Спорт
Не оди без Харден, нов пораз на Хјустон (Видео)
Финалистите во Западната конференција во минатата сезона, Хјустон Рокитс, продолжија со лошите изданија од почетокот на новата сезона. Хјустон има само една победа во првите шест натпревари, а четвртиот пораз во низа го доживеаја измината ноќ од Портла…
Финалистите во Западната конференција во минатата сезона, Хјустон Рокитси, продолжија со лошите изданија од почетокот на новата сезона. Хјустон има само една победа во првите шест натпревари, а четвртиот пораз во низа го доживеаја измината ноќ од Портланд 104:85.
Хјустон, без повредениот Џејмс Харден, немаше шанси во натпреварот со Портланд. Гостите, во третиот период, стекнаа предност од 28 поени, со што и го решија прашањето на победникот.
Портланд до победата го предводеа Демијан Лилард и Јусув Нуркиќ со по 22 поена. Репрезентативецот на Босна и Херцеговина имаше и десет скока.
Во отсуство на Харден, Крис Пол беше најефикасен кај Хјустон со 17 поени, а Клинт Капела оствари 14 поени и исто толку скокови.
Бостон Селтикси против Детроит Пистон славеа 108:105 и го забележаа третиот триумф во низа, петти во седмиот меч сезонава. Блескаше Кајри Ирвинг со 31 поени и по пет скока и асистенции. На спротивната страна Блејк Грифин уфрли 24 поени, имаше и 15 скока.
Торонто Репторси ги декласираа колегите од Филаделфија 129:112. Торонто е на седум победи и еден пораз, додека Филалделфија на четири победи и исто толку порази.
Каваи Ленард постигна 31 поен, а Литванецот Јонас Валанчунас реализира 23 поени. Филаделфија ја предводеше Џоел Ембид со 31 поени и 11 скока.
Резултати:
Шарлот Хорнетс-Мајами Хит 125:113
Кливленд Кавалирс-Атланта Хокс 136:114
Орландо Меџик-Сакраменто Кингс 99:107
Мемфис Гризлис-Вашингтон Визардс 107:95
Оклахома Тандер-ЛА Клиперс 120:110
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Реал го обнови интересот за Де Хеа
Поранешниот голман на Манчестер јунајтед, Давид Де Хеа повторно е во плановите на Реал Мадрид. Искусниот 33-годишен голман, кој е без тим од минатото лето кога му истече договорот со „црвените ѓаволи“, повторно се поврзува со Реал, кој сака да го донесе во своите редови, пишува „Релево“.
Де Хеа требаше да дојде во Реал минатото лето, по повредата на Тибо Куртоа, но на крајот клубот на општо изненадување реши да го позајми Кепа Аризабалега од Челзи.
Сепак, тој не успеа да ги импресионира клупските челници, по завршувањето на сезоната ќе се врати во Челси, а се очекува да си замине и Андриј Лунин, кој сезонава брани во врвна форма.
Луни бара нов клуб каде што ќе биде прва опција, бидејќи не сака да му биде резерва на Куртоа. Прашање е дали Де Хеа ќе се согласи да биде резервен голман.
Спорт
Ларкин од еден се сели во друг крај на Истанбул
Шејн Ларкин е еден од кошаракрите чии договор истекува на крајот од сезоната.
Американецот, пет сезони го носи дресот на Ефес. Со овој клуб освои две титули во Евролигата.
Ларкин ја има најголемата плата во Евролигата. Годишно тој заработува четири милиони евра.
Прашање е дали Ефес ќе му понуди нов договор на 31-годишниот Американец.
Наводно, целата ситуација внимателно ја следат од другиот крај на Истанбул. Фенербахче е заинтересиран да го донесе Ларкин од наредната сезона.
Фенербахче не е единствениот клуб кој покажува интерес за Ларкин, но според медиумите води во трката за неговиот потпис.
Оваа сезона Ларкин има 17 поени по натпревар, 5,2 асистенции, три скока и 1,1 украдена топка.
Спорт
Ѓоковиќ: Горан е член на семејството, пријател
Ден по веста дека Новак Ѓоковиќ и Горан Иванишевиќ ја прекинаа соработката, српскиот тенисер тренираше во Белград, во Кошутњак со Ненад Зимоњиќ.
Хрватските медиуми во Белград, се обидоа да добијат дополнителни одговори, зошто тенисерот и тренерот ја прекинаа соработката.
Ѓоковиќ се подготвува за Мастерсот во Монте Карло.
Српскиот ас не сакаше да дава дополнителни коментари на актуелната тема, но љубезно им се заблагодари на сплитските новинари.
„Сега не можам ништо да коментирам, извинете што нема да ви го дадам тоа што го барате, но ви благодарам што дојдовте. Добредојдени сте да останете овде, но јас и Горан ја завршивме нашата соработка. Ја видовте објавата, така што…“, рече Ѓоковиќ и додаде.
„Горан е член на семејството, пријател засекогаш и така ќе биде. Професионално едноставно се разделивме, направивме историски резултат – најтрофејниот играч и тренер досега, па мислам дека се е кажано во тоа смисла“.