Спорт
Мијатовиќ: Модриќ е најдобриот фудбалер во историјата на Балканот
Предраг Мијатовиќ, легендата на Реал Мадрид и на фудбалот на поранешна Југославија, во интервју за хрватскиот „Индекс“ вели дека „круната“ на најдобар фудбалер во историјата на Балканот може да ја понесе само Лука Модриќ.
Мијатовиќ, кој останува во срц…
Предраг Мијатовиќ, легендата на Реал Мадрид и на фудбалот на поранешна Југославија, во интервју за хрватскиот „Индекс“ вели дека „круната“ на најдобар фудбалер во историјата на Балканот може да ја понесе само Лука Модриќ.
Мијатовиќ, кој останува во срцето на навивачите на Реал како човекот кој во 1998 година го постигна победничкиот гол против Јувентус во финалето на Лигата на шампионите, вели дека сегашната ѕвезда на Реал, Модриќ е пред сите.
„За цел свет ова што го прави Хрватска на СП е неверојатно, но мене не ме изненадува, бидејќи имам привилегија да ги имам информациите од прва рака. Секојдневно сум во контакт со Лука и знам низ што поминува. Хрватска има фудбалери за финале, фудбалери кои се носители на играта во големите клубови во Шпанија, Англија, Германија и Италија. Лука го чувствува притисокот од резултатот од 1998 година. Тој човек заслужува многу со своите игри во Реал и во репрезентацијата, но и со карактерот и добрината. Не знам дали е подобар како фудбалер или како човек. На првенството покажа дека е најдобриот играч за врска на планетата во моментов. Нема да биде погрешно да се дојде до заклучок дека во историјата на вашата држава, нашата држава и целиот Балкан, Лука Модриќ е најдобриот фудбалер од овие простори“, вели Мијатовиќ.
Не можеше да се заобиколи и прашањето за Кристијано Роналдо, кој по девет години замина од Реал за да потпише со Јувентус.
„Лично, повеќе би сакал Роналдо да останеше во Реал, но тоа беше негова одлука. Заврши една етапа за него и за нас и ќе ни недостасува, но тоа е негов избор. Кој ќе дојде на негово место? Не сум сигурен. Тешко е да се најде фудбалер како Роналдо“, додава Мијатовиќ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Абердин ќе бара 8.000.000 фунти за Миовски
Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски, во летниот преоден рок ќе го напушти Абердин. Шкотските медиуми пишуваат дека интерес за Македонецот покажале великаните не само на шкотскиот туку и на европскиот фудбал, Ренџерс и Селтик. Според овие извори поголем интерес постои кај „полицајците“.
Глазгов Ренџерс подолг период внимателно го следи Миовски, кој ја игра најдобрата сезона во кариерата. Во сите натпреварувања, Миовски одигра 48 натпревари, постигна 24 гола.
Цената која треба да ја издвојат заинтересираните клубови изнесува 8.000.000 фунти.
Покрај Ренџерс и Селтик, интерес за Миовски наводно има и кај Феенорд. Актуелниот освојувач на Купот на Холандија, бара замена во нападот за Мексиканецот Хименес, кој извесно е дека ќе го напушти клубот.
Спорт
Наз Рид најдобра резерва во НБА лигата
Центарот на Минесота Тимбервулвс, Наз Рид, ја доби нагрдата за најдобар шест играч во НБА лигата.
Рид, од експертите добил 352 гласа, десет повеќе од бекот на Сакраменто Кингс, Малик Монк.
Наз Рид, во регуларниот дел од сезоната имаше просек од 13,5 поени, 5,2 скока и 1,3 асистенции во 81 одигран натпревар. На 67 натпревари тој влегуваше од клупата, како замена за Руди Гобер или Карл Ентони Таунс.
Тимбервулфс на крајот го освоија третото место во Западната конференција со скор од 56 победи и 26 порази.
Во четврток ќе биде доделена наградата „Клач играч на годината“, односно играч кој бил најдобар во клучните моменти, тука финалисти се Стеф Кари, Демар Дерозан и Шеј Гилџис-Александер.
Наградата за тренер на годината се доделува во недела, а меѓу финалистите се Мајк Дагно од Оклахома, Крис Финч од Минесота и Џамал Мозли од Орландо.
Спорт
ФА го казни Компани
Менаџерот на Барнли, Винсент Компани е казнет од челниците на Фудбалската асоцијација на Англија (ФА).
Причината за казната е неговото однесување на натпреварот од Премиер лигата со Челзи на „Стемфорд Бриџ“.
Компани неколку пати го нарекол судијата Дарен Ингланд „е.ен измамник“, откако претходно досуди пенал за Челзи во 40. минута.
Поради непримерното однесување Компани доби црвен картон.
Компани ќе треба да плати 10.000 фунти и нема да може да го води тимот во два натпревари.