтед предводен од Боби Чарлтон бил во самиот врв на европскиот фудбал. Во 1958 година играчите на Мет Безби имаа можност да станат третиот англиски тим со освоени три титули во низа во првенството.
#OnThisDay in 1958, we faced Red Star Belgrade in what was to be our final game before the Munich Air Disaster.
Tomorrow, we remember the men we lost. #MUFC pic.twitter.com/Esh1AkLTY0
— Manchester United (@ManUtd) February 5, 2019
A reminder that tomorrow's gathering, in remembrance of those we lost in the Munich Air Disaster, takes place at the East Stand Memorial from 14:45 GMT. All are invited to attend. pic.twitter.com/vI8FXsIjLY
— Manchester United (@ManUtd) February 5, 2019
Манчестер Јунајтед ден претходно играле против Црвена ѕвезда во тогашниот Куп на европските шампиони.
Во несреќата смртно страдале Џоф Бент (25 години), Роџер Брин (28), Еди Колман (21), Данкан Едвардс (21), Марк Џонс (240, Дејвид Пег (22), Тони Тејлор (26) и Лијам Вилан (22).
По трагедијата имало и предлози клубот да биде згаснат, но Јунајтед играч во полу-финалето таа сезона.
УЕФА не го прифатиле предлогот на освојувачот на КЕШ таа година Реал Мадрид и на Црвена ѕвезда пехарот за сезоната 1957/1958 да им биде доделен на Манчестер Јунајтед.
Na današnji dan 1958. godine odigrali smo duel sa @ManUtd. Nažalost taj susret ispostavio se kao poslednji za mnoge gostujuće igrače jer se dan kasnije dogodila tragedija u kojoj su brojni članovi Junajteda izgubili život. Ostaje sećanje i žal za jednom generacijom.
⚪#fkcz https://t.co/IqDpPHBXdx
— FK Crvena zvezda (@crvenazvezdafk) February 5, 2019
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Инзаги по освојувањето на титулата: Неверојатно чувство, момците се исклучителни
Со победата од 2:1 над градскиот ривал Милан, фудбалерите на Интер синоќа ја освоија 20. титула во италијанската Серија А и ја сошија втората ѕвезда над грбот на својот клуб.
Интер ја круниса доминантна сезона во Италија и на пет кола до крајот има 17 бода повеќе од Милан.
„Нероаѕурите“ беа убедливи во текот на целата сезона, на 33 натпревари претрпеа само еден пораз, и тоа на домашен терен од Сасуоло.
Тренерот Симоне Инзаги конечно стигна до Скудетото во неговата трета сезона во Интер.
Едвај ја задржа работата на крајот од првата сезона, кога во финишот на сезоната 2021/2022. му ја предаде титулата на Милан, но минатата сезона го одведе Интер до финалето на Лигата на шампионите, а сега ја освои Серија А.
„Неверојатно е чувството, постигнавме нешто извонредно. Има многу протагонисти во овој успех. Пред се, играчите, исто така и директорите, а потоа и Стивен Жанг, за се што ни овозможи на ова патување. Моите мисли одат и кај моето семејство, сопругата и децата, родителите… Мојата мана е што понекогаш не можам да ја напуштам работата и да ја носам дома, но моето семејство е основата на сè“, рече Инзаги.
Спорт
И Аргентинец ќе суди на ЕП во Германија
Европската фудбалска федерација (УЕФА) го објави списокот на судии на кои смета за претстојното Европско првенство во Германија.
Најмногу претставници, по двајца имаат Англија, Италија, Франција и Германија. Од судиите од регионот, во Германија ќе го видиме само Славко Винчиќ од Словенија, кој ќе работи заедно со неговите помошници Томаж Кланчник и Андраж Ковачиќ.
Словенија ќе има претставници и во ВАР-собата, Нејц Кајтазовиќ (како ВАР судија), Раде Обреновиќ и Јуре Прапротник (како помошни ВАР судии или четврти судија).
Меѓу ВАР судиите ќе бидат и Ирфан Пељто и Сенад Ибришимбеговиќ од Босна и Херцеговина.
Факундо Тељо од Аргентина доби специјална покана врз основа на соработката на УЕФА и КОНМЕБОЛ.
Судии на ЕУРО:
Ентони Тејлор, Мајкл Оливер (Англија), Марко Гуида, Даниеле Орсато (Италија), Даниел Зиберт, Феликс Цвајер (Германија), Клемон Турпан, Франсоа Летексиер (Франција), Дани Макели (Холандија), Шимон Марчињак (Полска), Артур Диас (Португалија), Иштван Ковач (Романија), Иван Крузлиак (Словачка), Славко Винчиќ (Словенија), Хесус Хил Манзано (Шпанија), Глен Ниберг (Шведска), Сандро Шерер (Швајцарија) и Халил Умут Мелер (Турција) + Факундо Тељо (Аргентина).
Спорт
Коман го пропушта Евро 2024
Кингсли Коман (27), крилниот напаѓач на Баерн го повреди адукторот во 49. минута од првенствениот меч со Келн (2:0), го напушти теренот на носилки бидејќи не можеше да застане на десната нога, а се испостави дека станува збор за сериозна повреда.
Требаше да паузира неколку недели, а се испостави дека францускиот репрезентативец ќе го пропушти ЕП во Германија, дознава „Лекип“.
Магнетна резонанца утврди дека закрепнувањето ќе трае подолго од очекуваното, а од самиот почеток беше јасно дека сезоната за него е завршена, но имаше индикации дека ќе се опорави за ЕП, со оглед на тоа што селекторот на триколорите, Дидие Дешам сериозно сметаше на него.
Франција го игра воведниот натпревар против Австрија во Дизелдорф.
Инаку, Коман поради претходни повреди оваа сезона веќе пропушти 13 натпревари во сите натпреварувања, а на тоа ќе додаде уште најмалку шест, во зависност од тоа дали Баерн ќе се пласира во финалето на Лигата на шампионите.
Коман, роден во Париз, ги помина сите младински селекции на Франција, а за сениорската селекција дебитираше во 2015 година. Досега има 55 настапи со осум постигнати голови.