Спорт
Покрената е истрага, Милан бил нелегално продаден
Италијанскиот јавен обвинител отворил истрага под сомнение дека имало нелегални активности при продажбата на фудбалскиот клуб Милан. Газета дело спорт и Тутоспорт пишуваат дека под истрага е делот кога кинескиот бизнисмен Јонгхонг Ли го презел клубот о…
Италијанскиот јавен обвинител отворил истрага под сомнение дека имало нелегални активности при продажбата на фудбалскиот клуб Милан. Газета дело спорт и Тутоспорт пишуваат дека под истрага е делот кога кинескиот бизнисмен Јонгхонг Ли го презел клубот од Силвио Берлускони.
Ли во април минатата година го презеде Милан, финансиран од американскиот фонд „Елиот менаџмент“. Од тој момент почнаа шпакулациите дека во текот на продажбата постоеле „сомнителни трансакции“.
Поради тоа обвинителството во Милано отворило истрага. Покрај истрагата, Ли се сочува и со уште два проблеми, долгот кон „Елиот менаџмент“ и кршењето на финансискиот фер-плеј на УЕФА.
Акционерите мораат да одобрат уште 35 милиони евра за управување со клубот до крајот на сезоната, а парите повторно ќе дојдат од „Елиот менаџмент“. На овој инвестициски фонд клубот веќе му должи 303 милиони американски долари.
Поради тоа постои можност „Елиот менаџмент“ да ја преземе контролата врз Милан доколку долгот не биде исплатен до октомври.
Исто така, доколку клубот не ги среди долговите до 19 април, кога ќе се одржи состанокот со УЕФА во Нион, наредната сезона може да биде исфрлен од европските купови.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Бакс без Јанис во првото коло од плеј-офот
Милвоки Бакс се соочува со значителен проблем пред почетокот на плеј-оф серијата во која ривал ќе им биде Индијана Пејсерс. Бакс нема да може да смета на Јанис Адетокумбo.
Како што пренесе Шамс Чаранија, Адетокумбо ќе мора да паузира од две до четири недели поради повредата на потколеницата со која се здоби на натпреварот против Бостон Селтикс.
Овие првични проценки за повреди секако значат дека Адетокумбо сигурно ќе го пропушти првото коло од плеј-офот и натпреварите со Индијана.
Плеј-офот за Бакс започнува ноќта помеѓу недела и понеделник, а тие се домаќини во првиот натпревар.
Спорт
Ивановиќ ќе добие отказ во Басконија
Кошаркарите на Басковнија, вечерва (20.30 часот) го играат решавачкио натпревар во Евролигата. Доколку го победат Виртус ќе играат во плеј-оф против Реал Мадрид.
Прашање е дали пласманот во плеј-офот може да ја спаси сезоната, бидејќи Басконија „виси“, кога е во прашање плеј-офот во домашното првенство. Во шпанското првенство се на прагот на плеј-офот.
Шпанските медиуми пишуваат дека Душко Ивановиќ би можел да ја напушти Басконија. Црногорскиот тренер го одработува четвртиот мандат во клубот. Пристигна во текот на сезоната од Црвена звезда.
Замена за Ивановиќ би требало да биде актуелниот тренер на Гран Канарија, Јака Лаковиќ, кој има клаузула во договоорт дека може да замине во тим што настапува во Евролигата.
Локалниот медиуми, „Ла Провинсија“ наведува дека Лаковиќ е првиот избор на баскискиот тим за следната сезона. Овој извор пишува дека Басконија ќе треба да плати одредена сума за да го нагажира Лаковиќ.
Лаковиќ лани со Гран Канарија го освои Еврокупот, претходно тој беше тренер на Улм.
Спорт
„Мундо депортиво“: Зидан се договорил со Баерн Минхен
Зинедин Зидан ќе биде новиот тренер на Баерн Минхен, пренесува каталонскиот „Мундо Депортиво“. Зидан е без работа откако го напушти Реал Мадрид пред три години.
„Дознаваме дека преговорите се при крај, дури и двете страни сметаат дека се е готово и практично завршено. Зидан само побарал да му се доведат засилувања, особено во одбраната“, тврдат овој извор.
Зидан планираше да стане селектор на Франција, но Дидие Дешамп и понатаму останува на таа позиција. Од друга страна, Баерн, кој по 11 години остана без титулата германски шампион, сакаше да го доведе германскиот селектор Јулијан Нагелсман, но тој го продолжи договорот до 2026 година.
Претходно ПСЖ и Манчестер јунајтед се обидоа да го доведат Зидан, но тој ги одби нивните понуди.
Зидан, 51-годишникот од Марсеј, освои три ЛШ со Реал Мадрид, две шампионски титули на Шпанија, по два УЕФА и шпански Суперкупа, две титули на Светското клупско првенство…