Контакт

Домашен

На планинарската трка во Охрид пријавени 151 учесник од 15 земји

Објавено пред

Вкупно 151 учесници од 15 земји ќе бидат дел од првото издание на планинарска трка „Охрид треил“, која ќе се одржи на 25 мај на планината Галичица и во градот Охрид. Учеството на големата трка од 60 километри го имаат потврдено 57 натпреварувачи, а 94 натпреварувачи ќе се појават на стартот од малата трка на 35 километри. Стартот на големата трка е од Св. Наум во 8 часот, а малата ќе почне од автокампот „Елешец“ во 10 часот. Финишот на двете трки е на кејот „Македонија“.

dobivaj vesti na viber

Пред медиумите и спортската јавноста за значењето на „Охрид треил“ и неговите бенефити зборуваше градоначалникот на Охрид, Константин Георгиевски.

„Како голем љубител на природата и спортот и како активен планинар ми преставува голема чест што можам да го најавам првото издание на ‘Охрид треил’. Овој настан, освен што ќе послужи за поттикнување на спортот, ќе има цел да ги промовира и афирмира природните убавни на Охрид и планината Галичица. Сметам дека ‘Охрид треил’ значително ќе ја збогати туристичката понуда во нашиот град во насока на алтернативните форми на туризам надвор од летната сезона. Верувам во капацитетите и способностите на луѓето вклучени во организацијата на оваа спортска приказна и убеден сум дека ‘Охрид треил’ ќе биде исклучително квалитетно организиран и ќе бидат земени во обѕир сите современи стандарди и практитки за ваков вид настани. Исто така, убеден сум дека ‘Охрид треил’ ќе донесе едно незаборавно искуство за сите учесници и дека овој настан ќе прерасне во традиоционален. Општина Охрид и јас како градоначалник секогаш ќе бидеме отворени за соработка и за поддршка на ваквите инвентивни и креативни идеи и настани, кои ќе донесат развој на Охрид во неколку полиња“, изјави Георгиевски.

Почеток на едно ново спортско поглавје во Охрид најави првиот човек на Асоцијацијата нспортовите „Спорт за сите – сите за спорт“, која во партнерство со Планинарското здружение „Трекс“ го организира „хрид треил’

„Со особена чест ви го најавуваме првото издание на планинската трка ‘Охрид треил’, која верувам дека ќе биде многу интересна и возбудлива и ќе се одржува уште многу години и ќе го лансира Охрид на врвот од спортовите на планина. ‘Охрид треил’ ќе биде мини издание на ‘Ајрон мен’ и ние со големо задоволство го организираме и ќе го организираме“, рече Цветкоски.

За техничкиот дел зборуваше Игор Јованоски, кој ги повика охриѓани да дојдат во што поголем број на финишот и во текот на целата трка иако се одвива во планина.

„Трката на 60 километри, која почнува во 8 часот, го опфаќа целиот гребен на планината Галичица и се минува низ најинтересните делови од планината, а малата трка, која стартува од автокампот ‘Елешец’, во 10 часот ќе ѝ се приклучи на групата од голема трка. Финишот на две трки е на кејот „Македонија“. Победникот на малата трка се очекува да пристигне за три и пол часа, а најдобриот во големата трка за шест и пол часа. Во име на целата организација ги повикувам сите да дојдат и да ги бодрат учесниците. Поддршката со оглед на квалитетот и должината на трката е повеќе од потребна не само на финишот туку во текот на целата трка“, потенцира Јованоски.

Целата организација најголем акцент стави на безбедноста на натпреварувачите. Патеката е обележана со посебни маркички, вкупно 60 волонтери ќе има на прагот од целата трка, а за здравјето на учесниците ќе се грижи Планинарската спасителна служба.

„За потребите на две трки се ангажираат 60 волонтери и би сакал јавно да им изразам благодарност бидејќи тие се главниот носител на овој настан. Волонтерите доаѓаат од цела Македонија и се работи за искусни планинари. За безбедноста на планинарите ќе се грижи Планинската спасителна служба, која е одлично организирана и професионална. Наша најголема грижа е безбедноста и тука ставаме најголем акцент. Натпреварувачите ќе ги почитуваат нашите инструкции и ќе имаме феноменална трка“, додаде Цветскоски.

