Спорт
Милан се спаси од бламажа, па му даде пет на Дуделанж, Тричко го урна Цирих (видео)
До 66. минута на „Сан Сиро“ изгледаше дека Милан е пред еден од најсрамотните порази во својата славна историја – дома губеше со 1:2 од луксембуршкиот клуб Дуделанж во меч од Лига Европа, но за среќа на Џенаро Гатузо, „росонерите“ се „прибраа“ и стигна…
До 66. минута на „Сан Сиро“ изгледаше дека Милан е пред еден од најсрамотните порази во својата славна историја – дома губеше со 1:2 од луксембуршкиот клуб Дуделанж во меч од Лига Европа, но, за среќа, на Џенаро Гатузо, „росонерите“ се прибраа и стигнаа до 5:2 победа.
Сепак, и победата уште не му гарантира на Милан пласман во нокаут-фазата – тие се на второто место со 10 поени, три повеќе од Олимпијакос, каде што гостуваат во последното коло. Во првиот меч Милан го победи грчкиот тим со 3:1.
Иван Тричковски, пак, влезе како замена и го постигна победничкиот гол на својот АЕК Ларнака за изненадувачки 2:1 триумф на гостувањето кај Цирих. И покрај овој резултат, кипарскиот клуб нема шанси за пласман понатаму.
ЛИГА ЕВРОПА, 5. КОЛО
ГРУПА А
Баер Леверкузен – Лудогорец 1:1
Цирих – АЕК Ларнака 1:2
Табела: Леверкузен 10, Цирих 9, Ларнака 5, Лудогорец 3
ГРУПА Б
Салцбург – РБ Лајпциг 1:0
Розенборг – Селтик 0:1
Табела: Салцбург 15, Селтик 9, Лајпциг 6, Розенборг 0
ГРУПА Ц
Бордо – Славија Прага 2:0
Зенит Санкт Петербург – Копенхаген 1:0
Табела: Зенит 12, Славија П 7, Копенхаген 5, Бордо 4
ГРУПА Д
Фенербахче – Динамо Загреб 0:0
Андерлехт – Спартак Трнава 0:0
Табела: Динамо 13, Фенербахче 8, Трнава 4, Андерлехт 2
ГРУПА Е
Карабаг – Спортинг Лисабон 1:6
Ворксла – Арсенал 0:3
Табела: Арсенал 13, Спортинг 10, Ворксла 3, Карабаг 3
ГРУПА Ф
Милан – Дуделанж 5:2
Реал Бетис – Олимпијакос 1:0
Табела: Бетис 11, Милан 10, Олимпијакос 7, Дуделанж 0
ГРУПА Г
Спартак Москва – Рапид Виена 1:2
Табела: Рапид В 7, Вилјареал 6, Ренџерс 5, Спартак М 5
ГРУПА Ј
Краснодар – Акхисар 2:1
Табела: Краснодар 12, Севилја 9, Лиеж 6, Акхисар 0
ГРУПА К
Астана – Динамо Киев 0:1
Табела: Динамо К 11, Астана 8, Рен 3, Јаблонец 2
ГРУПА Л
БАТЕ – МОЛ Види 2:0
Табела: Челси 12, МОЛ 6, БАТЕ 6, ПАОК 3
МИЛАН – ДУДЕЛАНЖ
ЦИРИХ – АЕК ЛАРНАКА
ВОРКСЛА – АРСЕНАЛ
РОЗЕНБОРГ – СЕЛТИК
БЕТИС – ОЛИМПИЈАКОС
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Ѓоковиќ: Сакам да учествувам и на ОИ во 2028 година
Новак Ѓоковиќ го искористи петтото прогласување за најдобар спортист на планетата за да ги открие своите идни планови.
Српскиот тенисер, на новинарите во Мадрид им откри дека се ште не размислува за пензионирање.
„Мојата најважна цел годинава е златен медал на Олимписките игри во Париз. Верувам дека е можно, да не верувам, немаше ни да играм. Секогаш мора да верувате дека се е можно во животот. Којзнае дали повторно ќе имам таква шанса. Сакам да учествувам на Игрите во Лос Анџелес во 2028 година, но никогаш не се знае што ќе се случи.
Тој објасни и зошто решил да не игра на Мастерсот во Мадрид.
„Го подготвувам своето тело за Ролан Гарос, Вимблдон, Игрите и Ју-ес Опен и овој период е исклучително важен за мене. Планирам за две недели да учествувам на Мастерсот во Рим. Се надевам дека следната година ќе играм во Мадрид. Сè уште сум млад, ми останува уште многу време за игра“, се пошегува Ѓоковиќ, кој за околу еден месец полни 37 години.
Спорт
Крај на сезоната за Де Јонг
Фудбалерот на Барселона Френки де Јонг го повреди скочниот зглоб на натпреварот против Реал Мадрид. Холанѓанецот во финишот на првото полувреме, со помош на лекарскиот тим го напушти теренот.
Барселона ја потврди повредата на Де Јонг без да прецизира колку време ќе биде надвор од терените.
Каталонските медиуми објавија дека Холанѓанецот ќе отсуствува пет недели, што значи дека оваа сезона за него заврши.
Според истите извори, 26-годишниот холандски репрезентативец би требало да биде подготвен за Европското првенство кое е закажано од 14 јуни до 14 јули.
Холандија на ЕП ќе игра во групата Д со Франција, Полска и Австрија.
Спорт
(Видео) Филаделфија за 30 секунди испушти +5 – Њујорк во серијата води со 2:0
Њујорк Никс во нестварна завршница успеаја да ја совладаат Филаделфија со 104:101 и поведоа со 2-0 во серијата.
На Филаделфија не и помогна тоа што имаа водство од 101:96 на 30 секунди пред крајот на четвртата четвртина… Сепак, тогаш Брансон погоди тројка од дриблинг, а во следниот напад Донте ДиВинченцо покажа зошто тој е еден од најдобрите шутери во оваа сезона во НБА и тој погоди тројка.
На крајот, Тајрис Макси промаши, а Оу-Џи Ануноби од линијата за слободни фрлања го постави конечниот резултат 104:101. Џоел Ембид се обиде во последната секунда од тешка позиција, но не успеа да му донесе продолжение на својот тим.
Во демонстрација на физички напорна кошарка, која често недостасува во текот на регуларниот дел, беа забележани многу дуели кои беа полни со физички контакти.
Според американските медиуми, Сиксерси не биле задоволни од судењето, па ќе поднесат официјална жалба до раководството на НБА.
Џејлен Брунсон беше најефикасен кај победниците со 24 поени, но со очаен шут од поле – 8/29. Тој забележа и осум скока и шес асистенции. Џош Харт ги одигра сите 48 минути за тимот на Том Тибодо и за тоа време забележа 21 поен (7/16 од поле), 15 скока и три асистенции.
Донте ДиВинченцо додаде 19, Ајзеаа Хартенштајн 14, а Оу-Џи Ануноби 10 поени во тимот за кој, да потсетиме, поради повреда не настапува Џулиус Рендл.
Филаделфија го доби во нападот она што го бара од двајцата најдобри играчи, но целосно потфрли остатокот од екипата. Тајрис Максинатпреварот го заврши со 35 поени (12/22 од поле), девет скока и 10 асистенции.
Џоел Ембид одигра 39 минути и покрај тоа што се уште не е целосно закрепнат од повредата на коленото и имаше 34 поени (12/29 од поле, 8/12 слободни фрлања), 10 скока и шест асистенции.