Спорт
Новак Ѓоковиќ е „мистер“ Мастерс!
Новак Ѓоковиќ го совлада Роџер Федерер со 6:4/6:4 за да ја освои титулата од Мастерсот во Синсинати, и да стане првиот тенисер кој во својата кариера ги освоил сите девет Мастерс 1000 титули – таканаречениот „златен Мастерс“.
Со победата Ѓоковиќ …
Новак Ѓоковиќ го совлада Роџер Федерер со 6:4/6:4 за да ја освои титулата од Мастерсот во Синсинати и да стане првиот тенисер кој во својата кариера ги освоил сите девет Мастерс 1000 титули – таканаречениот „златен Мастерс“.
Со победата Ѓоковиќ е единствениот кој победил на Мастерс 1000 турнирите во Индијан Велс, Мајами, Мадрид, Рим, Шангај, Торонто/Монтреал, Синсинати и Париз-Берси. Покрај тоа, победата ќе го искачи на третото место на АТП-листата, веднаш зад Рафаел Надал и Федерер. Ова е 24. победа на Ѓоковиќ против Федерер, Швајцарецот имаа 22 победи.
Двајцата тенисери веќе се имаа сретнато трипати во финалињата во Синсинати (2009, 2012 и 2015 година) и трипати победник беше Швајцарецот. Ѓоковиќ, кој оваа година го освои Вимблдон за да се врати на „голема врата“ во елитата на светскиот тенис, направи брејк во првиот сет за водство од 4:3, откако Федерер направи премногу грешки на свој сервис.
Федерер подобро го почна вториот сет и веднаш направи брејк за 2:0 водство, но Србинот веднаш врати во следниот гем за 1:2. Ова како да го изнервира Швајцарецот, кој почна да греши невообичаено на свој сервис и веќе во осмиот гем беше 5:3 за Ѓоковиќ, по што Србинот остана на свој сервис за комплетирање на импресивната победа.
Фото: ЕПА
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Бакс без Јанис во првото коло од плеј-офот
Милвоки Бакс се соочува со значителен проблем пред почетокот на плеј-оф серијата во која ривал ќе им биде Индијана Пејсерс. Бакс нема да може да смета на Јанис Адетокумбo.
Како што пренесе Шамс Чаранија, Адетокумбо ќе мора да паузира од две до четири недели поради повредата на потколеницата со која се здоби на натпреварот против Бостон Селтикс.
Овие првични проценки за повреди секако значат дека Адетокумбо сигурно ќе го пропушти првото коло од плеј-офот и натпреварите со Индијана.
Плеј-офот за Бакс започнува ноќта помеѓу недела и понеделник, а тие се домаќини во првиот натпревар.
Спорт
Ивановиќ ќе добие отказ во Басконија
Кошаркарите на Басковнија, вечерва (20.30 часот) го играат решавачкио натпревар во Евролигата. Доколку го победат Виртус ќе играат во плеј-оф против Реал Мадрид.
Прашање е дали пласманот во плеј-офот може да ја спаси сезоната, бидејќи Басконија „виси“, кога е во прашање плеј-офот во домашното првенство. Во шпанското првенство се на прагот на плеј-офот.
Шпанските медиуми пишуваат дека Душко Ивановиќ би можел да ја напушти Басконија. Црногорскиот тренер го одработува четвртиот мандат во клубот. Пристигна во текот на сезоната од Црвена звезда.
Замена за Ивановиќ би требало да биде актуелниот тренер на Гран Канарија, Јака Лаковиќ, кој има клаузула во договоорт дека може да замине во тим што настапува во Евролигата.
Локалниот медиуми, „Ла Провинсија“ наведува дека Лаковиќ е првиот избор на баскискиот тим за следната сезона. Овој извор пишува дека Басконија ќе треба да плати одредена сума за да го нагажира Лаковиќ.
Лаковиќ лани со Гран Канарија го освои Еврокупот, претходно тој беше тренер на Улм.
Спорт
„Мундо депортиво“: Зидан се договорил со Баерн Минхен
Зинедин Зидан ќе биде новиот тренер на Баерн Минхен, пренесува каталонскиот „Мундо Депортиво“. Зидан е без работа откако го напушти Реал Мадрид пред три години.
„Дознаваме дека преговорите се при крај, дури и двете страни сметаат дека се е готово и практично завршено. Зидан само побарал да му се доведат засилувања, особено во одбраната“, тврдат овој извор.
Зидан планираше да стане селектор на Франција, но Дидие Дешамп и понатаму останува на таа позиција. Од друга страна, Баерн, кој по 11 години остана без титулата германски шампион, сакаше да го доведе германскиот селектор Јулијан Нагелсман, но тој го продолжи договорот до 2026 година.
Претходно ПСЖ и Манчестер јунајтед се обидоа да го доведат Зидан, но тој ги одби нивните понуди.
Зидан, 51-годишникот од Марсеј, освои три ЛШ со Реал Мадрид, две шампионски титули на Шпанија, по два УЕФА и шпански Суперкупа, две титули на Светското клупско првенство…