Спорт
Национален и меѓународен натпревар во уметничко лизгање на лизгалиштето во „Борис Трајковски“
Скопје викендов ќе биде домаќин на најдобрите лизгачи од регионот кои ќе настапат на третиот национален и меѓународен натпревар во уметничко лизгање Skopje on ICE 2019. Настанот, кој е во организација на Федерацијата за лизгачки спортови на Македонија, ќе се одржи на 22 и 23 февруари (петок и сабота) на лизгалиштето во СРЦ „Борис Трајковски“. Љубителите на уметничкото лизгање ќе имаат можност да уживаат во уметноста на мразот на повеќе од 70 натпреварувачи од Северна Македонија, Србија и Бугарија.
„Нашите очекувања како организатори се овој натпревар да прерасне во традиција, сите спортисти да ги подобрат своите лични резултати, а пред сè да покажеме зрелост, волја и талент и во иднина уметничкото лизгање како спорт да стане традиција. Нашата желба е преку вакви натпреварувања да покажеме дека ни се потребни подобри услови за тренирање на овој спорт преку изградба на затворено лизгалиште“, изјави Цветанка Марковска, претседател на Федерацијата за лизгачки спортови на Македонија.
На Skopje on ICE 2019 ќе учествуваат натпреварувачи на возраст од 5 до 25 години кои ќе бидат поделени во пет категории: кадети, кадети Б и Ц, млади јуниори, јуниори и сениори. Натпреварот ќе биде поделен во два дена. В петок своите вештини на мразот ќе ги покажат учесниците во интерпретативните категории, додека саботата ќе биде посветена на натпреварувачките категории. За значењето на натпреварот говори фактот што ќе се одвива по критериуми и правила стандардизирани од Меѓународната унија на уметничко лизгање (ISU).
Со цел натпреварот да биде достапен за сите кои сакаат да уживаат во уметноста на мразот во СРЦ „Борис Трајковски“, влезот и двата дена ќе биде слободен. Настанот е поддржан од Агенцијата за млади и спорт, како и од повеќе приватни компании.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Реал го обнови интересот за Де Хеа
Поранешниот голман на Манчестер јунајтед, Давид Де Хеа повторно е во плановите на Реал Мадрид. Искусниот 33-годишен голман, кој е без тим од минатото лето кога му истече договорот со „црвените ѓаволи“, повторно се поврзува со Реал, кој сака да го донесе во своите редови, пишува „Релево“.
Де Хеа требаше да дојде во Реал минатото лето, по повредата на Тибо Куртоа, но на крајот клубот на општо изненадување реши да го позајми Кепа Аризабалега од Челзи.
Сепак, тој не успеа да ги импресионира клупските челници, по завршувањето на сезоната ќе се врати во Челси, а се очекува да си замине и Андриј Лунин, кој сезонава брани во врвна форма.
Луни бара нов клуб каде што ќе биде прва опција, бидејќи не сака да му биде резерва на Куртоа. Прашање е дали Де Хеа ќе се согласи да биде резервен голман.
Спорт
Ларкин од еден се сели во друг крај на Истанбул
Шејн Ларкин е еден од кошаракрите чии договор истекува на крајот од сезоната.
Американецот, пет сезони го носи дресот на Ефес. Со овој клуб освои две титули во Евролигата.
Ларкин ја има најголемата плата во Евролигата. Годишно тој заработува четири милиони евра.
Прашање е дали Ефес ќе му понуди нов договор на 31-годишниот Американец.
Наводно, целата ситуација внимателно ја следат од другиот крај на Истанбул. Фенербахче е заинтересиран да го донесе Ларкин од наредната сезона.
Фенербахче не е единствениот клуб кој покажува интерес за Ларкин, но според медиумите води во трката за неговиот потпис.
Оваа сезона Ларкин има 17 поени по натпревар, 5,2 асистенции, три скока и 1,1 украдена топка.
Спорт
Ѓоковиќ: Горан е член на семејството, пријател
Ден по веста дека Новак Ѓоковиќ и Горан Иванишевиќ ја прекинаа соработката, српскиот тенисер тренираше во Белград, во Кошутњак со Ненад Зимоњиќ.
Хрватските медиуми во Белград, се обидоа да добијат дополнителни одговори, зошто тенисерот и тренерот ја прекинаа соработката.
Ѓоковиќ се подготвува за Мастерсот во Монте Карло.
Српскиот ас не сакаше да дава дополнителни коментари на актуелната тема, но љубезно им се заблагодари на сплитските новинари.
„Сега не можам ништо да коментирам, извинете што нема да ви го дадам тоа што го барате, но ви благодарам што дојдовте. Добредојдени сте да останете овде, но јас и Горан ја завршивме нашата соработка. Ја видовте објавата, така што…“, рече Ѓоковиќ и додаде.
„Горан е член на семејството, пријател засекогаш и така ќе биде. Професионално едноставно се разделивме, направивме историски резултат – најтрофејниот играч и тренер досега, па мислам дека се е кажано во тоа смисла“.