Спорт
Млади фудбалери од ФК Вардар учесници во проектот „Фудбал за пријателство“
Во рамките на почетокот на 7. сезона на меѓународниот детски општествено одговорен проект „Фудбал за пријателство“, под покровителство на компанијата „Газпром“ АД, како дел од почетокот на локалните активности поврзани со овој проект беа избрани млади амбасадори – учесници во проектот. Во годинешната сезона на проектот учество ќе земат млади фудбалери од Младинската фудбалска школа на ФК Вардар – Милош Спасовски (играч од одбрана), Борјан Томовски (играч од средина на теренот) и Лука Јаневски (голман), а заедно со нив дел од македонската делегација ќе биде и Калина Василевска (млад новинар).
Македонските учесници во годинешната сезона на проектот, како делегација од Република Северна Македонија, ќе патуваат во Мадрид (Шпанија) и ќе бидат дел од завршните активностите на „Фудбал за пријателство“: меѓународниот турнир во мешани детски тимови на пријателството, меѓународниот детски прес-центар, од кој ќе известуваат младите новинари, Школата за деветте клучни вредности на проектот и меѓународниот форум „Фудбал за пријателство“. Во рамките на овие активности македонските млади амбасадори ќе имаат можност заедно со свои врсници – деца на возраст од 12 години од земји во светот, да ги споделат своите искуства за промовирање и поттикнување мир, пријателство, еднаквост, традиција и други суштински вредности што треба да ги следиме и според кои треба да работиме, особено кога станува збор за колективните тимски напори, како фудбалот и спортот во целина.
Заедно со нив дел од делегацијата што ќе ја претставува Македонија во рамките на овој проект е и заменик-извршниот директор на ФК Вардар и директор на тренинг-кампот, г. Кирил Кироски.
„Ни претставува задоволство втора година по ред да сме дел од овој интернационален проект наменет за новите генерации во светот, кој има цел да ги поттикне младите да практикуваат спортски активности и на овој начин да шират позитивни човечки вредности помеѓу своите врсници и пошироко. Младинската фудбалска школа при ФК Вардар го поддржува и стимулира негувањето пријателство, еднаквост и мир помеѓу нејзините учесници во рамките на теренот и пошироко вложувајќи во нив и како идни професионални фудбалери и како личности – пример за другите. Верувам дека нашите млади фудбалери и оваа година ќе нè претстават во одлично светло“, изјави г. Кирил Кироски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Милик му обезбеди финале во Купот на Јувентус
Фудбалерите на Јувентус загубија од Лацио во Рим со 2:1, во вториот натпревар од полуфиналето на Купот на Италија. И покрај поразот Јувентус се пласира во своето 22. финале во Купот. Пресуди првиот меч кој Јувентус го доб со 2:0.
Лацио многу подобро го започна натпреварот, веќе во 12. минута поведе. Валентин Тати Кастеланос погоди на асистенција на Луис Алберто.
До крајот на првото полувреме немаше промена на резултатот.
Кастељанос погоди и во 49. минута, а асистент уште еднаш беше Луис Алберто – 2:0.
Се чинеше дека дуелот ќе оди во продолженија, но Јувентус успеа да се извлече во финишот.
Акрадиуш Милик, во 83.минута, во првиот контакт со топката намали на 2:1. Полјакот влезе на теренот на местото на Влаховиќ.
Јувентус во финалето го чека подобриот од дуелот меѓу Фиорентина и Аталанта.
Тимот од Фиренца успеа да слави на првиот натпревар со 1:0, реваншот е утре во Бергамо.
Финалето е на програмата на 15.мај.
Спорт
(Видео) Арсенал го декласира Челси
Арсенал го декласира Челси во заостанатиот натпревар од 29.коло во Премиер лигата. во градската пресметка со 5:0. „Тобџиите“ дојдоа до 77 бода, први се на табелата, имаат три бода повеќе од Ливерпул и три од Манчестер сити, но црвените имаат еден, а „граѓаните“ два натпревари помалку.
Арсенал во градската пресметка ги декласира „сините“ во второто полувреме. Првиот дел заврши со 1:0, со голот што го постигна Торсар во четвртата минута.
Во вториот дел се случи канонада кон глот на Челси. Вајт погоди во 52 минута, потоа Хаверц постигна два гола во 57. и 65.минута, а серијата ја заврши Вајт во 70.минута.
Спорт
Брејк на Макаби во Атина
Плеј-офот во кошаркарската Евролига започна со брејк на Макаби во ОАКА арената во Атина. Макаби го победи Панатинаикос 91:87.
Панатинаикос го контролираше натпреварот 32.минути, неколку пати зелените имаа предност од 12 поени, но не успеаја да го решат натпреварот.
Трагичар е Костас Слукас кој на 20 секунди до крајот продаде топка, а Џош Нибо од линијата за слободи го постави конечниот резултат. До тој момент Слукас одигра совршен натпревар (12 поени, 13 скокови, без загубена топка).
Најдобриот учинок во редовите на Макаби го имаше Бонзи Колсон, која забележа 18 поени со два скока, а го следеа Лоренцо Браун со 16 поени, четири скока и три асистенции, Вејд Болдвин со 15 поени со седум скока. Болдвин поради повреда не играше во последните осум минути.
Двоцифрен беше и Џош Ниебо со 12 поени и осум скока.
Кај Панатинаикос се истакна Матијас Лесор со 22 поени и шест скока, но и очајна реализација на слободните фрлања 4/11, а двоцифрени беа и Џериан Грант и Мариус Григонис со по 11 поени.
Вториот натпревар се игра за два дена исто така во Атина.