Спорт
„Најлошиот“ британски боксер во пензија, станува месар (видео)
Најлошиот британски боксер, „Рокин“ Робин Дикин, конечно, реши да се пензионира откако победи на само 2 меча во својата 12-годишна професионална кариера, а загуби дури 53 пати.
Дикин имаше одличен почеток на кариерата, откако победи во своето деби во 2…
Најлошиот британски боксер, „Рокин“ Робин Дикин, конечно, реши да се пензионира откако победи на само 2 меча во својата 12-годишна професионална кариера, а загуби дури 53 пати.
Дикин имаше одличен почеток на кариерата откако победи во своето деби во 2006 година, но сега, по 2-53 скор вели дека „му е доста да го удираат“. Тој имаше неверојатна низа од 50 порази, пред да стигне до втората победа во 2015 година. По уште два порази, тој вели дека се враќа на својата друга кариера, како месар.
„Објавувам дека се повлекувам откако не бев успешен и загубив многу мозочни келии. Веќе не можам. Боксував против најдобрите во Британија и на светот, но кариерата не ми беше најдобра. Горд сум што направив нешто што никој друг не можеше. Благодарам на сите кои беа против мене, но и на тие кои ме сакаа. Едноставно, веќе не сакам да ме удираат“, вели Дикин.
Тој беше толку лош што Британскиот боксерски совет (БББЦ) реши да му ја одземе лиценцата поради загриженост за неговото здравје, а не успеа да обезбеди дуел со Конор Бен, боксер кој се потсмеваше со неговите „квалитети“ и со неговата физичка мана – роден е со повредено стапало. Дикин вели дека мора да внимава на семејството.
„Боксот е безбеден спорт, но ако не тренираш ќе те повредат. Имам семејство и морам да им обезбедам сè што можам“, вели Дикин.
Тој исто така го предизвика УФЦ „воинот“ Конор Мекгрегор на меч велејќи дека барем има повеќе победи од него во рингот – Ирецот го загуби единствениот боксерски меч во кариерата од Флојд Мејведер Јуниор минатата година.
I retired with more wins than #conorMcgregor. I’ll come out of retirement for him or #Benn Conor McGregor the worst in Ireland Vs the worst in Britain let’s have it ?
— Robin Deakin (@rockinrobinbox6) March 14, 2018
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Бакс без Јанис во првото коло од плеј-офот
Милвоки Бакс се соочува со значителен проблем пред почетокот на плеј-оф серијата во која ривал ќе им биде Индијана Пејсерс. Бакс нема да може да смета на Јанис Адетокумбo.
Како што пренесе Шамс Чаранија, Адетокумбо ќе мора да паузира од две до четири недели поради повредата на потколеницата со која се здоби на натпреварот против Бостон Селтикс.
Овие првични проценки за повреди секако значат дека Адетокумбо сигурно ќе го пропушти првото коло од плеј-офот и натпреварите со Индијана.
Плеј-офот за Бакс започнува ноќта помеѓу недела и понеделник, а тие се домаќини во првиот натпревар.
Спорт
Ивановиќ ќе добие отказ во Басконија
Кошаркарите на Басковнија, вечерва (20.30 часот) го играат решавачкио натпревар во Евролигата. Доколку го победат Виртус ќе играат во плеј-оф против Реал Мадрид.
Прашање е дали пласманот во плеј-офот може да ја спаси сезоната, бидејќи Басконија „виси“, кога е во прашање плеј-офот во домашното првенство. Во шпанското првенство се на прагот на плеј-офот.
Шпанските медиуми пишуваат дека Душко Ивановиќ би можел да ја напушти Басконија. Црногорскиот тренер го одработува четвртиот мандат во клубот. Пристигна во текот на сезоната од Црвена звезда.
Замена за Ивановиќ би требало да биде актуелниот тренер на Гран Канарија, Јака Лаковиќ, кој има клаузула во договоорт дека може да замине во тим што настапува во Евролигата.
Локалниот медиуми, „Ла Провинсија“ наведува дека Лаковиќ е првиот избор на баскискиот тим за следната сезона. Овој извор пишува дека Басконија ќе треба да плати одредена сума за да го нагажира Лаковиќ.
Лаковиќ лани со Гран Канарија го освои Еврокупот, претходно тој беше тренер на Улм.
Спорт
„Мундо депортиво“: Зидан се договорил со Баерн Минхен
Зинедин Зидан ќе биде новиот тренер на Баерн Минхен, пренесува каталонскиот „Мундо Депортиво“. Зидан е без работа откако го напушти Реал Мадрид пред три години.
„Дознаваме дека преговорите се при крај, дури и двете страни сметаат дека се е готово и практично завршено. Зидан само побарал да му се доведат засилувања, особено во одбраната“, тврдат овој извор.
Зидан планираше да стане селектор на Франција, но Дидие Дешамп и понатаму останува на таа позиција. Од друга страна, Баерн, кој по 11 години остана без титулата германски шампион, сакаше да го доведе германскиот селектор Јулијан Нагелсман, но тој го продолжи договорот до 2026 година.
Претходно ПСЖ и Манчестер јунајтед се обидоа да го доведат Зидан, но тој ги одби нивните понуди.
Зидан, 51-годишникот од Марсеј, освои три ЛШ со Реал Мадрид, две шампионски титули на Шпанија, по два УЕФА и шпански Суперкупа, две титули на Светското клупско првенство…