Спорт
Од тикет со една „утка“ до милион денари, прогласен победникот на Втора шанса за милион на „Спорт лајф“
Добитникот на 1 000 000 денари и победник на „Втора шанса за милион“ на „Спорт лајф“ е Риста Милчевски од Крива Паланка. Тој го освои првото место со највисок „фатен“ коефициент на тикетите со еден промашен пар.
Тикетот го уплатил во октомври за 20 денари, со 20 меча, од кои промашил само еден тип, а имал вкупна квота од 19.562. Да го погодил и 20. меч, ќе добиел 547 602 денара. Но, благодарение на Втора шанса на „Спорт лајф“ тој доби речиси двојно повеќе.
„На тикетот погодив 19 парови, само Вест Бромвич Албион – Барнсли не излезе единица како што типував. Тој беше последен меч на тикетот, сите други 19 меча беа завршени претходно, но не го штитев, верував дека ВБА ќе победи. Уплатата беше 20 денари, секогаш по толку уплаќам“ – вели Риста, кој деновиве е херој меѓу обложувачите во Крива Паланка. Тој е долгогодишен играч кој уште во минатото бил еден од четворицата главни добитници со погодена 12-ка на југословенската Спортска прогноза. Упорноста и храброста и денес, повторно му донесоа вистински погодок.
Објектот на „Спорт лајф“ во Крива Паланка беше во центарот на вниманието, редовните обложувачи и љубопитните минувачи сакаа искрено да му честитаат на добитникот. Сите што уплатија тикет од 200 или повеќе денари, добиваа промотивни грепки со награди од типот на вредносен ваучер или други промотивни производи од „СЛ маркет“.
Токму тикетите со една „утка“ наместо да се фрлаат во корпа за отпадоци, овозможија повторно изненадување и добивки за играчите на „Спорт лајф“. Покрај на прво наградениот, Втора шанса им донесе добивки на останите 4 топ рангирани играчи. Тие освоија поени на СЛ клуб-картичката за вредни награди од „СЛ маркетот“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Помошникот на Артета ќе го преземе Феенорд?
Челниците на Феенорд се свесни дека тренерот Арне Слот ќе го напушти клубот во летниот преоден рок.
Англиските медиуми пренесуваат дека тој ќе го наследи Јирген Клоп во Ливерпул. Овие извири тврдат дека двете страни се блиску до конечен договор.
Ливерпул ќе треба да му плати на Феенорд десет милиони евра како обештетување, бидејќи Слот има уште две години од договорот со клубот од Ротердам.
Замената за Слот, како што пишува холандскиот весник „АД“, Феенорд ќе ја донесе од Арсенал. Според овој извор, нов тренер на Феенорд ќе биде асистентот на Микел Артета во Арсенал, Алберт Стуивенберг (54).
Стуиенберг, работел во јуниорските категории на Феенорд, потоа во Англија му беше помошник на Луис ван Гал во Манчестер Јунајтед.
Тој е со Артета во Арсенал од 2019 година, а доколку биде ангажиран во Феенорд, тоа би му била прва самостојна работа.
Спорт
Удинезе и Рома го завршија прекинатиот натпревар, славеа гостите
Фудбалерите на Удинезе и Рома го завршија прекинатиот натпревар од 32. коло во италијанската Серија А. Гостите од Рим славеа со гол во судиското надополнување со 1:2.
Натпреварот кој се играше на 14 април беше прекинат во 72. минута, откако дефанзивецот на Рома, Еван Ендика колабираше на теренот. Вечерва се одиграа преостанатите 18 минути.
Од 72.минута дуелот продолжи со резултат 1:1. Рома забележа значајна победа со голот на Брајан Кристанте во судиското надополнување, на асистенција на Пауло Дибала.
На двете екипи им беа неопходни бодови, Удинезе бидејќи се бори за опстанок, Рома е во трака за место Лигата на шампионите. Рома е петта на табелата со 58 бодови, четири помалку од Болоња на четвртото место. Удинезе е на 17. место со 28 бодови, колку шт има и Фросиноне.
Спорт
„Де Брујне подобар од Лампард, Сколс и Џерард“
Кевин Де Брујне, „мозокот“ на Манчестер Сити е најдобриот офанзивен играч за врска во Премиер лигата, смета поранешниот англиски репрезентативец и поранешен играч на Вест Хем, Челзи и Ливерпул, Џо Кол.
Според Кол, Де Брујне не е најдобар само во оваа ера, туку и воопшто, подобар дури и од големите англиски ѕвезди и легенди на Челзи, Манчестер Јунајтед и Ливерпул.
„Тој е главниот кум меѓу офанзивните играчи од средниот ред во светскиот фудбал. И понатаму мислам дека тој е најдобар во моментов. Кевин Де Брујне е над секој играч од средниот ред во историјата на Премиер лигата. Навистина го мислам тоа. Тука ги вклучувам Френк Лампард, Пол Сколс, Стивен Џерард и сите останати“, изјави Џо Кол и предизвика мал земјотрес меѓу навивачите на овие клубови.
Нема потреба да се споменува што значи Френк Лампард за навивачите на Челзи, колку е ценет Пол Сколс на „Олд Трафорд“ и каква икона е Стивен Џерард на „Енфилд“.
Тешко е да се каже дали Кевин Де Брујн е најдобриот на сите времиња, но неговите настапи во дресот на Манчестер Сити се потврда дека тој секако е еден од најголемите.