Временскиот лимит на трката за 60 километри изнесува 15 часа, а за малата 9 часа.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Домашен

Денеска во Прилеп 11. планинска трка „Крали Марко Треилс“

Објавено пред

Во Прилеп денеска ќе се одржи 11. трка во планинско трчање „Крали Марко Треилс“. Од 250-те пријавени учесници, 78 отсто се од земјава, а останатите 50-тина се од други 12 држави, најмногу од регионот: Србија, Косово, Грција, Албанија,… На трката ќе учествуваат повеќето од најбрзите македонски планински тркачи, репрезентацијата во планинско трчање на Србија, како и поранешната шампионка на Шведска во 100 километарски ултра маратон Лиса Ринг.

dobivaj vesti na viber

„Крали Марко Треилс“ предвидува две трки со различни должини. Пократката, долга 18 километри, е најстарата и најпопуларна планинска трка во државава, наречена „Трескавец Треил“. Почнува од Варош во Прилеп и преку Марковите Кули и пејсажните ритчиња ги води 160-те натпреварувачи кон манастирот Трескавец, а потоа назад во Прилеп.

Подолгата трка, „Камена Баба Треил“, долга 35 километри, исто така почнува од Варош и ја следи патеката до манастирот Трескавец, но оттаму продолжува низ карпести предели преку Камена Баба. За неа се пријавени 80-тина планински тркачи.

Настанот е во организација на здружението ТРЕКС од Скопје и е наменет за рекреативни, аматерски и професионални спортисти со различно ниво на физичка подготвеност.

Прикажи повеќе...

Домашен

(Видео) Бугарски навивачи се судрија со полицијата на стадион: фрлаа со предмети, па следуваше апсење

Објавено пред

Бугарски навивачи се судрија со македонската полиција на арената „Тодор Проевски“ каде се игра натпреварот Шкупи (Македонија) и Левски Софија (Бугарија).

dobivaj vesti na viber

Турканицата продолжи со вадење на ремени од страна на навивачите и фрлање предмети како што се лименки пива, сокови и слично. По ова, имаше и неколкумина уапсени. Полицијата ги извади од стадионот и однесе со комбиња во станица.

„Макфакс“ контактираше со МВР од каде проверуваат зошто дошло до судирот, како и, како е постапено со уапсените лица.

Ова е втор инцидент. Претходно, во Чаир, беа каменувани два автомобили со бугарски натпреварувачи. На ова претходеа низа провокации на социјалните мрежи и телевизиски изјави со навредувачки пароли за Македонија. Навредувачки навивачки песни, се пееа и на трибините.

Прикажи повеќе...

Домашен

(Видео) Оформен предмет за полицаецот кој со пендрек го нападна Талески: Имало турканица, службеник преземал и физички мерки

Објавено пред

МВР отвори предмет против полицаецот кој со пендрек го удри ракометарот Филип Талески, за да се утврди зошто се решил на таков потег и дали ќе следи казна. Чинот наиде на лавина коментари во јавноста и осуда. Досега, во МВР не е поднесена пријава за ударот на Талески.

dobivaj vesti na viber

„По завршување на спортскиот натпревар, поради меѓусебна турканица на неколку ракометари од двете екипи на терен, најнапред реагираше обезбедувањето на натпреварот, а потоа од страна на еден полициски службеник од полициската станица од општа надлежност Охрид преземени се физички мерки. По службена должност Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР оформи предмет и презема мерки за целосно расчистување на случајот, велат од МВР за „Макфакс“.

Тие додаваат дека пријава досега не добиле.

„По вчера одиграниот ракометен натпревар КУП на Македонија-финале помеѓу ракометните екипи „Еурофарм Пелистер“ од Битола и „Вардар“ од Скопје, во СВР Охрид не е поднесена преставка, поплака или друг вид на пријава од ракометари, делегати или други официјални спортски претставници против полициски службеници кои извршуваа обезбедување на натпреварот што го следеа околу 4000 лица“, додава МВР.

(Видео) Ракометарот Талески удрен со пендрек од полицаец во Охрид, за време на натпреварот со „Пелистер“

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија5 часа

ВМРО-ДПМНЕ ги утврди пратеничките листи за изборите: „Се работи за луѓе со кредибилитет, искусни и енергични“

Извршниот и Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ одржаа седница на која беа усвоени пратеничките листи на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за претстојните...

Македонија6 часа

Села оди во коалиција со Ахмети

На седница на Централното собрание на крилото на Алијансата за Албанците предводено од Зијадин Села, беше одлучено да коалицираат со...

Македонија7 часа

Македонија треба да и’ врати 2,2 милиони евра на Европската Комисија кои биле злоупотребени преку „Еразмус“

Европската канцеларија за борба против измами (ОЛАФ) бара Македонија да врати 2,2 милиони евра злоупотребени преку програмата „Еразмус+“. Директорот на...

