Спорт
Марсело призна дека затајувал данок
Фудбалерот на Реал Мадрид, Марсело, се спогодил со шпанските власти околу казната што треба д аја плати, бидејќи во минатото избегнал да плати данок.
Бразилецот добил четири месечна условна затворска казна и ќе треба на државаа да и плати 750.000 евра….
Фудбалерот на Реал Мадрид, Марсело, се спогодил со шпанските власти за глобата што треба да ја плати бидејќи во минатото избегнал да плати данок.
Бразилецот добил четиримесечна условна затворска казна и ќе треба на државаа да ѝ плати 750.000 евра. Бидејќи затворската казна е помала од две години, а ова на Марсело му е прв престап, според шпанскиот закон, тој нема да оди в затвор.
Како и во претходните случаи, Марсело бил обвинет дека затајувал данок преку странски фирми. Според обвинителството, тоа се однесува на периодот кога во 2007 година дошол во Шпанија, но државниот обвинител имал докази дека затајувал данок и од 2013 година до 2017 година.
Бидејќи ја признал вината, глобата изнесува 40 отсто од данокот што го затаил.
Марсело признал дека ги позајмил правата на својот лик и дело на уругвајската фирма „Бирсен трејд“, која немала доволно средства и ресурси за работа.
Бразилецот е само уште еден од долгата низа фудбалери што се спогодиле со шпанските власти. Ист случај беше и со Лионел Меси, Кристијано Роналдо, Нејмар, Дани Алвеш, Алексис Санчез, Радамел Фалкао, Чаби Алонсо и други.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Милик му обезбеди финале во Купот на Јувентус
Фудбалерите на Јувентус загубија од Лацио во Рим со 2:1, во вториот натпревар од полуфиналето на Купот на Италија. И покрај поразот Јувентус се пласира во своето 22. финале во Купот. Пресуди првиот меч кој Јувентус го доб со 2:0.
Лацио многу подобро го започна натпреварот, веќе во 12. минута поведе. Валентин Тати Кастеланос погоди на асистенција на Луис Алберто.
До крајот на првото полувреме немаше промена на резултатот.
Кастељанос погоди и во 49. минута, а асистент уште еднаш беше Луис Алберто – 2:0.
Се чинеше дека дуелот ќе оди во продолженија, но Јувентус успеа да се извлече во финишот.
Акрадиуш Милик, во 83.минута, во првиот контакт со топката намали на 2:1. Полјакот влезе на теренот на местото на Влаховиќ.
Јувентус во финалето го чека подобриот од дуелот меѓу Фиорентина и Аталанта.
Тимот од Фиренца успеа да слави на првиот натпревар со 1:0, реваншот е утре во Бергамо.
Финалето е на програмата на 15.мај.
Спорт
(Видео) Арсенал го декласира Челси
Арсенал го декласира Челси во заостанатиот натпревар од 29.коло во Премиер лигата. во градската пресметка со 5:0. „Тобџиите“ дојдоа до 77 бода, први се на табелата, имаат три бода повеќе од Ливерпул и три од Манчестер сити, но црвените имаат еден, а „граѓаните“ два натпревари помалку.
Арсенал во градската пресметка ги декласира „сините“ во второто полувреме. Првиот дел заврши со 1:0, со голот што го постигна Торсар во четвртата минута.
Во вториот дел се случи канонада кон глот на Челси. Вајт погоди во 52 минута, потоа Хаверц постигна два гола во 57. и 65.минута, а серијата ја заврши Вајт во 70.минута.
Спорт
Брејк на Макаби во Атина
Плеј-офот во кошаркарската Евролига започна со брејк на Макаби во ОАКА арената во Атина. Макаби го победи Панатинаикос 91:87.
Панатинаикос го контролираше натпреварот 32.минути, неколку пати зелените имаа предност од 12 поени, но не успеаја да го решат натпреварот.
Трагичар е Костас Слукас кој на 20 секунди до крајот продаде топка, а Џош Нибо од линијата за слободи го постави конечниот резултат. До тој момент Слукас одигра совршен натпревар (12 поени, 13 скокови, без загубена топка).
Најдобриот учинок во редовите на Макаби го имаше Бонзи Колсон, која забележа 18 поени со два скока, а го следеа Лоренцо Браун со 16 поени, четири скока и три асистенции, Вејд Болдвин со 15 поени со седум скока. Болдвин поради повреда не играше во последните осум минути.
Двоцифрен беше и Џош Ниебо со 12 поени и осум скока.
Кај Панатинаикос се истакна Матијас Лесор со 22 поени и шест скока, но и очајна реализација на слободните фрлања 4/11, а двоцифрени беа и Џериан Грант и Мариус Григонис со по 11 поени.
Вториот натпревар се игра за два дена исто така во Атина.