Спорт
Рекордни 8.000 регистрирани учесници на ревијалниот настан „Вози право, вози здраво“
Околу 8.000 деца и возрасни вчера попладне ги преплавија улиците во центарот на Скопје со своите еколошки превозни средства како дел од ревијалниот настан „Вози право, вози здраво“, што е најмасовната посетеност досега.
Илјадници насмеани лица на велосипеди, тротинети, ролерки, скејтборди, мајки и татковци со бебешки колички, тргнаа од Порта Македонија и со релаксирано возење по улиците на кои немаше автомобили стигнаа на целта во Градскиот парк каде ги очекуваше голема забава со музика, танчерски точки, освежување и лотарија со многу вредни награди.
По двегодишна пауза поради пандемијата, настанот „Вози право, вози здраво“ во организација на Стопанска банка АД-Скопје по шести пат ги собра сите граѓани кои „гласаат“ за здрави животни навики и промовираат алтернативни превозни средства кои придонесуваат за поздрава животна средина и намалување на сообраќајниот метеж. Најсреќните 40 од нив дома заминаа со вредни награди што ги обезбеди Стопанска банка како и главната награда вредносен ваучер од Град Скопје. Посетителите си отидоа и со позитивно расположение за кое се погрижија водителите на манифестацијата Цеце Тодосовска и Марко Марк, заедно со харизматичниот Александар Матовски – Цако. Посетителите на настанот уживаа во содржините кои ги обезбеди Крафт продукција, поточно танчерските групи, перформансот на луѓето-статуи, а на сцената настапи и забавниот бенд ContruDJ со својот весел перформанс. На задоволство на присутните и познатиот графити уметник Дредпен трпеливо ги исполнуваше желбите на најмладите цртајќи им ги омилените мотиви на патиките, кацигите, велосипедите и скејтбордите.
Традиционално како и во претходните години, Стопанска банка ќе го заокружи ова издание на „Вози право, вози здраво“ со донација за изградба и одржување на велосипедската инфраструктура која ќе се реализира во договор со Град Скопје и наскоро ќе биде најавена. Од изминатите изданија на „Вози право, вози здраво“, Стопанска банка досега донираше средства за изградба на првиот детски велосипедски полигон, 14 станици за поправка на велосипеди, 105 паркинзи за велосипеди, даде поддршка за изградбата на првиот pumptrack полигон и ја финансираше изградбата на вториот pumptrack полигон во Скопје – TOPSI Pumptrack.
Огромниот интерес на граѓаните за настанот „Вози право, вози здраво“ е голема мотивација за Стопанска банка да продолжи со неговата реализација, при што плановите се во иднина оваа манифестација да се организира и во други градови низ земјава за што помасовно ширење на велосипедската култура, промоција на здравиот начин на живот и начините за заштита на животната околина.
Кампањата #ВозиПравоВозиЗдраво беше заокружена со настанот вчера, но продолжува целата година да го промовира велосипедизмот како вообичаена урбана форма на транспорт.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Трипл-дабл на Јокиќ, Мареј погоди за победа со звукот на сирената
Денвер Нагетс го победија Лос Анџелес Лејкерс со 101:99. Џамал Мареј го погоди шутот за победа, со звукот на сирената.
Актуелните шампиони водат во серијата против ЛА Лејкерс со 2:0. За Денвер од е 10. последовна победа над „езерџиите“.
Неверојатна натпревар се одигра во „Бол арената“ во која Денвер Нагетс заостануваа од првата до последната минута, единствениот пат кога имаа предност беше конечниот резултат 101:99.
WHAT A BUCKET. THIS IS JAMAL MURRAY EVERYONE. 🏹 pic.twitter.com/xfihf0lXAe
— Denver Nuggets (@nuggets) April 23, 2024
Денвер губеше, со 15 разлика на полувреме и 20 разлика во третата четвртина, но успеа да се врати и да поведе со 2-0 во серијата.
Никола Јокиќ одигра брутален натпревар со 27 поени, 20 скока и 10 асистенции.
Мајкл Портер Јуниор мечот го заврши со 22 поени, а Мареј, кој до последните минути играше лошо, додаде 20 поени и шест асистенции.
Во поразениот тим Дејвис имаше учинок од 32 поени и 11 скока, а Леброн Џејмс 26 поени, осум скока и 12 асистенции.
Серијата сега се сели во Лос Анџелес за следните два натпревари.
Спорт
Капело: Роналдо знае се но не е гениј како Меси, Марадона, Пеле и дебелиот Роналдо
Тренерската легенда 77-годишниот Фабио Капело, дел од анализата на Ел Класико му посвети на тинејџерот Јамине Ламал.
Запрашан дали Јамал може еден ден да биде нешто слично како Лео Меси во Барселона, италијанскиот тренер многу јасно објасни како стојат работите.
„Го запознав Меси на Гампер купот и по 20-25 минути му пријдов на Рајкард и го замолив да ми го позајми таа сезона. Ламине беше генијален и тој е многу интересен фудбалер, но нема да биде гениј како Меси, Пеле и Марадона. Тие беа генијалци“, рече Капело и веднаш објасни зошто во оваа категорија го нема Кристијано Роналдо.
„Тој е одличен играч, освои многу трофеи, Златна топка, но како што реков претходно, тој не е голем како Меси. Роналдо е одличен стрелец и знае како да направи се, но тој не е гениј“, рече Капело.
И кога се чинеше дека Капело веќе ги дефинираше своите три најдобри фудбалски генијалци, Италијанецот повторно се огласи и го вклучи четвртиот член.
„Зборувајќи за генијалци, заборавив еден кој влегуваа во оваа категорија, дебелиот Роналдо“.
Спорт
(Видео) Интер го победи Милан и го освои 20. Скудето
Фудбалерите на Интер како гости го победија Милан со 2:1 во дербито „Дела Мадонина“. Со овој триумф Интер и математички ја обезбеди шампионската титула за сезоната 2023/2024. На пет кола до крајот на сезоната Интер има 17 бодови повеќе од Милан.
Интер вечерва ја освои 20 шампионска титула во клуската историја. Сега има една титула повеќе од Милан. Најмногу трофеи, вкупно 36 има Јувентус.
Интер во 33 кола загуби само еден меч (на домашен терен од Сасуоло), забележа 27 победи, Јан Зомер на 19 натпревари остана несовладан. Навистина нестварна сеозна за екипата на Симоне Инзаги.
Дербито го решија ветранот Ачерби во 18. и Тирам во 49.минута. Милан во 80.минута внесе неизвесност со голот на Томори.
Francesco Acerbi WIDE OPEN goal! Benjamin Pavard fantastic flick for the assist. 🇮🇹⚽️ pic.twitter.com/0vul58fiIx
— Inter Xtra (@Inter_Xtra) April 22, 2024
MARCUS THURAM, WHAT A PLAYER!
— F.C. InterData (@Fcinterdata) April 22, 2024
Самиот финиш на натпреварот донесе многу нервоза на теренот. Брзата реакција на фудбалерите на двата тима спречи тепачка меѓу Дамфрис и Тео Ернандез. Двајцата беа исклучени во 95.минута, а две минути подцна поради удрирање на притвнички играч црвен картон доби и капитенот на Милан, Калабрија.