Македонија9 часа

Вработените во „Еуроникел“, кои останаа без работа, ќе добијат можност да се вратат во фабриката, новите газди со производството почнуваат во јуни

Речиси 600 вработени во кавадаречката фабрика „Еуроникел индустри“ ќе добијат можност повторно да се вратат на работа во следните 90...

Македонија10 часа

Тошковски: Приведен е и трет осомничен во врска со убиството на лекарот во скопска Железара

Техничкиот министер за внатрешни работи, Панче Тошковски, денеска изјави дека е приведено уште едно лице во врска со убиството на...

Економија11 часа

Трендафилов најави неколку протести: Во вторник ќе ги охрабриме судиите да ја преиначат срамната пресуда за конфискација на Работничкиот дом

Претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов, денеска, на прес-конференција, за 2 април најави протест, кој ќе почне пред седиштето на ССМ...

Топ12 часа

Го оградил државното земјиште зад Поликлиниката „Бит-пазар“ и наплаќал за приватен паркинг: кривична за скопјанец

Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против А. Р. (62) од Скопје и против...

Македонија12 часа

(Видео) „ДПМНЕ и Тошковски ја загрозуваат безбедноста на граѓаните“, вели Талевски

„Два месеца откако ВМРО-ДПМНЕ го презеде раководењето со Министерството за внатрешни работи, безбедносната состојба во Прилеп никогаш не била полоша....

Економија13 часа

„Растот на платите со кои се фали Битиќи е лага, платите се стопија со порастот на трошоците на живот“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„Уште една голема манипулација на СДСМ кои се во очај! Во отсуство на било какви економски резултати, Фатмир Битиќи на...

Македонија15 часа

Ванковска: Преспанскиот и бугарскиот договор се колонизаторски договори

Професорката Билјана Ванковска и претседателски кандидат на Левица во Фејсбук статус истакнува дека има разочарани млади луѓе кои мислат дека...

Свет16 часа

Масовен руски напад врз Харков: Бомби паѓаа цела ноќ, две лица загинаа

Во текот на ноќта руските војници гранатираа 17 населени места во областа Херсон, при што загинаа две лица, а четворица...

Свет16 часа

Две тела пронајдени во автомобил под урнатиот мост во Балтимор, паднале од височина од 50 метри во водата

Полицијата во американската сојузна држава Мериленд објави дека две тела биле пронајдени во автомобил во реката Патапско, каде што мостот...

Македонија16 часа

Целосен молк од страна на Пендаровски, Ковачевски и СДС за улогата и начинот на ангажирање на спорниот странски консултат Асаф Еисин, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Целосен молк од страна на Пендаровски, Ковачевски и СДС за улогата и начинот на ангажирање на спорниот странски консултат, Асаф...

Регион16 часа

Потрагата по Данка Илиќ продолжува трет ден, се проверуваат телефоните на родителите

И покрај прекинатата теренска потрага по Данка во Бањско Поле и околината, полицијата продолжува со интензивна оперативна работа за утврдување...

Свет17 часа

Путин: Обвинувањата дека Русија ќе ја нападне Европа по Украина се целосна глупост

Рускиот претседател Владимир Путин ги осуди обвинувањата на Западот дека Русија планира да се бори против Европа. Ги нарече „целосна...

Свет17 часа

Маж во Илиноис уби четири лица и избоде петмина, нападот траел 20 минути

Четири лица загинаа, а пет се повредени во напад во Рокфорд, Илиноис, додека 22-годишен осомничен е уапсен. Полицијата, исто така,...

Македонија1 ден

Турската демократска партија се приклучува на Европскиот фронт, Ахмети: Овој сојуз е историски

По потпишувањето на коалицијата за Европскиот фронт со ДПА на Мендух Тачи, Народното движење на Скендер Реџепи Зејд, ПДЕ на...

Македонија1 ден

Тошковски: Ќе сторам сè МВР да гарантира организирање на безбедни избори

Денеска министерот за внатрешни работи Панче Тошковски присуствуваше на панел дискусија „Зајакнување на соработката помеѓу институциите за проценка на изборните...

Македонија1 ден

Дисциплински постапки за петмина полицајци за пукањето пред тетовската болница

Поднесени се две две кривични пријави од СВР Тетово против М. Т., полициски службеник во Полициската станица за граничен надзор...

Македонија1 ден

ГРОМ, Интегра и ПЦЕР се здружија: коалицијата „Храбро за Македонија“ нема да поддржи уставни промени ниту пред ниту по изборите

Политичките партии Граѓанската опција за Македонија (ГРОМ), Интегра и Партијата за целосна еманципација на Ромите (ПЦЕР) денес се здружија во...