Спорт
Нови бонусни акции во „Спорт лајф“
„Спорт лајф“ подготви два нови бонуса за онлајн обложувачите. Со Welcome бонусот до 6.000 денари ќе им посака добредојде на корисниците кои првпат уплаќаат депозит за онлајн обложување, додека на оние кои веќе го искористиле почетниот бонус, „Спорт лајф“ им овозможува нов месечен reload бонус од 50%, а во износ до 3.000 денари.
За активирање на акциските бонуси потребно е одигрување на најмалку три натпревари на онлајн тикет, со минимална квота по натпревар – 1,40 и минимален износ на онлајн тикетот/ите да е еднаков на износот од внесениот депозит.
По одигрувањето на целиот депозит, акцискиот бонус автоматски се додава на сметката на корисникот. Потоа, акцискиот бонус исто така треба да се искористи со одигрување на тикети по претходно наведните правила, во двојно поголем износ од добиениот бонус за да може да се најави исплатата на тикетот.
Минималниот износ на депозитот за онлајн обложување изнесува 300 денари.
Welcome бонусот важи од 22.6.2020 до 31.8.2020 и се однесува на првите 1.000 корисници кои ќе ги исполнат условите за добивање на бонусот. Сите детали за Welcome бонусот на „Спорт лајф“ можете да ги најдете ТУКА
Воедно, од 1 јули па сè до крајот на месецот сите регистрирани корисници на www.sportlife.com.mk кои веќе го имаат реализирано својот прв депозит на својата корисничка сметка ќе имаат право на Monthly Reload бонус до 50% од износот на депозитот, а најмногу до 3.000 денари. Имено, бонусот се доделува за првиот нов уплатен депозит во овој месец. Повеќе информации за добивање на овој бонус на „Спорт лајф“ можете да прочитате ТУКА
Со новите бонуси „Спорт лајф“ ја наградува лојалноста на играчите. Тие добиваат можност да играат повеќе, да добиваат повеќе и да ги откријат предностите на онлајн обложувањето на „Спорт лајф“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Тен Хаг задоволен по победата над Шефилд Јунајтед
Фудбалерите на Манчестер Јунајтед со пресврт слаеа со 4:2 против нјлошиот тим во Премиер лигата, Шефилд Јунајтед на свој терен го пречекаа последно пласираниот Шефилд Јунајтед .
Славниот клуб двапати загуби, но на крајот успеа да победи. Тренерот на Јунајтед, Тен Хаг, по натпреварот рече дека неговиот тим одиграл добар натпревар,
„Имавме целосна контрола! Извинете, јас на поинаков начин г гледав натпреварот. Да, имавме две грешки, затоа двапати губивме. Зборуваме за две негативности, концентрација и дисциплина. Но, во остатокот од натпреварот имавме целосна контрола. Тимот покажа издржливост. Не е лесно кога губиш, но успеавме да направиме пресврт против компактен тим. Ги надигравме, бевме многу мирни“, изјави Тен Хаг и додаде:
„Мораме да го запреме тој процес. Вакви грешки не смее да се прават на врвно ниво ако сакаш да постигнуваш цели, ако сакаш трофеи. Не смеете да дозволите вакви пропусти во концентрацијата и дисциплината, бидејќи животот е многу полесен без нив.“
Спорт
Заврши сезоната за Енцо Фернандес
Играчот од средниот ред на Челзи, Енцо Фернандес, ја заврши сезоната, бидејќи наскоро ќе мора да оди на операција на препоните, пишува аргентинскиот весник „Оле“. Според овој извор на Фернадес ќе му бидат потребни неколку недели за рехабилитација.
Поранешниот фудбалер на Ривер Плејт и Бенфика, извесно време се жалеше на болки, но сепак играше. Постоеше опција лекувањето да се одложи до лето, но по консултација со лекарите на Челзи и аргентинската репрезентација тој одлучи веднаш да биде опериран.
Планот е Фернандес да има доволно време целосно да се опорави за претстојната Копа Америка која започнува на 20 јуни.
Светскиот шампион пристигна на „Стемфорд Бриџ“ од Лисабон во јануари 2023 година во трансфер вреден 121 милион евра. Неговите настапи оваа сезона, сепак, се во склад со перформансите на повеќето играчи на Челзи – неубедливи и нестабилни.
Енцо оваа сезона одигра 40 од 45 натпревари за „сините“.
Спорт
Ла Лига од следната година ќе се игра во САД
Претседателот на шпанската Ла Лига, Хавиер Тебас, даде неколку интересни коментари во интервју за „Експансион“. Тамошната јавност најмногу ја коментира изјавата во која тој отворено призна дека навива за Реал Мадрид. Овој факт е познат одамна, но сега за прв пат е и јавно потврден. Тебас го откри овој детал коментирајќи ја приказната за доаѓањето на Килијан Мбапе во Реал.
Сепак, претседателот на една од најдобрите светски лиги донесе и по малку шокантна вест за сите љубители на традиционалниот фудбал. Имено, од сезоната 2025/26, некои натпревари од Ла Лига ќе се играат во Соединетите Американски Држави.
Тоа значи дека веќе следната година би можеле да го видиме првиот натпревар од шпанското првенство на американска почва.
„САД е втор најголем пазар за нас, веднаш по Шпанија. Тоа ќе ја зајакне нашата позиција таму. Другите европски лиги веќе работат таму и немаме избор, во спротивно ќе не избришат“, рече Тебас.
Инаку, уште во 2018 година имаше предлог да се игра каталонското дерби меѓу Барселона и Џирона во САД, но УЕФА го блокираше тој потег.