Спорт
Нурмагомедов: Уживав додека го удирав Мекгрегор в лице, тоа е многу добро чувство (видео)
Рускиот борец, Хабиб Нурмагомедов учествуваше во „Q&A” дружењето во австралиски Мелбурн каде во живо одговараше на прашањата на фановите.
По спектакуларната борба против Ирецот, Конор Мекгрегор, Русинот не се појавуваше често во јавноста. Сепак, п…
Рускиот борец Хабиб Нурмагомедов учествуваше во Q&A дружењето во австралиски Мелбурн, каде што во живо одговараше на прашањата на фановите.
По спектакуларната борба против Ирецот Конор Мекгрегор, Русинот не се појавуваше често во јавноста. Сепак, пред навивачите откри како се чувствуваше додека го средуваше Ирецот.
„Уживав додека го удирав в лице. Верувајте ми, тоа е многу добро чувство, после сè што некој цело време ти зборува. Секогаш кога ќе го удрев, уживав, го прашував да разговараме. На крајот на втората или третата рунда ми рече дека е тоа сè, се обиде да направи да се опуштам. Но, тоа не е спаринг. Јас ќе продолжам сè додека не е крај на борбата. Можеби тој не го разбра мојот англиски“, рече Нурмагомедов.
Погледнете:
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Судиите во Украина пред натпревар ќе одат на полиграф
Легендарниот украински фудбалер Андриј Шевченко воведува неверојатно правило во тамошниот фудбал. Судиите ќе мора да поминат на полиграф пред натпреварите. Судиите ќе бидат избрани по случаен избор, а целта на овој проект во украинскиот фудбал е да се стави крај на местењето натпревари.
Оваа информација ја пренесува италијанскиот весник „Кориере дела сера“, со образложение дека идејата на Шевченко има за цел „да ја намали корупцијата во фудбалот и да спречи местење натпревари“.
Судиите ќе мора да поминат тестирање пред натпреварите. Нешто слично како случајните допинг тестови за фудбалерите, кои се прават по натпреварите.
„Го гледаме полиграфот како шанса да добиеме повеќе информации и да разбереме кои судии можат да се справат со оваа работа, а кои не. Почнуваме од нула“, рече Шевченко, поранешен напаѓач на Милан, Челзи и Динамо Киев.
Спорт
Роча обвинет за корупција
Портпаролот на Владата на Шпанија објави дека претседателот на Фудбалскиот сојуз на Шпанија (ФСШ), Педро Роче е обвинет за корупција. Роче во август минатата година го наследи разрешениот Луис Рубиалес.
Претседателот на Вишиот совет за спорт, Хозе Мануел Родригез Урибес, на парламентарно сослушување изјави дека го свикал состанокот на комисијата откако спортскиот трибунал отворил случај против Педро Роча и раководството на федерацијата за сериозни обвинувања за корупција во Фудбалскиот сојуз на Шпанија и, како што наведе, недолично однесување.
„Ќе ги преземеме сите мерки за да и го вратиме на угледот на Фудбалскиот сојуз на Шпанија“, изјави Урибес.
Роча, беше вршител на должноста претседател на бил в. г. претседател на ФСШ и се надеваше дека ќе биде трајно именуван во текот на следниот месец, но наместо тоа може да заврши во затвор.
Националниот сојуз се обидува да сврти нова страница по споменатиот скандал, но се чини дека и нема крај на приказната која многумина во оваа земја ја сметаат за срамна.
Истрагата против Рубиалес и неговите соработници започна во јуни 2020 година, а поттик беше спорниот договор за десетгодишната организација на шпанскиот Суперкуп во Саудиска Арабија, во кој учествуваше и компанијата „Космос“, на поранешниот фудбалер на Барселона, Џерар Пике.
Едноставно кажано, се шпекулираше дека Рубиалес и другите, меѓу кои и Пике, неовластено ставале пари во свои џебови наместо во касата на Фудбалскиот сојуз на Шпанија.
Роча беше потпретседател и шеф на финансискиот комитет кога ФСШ го потпиша тој договор, па логично е тој да се најде на списокот на осомничени, можное да биде обвинет за финансиска измама.
Поради скандалот што го тресе Фудбалскиот сојуз на Шпанија, загрозена е позицијата на Шпанија како организатор на СП 2030 година заедно со Португалија и Мароко.
Спорт
Гвардиола: Во кој било друг спорт ќе победевме
Пенал рулетот им пресуди на фудбалерите на Манчестер сити. Актуелните европски шампиони испаднаа од Реал во четвртфиналето во Лигата на шампионите. По 3:3 во Мадирд, реваншот во Манчестер заврши 1:1. Пенал серијата Реал ја доби со 4:3, Едерсон го одбрани пеналот на Мордиќ, а потоа Лунин ги надмудри Силва и Ковачиќ.
Манчестер сити не успеа да го добие натпреварот во кој имаше 67 отсто од поседот на топката, 33 удари кон голот (девет во рамките) и 18 корнери.
Разбирливо е дека тренерот Пеп Гвардиола беше фрустриран во своите изјави.
„Ова е фудбал. Во кој било друг спорт ќе победевме. Не жалиме за ништо што направивме, одигравме одлично на сите делови од теренот, но за жал не победивме. Создадовме шанси да одиме понатаму, но фудбалот важно е да постигнувате голови. Јохан Кројф велеш дека среќата не постои. Се согласувам со него. Ваквиот пораз боли. Покажавме дека можеме да играме против Реал. Што друго можевме да направиме? Немам што повеќе да кажам?”, изјави Гвардиола.
Слично размислува и играчот од средниот ред на Сити, Родри: „Искрено, вечерва играше само еден тим“.