Спорт
Металург се врати на поразите во ЛШ, Спортинг триумфално во Скопје
По победата над Чеховски медведи, надежите во Металург беа дека Спортинг е вистинска шанса за втор триумф во Лигата на шампионите, но португалскиот шампион се покажа пресилен во Скопје и си замина со 24:31 (18:17) победа.
Момците на Данило Брестовац од…
По победата над Чеховски медведи, надежите во Металург беа дека Спортинг е вистинска шанса за втор триумф во Лигата на шампионите, но португалскиот шампион се покажа пресилен во Скопје и си замина со 24:31 (18:17) победа.
Момците на Данило Брестовац одиграа борбено прво полувреме, во кое дури имаа и +3 позитива, но како многупати оваа сезона, во второто полувреме следуваше падот во играта што гостите го искористија и поведоа со 21:24 по што немаше враќање за македонскиот вицешампион.
Димитар Димитриовски со пет гола беше најефикасен за Металург, Марио Танкоски додаде четири гола, а за гостите по пет гола имаа Карлос Руесга и Педро Валдез.
Со победата Спортинг се искачи на второто место во групата Ц со идентични 10 поени како првопласираниот Бјерингбо/Силкеборг, а Металург останува на последното шесто место со 2 поена, два помалку од Бешикташ и Чеховски медведи.
ЛИГА НА ШАМПИОНИТЕ, 6. КОЛО
Динамо Букурешт – Адемар Леон 35:30 (18:15)
Металург – Спортинг Лисабон 24:31 (18:17)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Де Хеа во Бетис?
Давид Де Хеа, минатото лето, како слободен играч го напушти Манчестер јунајтед. Имаше понуди, најмногу од Саудиска Арабија, но тој реши да ја чека вистинската, поради што ја пропушти оваа сезона.
Де Хеа на почетокот на сезоната доби понуда и од Реал Мадрид, кој остана без првиот голман Тибо Куртоа, но одби да се пресели на „Сантијаго Бернабеу“. Не откри дали го одбил „кралскиот клуб“ поради финансиската понуда или поради тоа што тој е „дете“ на Атлетико Мадрид.
Шпанските медиуми тврдат дека Де Хеа од наредната сезона се враќа меѓу стативите. Според овие извори тој ќе брани за Бетис. Ќе потпише договор со клубот од Севилја кога ќе започне преодниот рок.
Бетис моментално се седми на табелата во Примера.
Спорт
Баерн преговара и со селекторот на Австрија
Фудбалскиот клуб Баерн веќе два месеци го бара наследникот на Томас Тухел, а сега почнале преговори со Ралф Рангник, пренесува германскиот новинар на „Скај Спорт“, Флоријан Плетенберг.
Баварците се во потрага по нов шеф на стручниот штаб кој би го тимот од Тухел по завршувањето на сезоната. Затоа почнале преговори со Рагник, кој е селектор на Австрија со која ќе настапи на ЕУРО 2024. Новинарот потенцира дека многу работи би треабло да се поклопат за Рангник да дојде во Минхен.
Плетенберг пренесува дека е воспоставен контакт со Рагник откако станало јасно дека преговорите за враќање на Јулијан Нагелсман пропаднале кога тој потпиша нов договор со Германскиот фудбалски сојуз, а Баерн сака што поскоро да го претстави новиот тренер.
Договорот на Рагник со Австрискиот фудбалски сојуз е до Светското првенство во фудбал во 2026 година, но може да биде раскинат со соодветна отштета. Доколку челниците на Баерн успеат да се договорат со 65-годишниот стручњак, парите не би требало да бидат проблем.
Дополнително, Де Зерби и Зинедин Зидан се уште се кандидати за клупата на Баерн.
Спорт
Ѓоковиќ: Сакам да учествувам и на ОИ во 2028 година
Новак Ѓоковиќ го искористи петтото прогласување за најдобар спортист на планетата за да ги открие своите идни планови.
Српскиот тенисер, на новинарите во Мадрид им откри дека се ште не размислува за пензионирање.
„Мојата најважна цел годинава е златен медал на Олимписките игри во Париз. Верувам дека е можно, да не верувам, немаше ни да играм. Секогаш мора да верувате дека се е можно во животот. Којзнае дали повторно ќе имам таква шанса. Сакам да учествувам на Игрите во Лос Анџелес во 2028 година, но никогаш не се знае што ќе се случи.
Тој објасни и зошто решил да не игра на Мастерсот во Мадрид.
„Го подготвувам своето тело за Ролан Гарос, Вимблдон, Игрите и Ју-ес Опен и овој период е исклучително важен за мене. Планирам за две недели да учествувам на Мастерсот во Рим. Се надевам дека следната година ќе играм во Мадрид. Сè уште сум млад, ми останува уште многу време за игра“, се пошегува Ѓоковиќ, кој за околу еден месец полни 37 години.