Спорт
Рома на Енфилд, Салах игра против „своите“
Фудбалерите на Ливерпул, вечерва (20:45 часот), ќе ја пречекаат Рома во првиот полу-финален натпревар во Лигата на шампионите. Во претходната рунда Ливерпул го елиминира Манчестер сити, а Рома приреди сензација со елиминацијата на Барселона.
Пред почет…
Фудбалерите на Ливерпул вечерва (20:45 часот) ќе ја пречекаат Рома во првиот полуфинален натпревар во Лигата на шампионите. Во претходната рунда Ливерпул го елиминира Манчестер сити, а Рома приреди сензација со елиминацијата на Барселона.
Пред почетокот на сезоната никој не типуваше дека Ливерпул и Рома ќе стигнат толку далеку во Лигата на шампионите. Кога веќе се тука, и едните и другите посакуваат пласман во финалето.
Доколку стигне до завршниот меч Ливерпул ќе се бори за својата шеста титула, додека Рома би се борела за својот прв трофеј во најпрестижното клупско натпреварување.
Ливерпул последен пат ја освоил Лигата на шампионите во 2005 година, а претходно бил најдобар во 1977, 1978, 1981 и 1984.
„Не морам да им кажам на навивачите што сакам, тие тоа веќе го знаат. Во ова навивачите се многу поискусни од нас. Ова е посебен момент за сите нас. Ние ќе играме во полуфиналето и мислам дека можеме да се пласираме во финалето“, рекол менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп.
Рома само еднаш играла финале во ова натпреварување. Во далечната 1984 година домаќин на финалето беше Рим, а Рома стигна до мечот за титулата и загуби на пенали од Ливерпул.
„Ливерпул ќе биде подготвен, во тоа не се сомневам. Се работи за силен тим, особено кога игра дома. Од сите тимови што се пласираа во оваа фаза тие имаат најдобра офанзивна транзиција. Сепак, мислам дека добро психички се подготвивме и тоа ќе го покажеме на теренот“, рекол тренерот на Рома, Еузебио ди Франческо.
Двата тима ги поврзува и напаѓачот Мохамед Салах. Египетскиот репрезентативец пред почетокот на сезоната токму од Рома пристигна во Ливерпул. На „Енфилд“, под палката на Јирген Клоп Салах се промовира во еден од најдобрите напаѓачи во светот. Тој во неделата беше прогласен за играч на сезоната во Премиер лигата.
Римјаните се свесни дека тој ќе биде најголемата опасност по голот на Алисон, но потенцираат знаат како да го намалат неговото влијание во играта на Ливерпул.
Можни состави:
Ливерпул (4-3-3): Кариус – Александер-Арнолд, Ван Дајк, Ловрен, Робертсон – Окслејд-Чембрлен, Хендерсон, Милнер – Мане, Фирмино, Салах
Рома (4-3-3): Алисон – Флоренци, Фацио, Манолас, Коларов – Де Роси, Стротман, Наинголан – Пероти, Ундер, Џеко
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Милик му обезбеди финале во Купот на Јувентус
Фудбалерите на Јувентус загубија од Лацио во Рим со 2:1, во вториот натпревар од полуфиналето на Купот на Италија. И покрај поразот Јувентус се пласира во своето 22. финале во Купот. Пресуди првиот меч кој Јувентус го доб со 2:0.
Лацио многу подобро го започна натпреварот, веќе во 12. минута поведе. Валентин Тати Кастеланос погоди на асистенција на Луис Алберто.
До крајот на првото полувреме немаше промена на резултатот.
Кастељанос погоди и во 49. минута, а асистент уште еднаш беше Луис Алберто – 2:0.
Се чинеше дека дуелот ќе оди во продолженија, но Јувентус успеа да се извлече во финишот.
Акрадиуш Милик, во 83.минута, во првиот контакт со топката намали на 2:1. Полјакот влезе на теренот на местото на Влаховиќ.
Јувентус во финалето го чека подобриот од дуелот меѓу Фиорентина и Аталанта.
Тимот од Фиренца успеа да слави на првиот натпревар со 1:0, реваншот е утре во Бергамо.
Финалето е на програмата на 15.мај.
Спорт
(Видео) Арсенал го декласира Челси
Арсенал го декласира Челси во заостанатиот натпревар од 29.коло во Премиер лигата. во градската пресметка со 5:0. „Тобџиите“ дојдоа до 77 бода, први се на табелата, имаат три бода повеќе од Ливерпул и три од Манчестер сити, но црвените имаат еден, а „граѓаните“ два натпревари помалку.
Арсенал во градската пресметка ги декласира „сините“ во второто полувреме. Првиот дел заврши со 1:0, со голот што го постигна Торсар во четвртата минута.
Во вториот дел се случи канонада кон глот на Челси. Вајт погоди во 52 минута, потоа Хаверц постигна два гола во 57. и 65.минута, а серијата ја заврши Вајт во 70.минута.
Спорт
Брејк на Макаби во Атина
Плеј-офот во кошаркарската Евролига започна со брејк на Макаби во ОАКА арената во Атина. Макаби го победи Панатинаикос 91:87.
Панатинаикос го контролираше натпреварот 32.минути, неколку пати зелените имаа предност од 12 поени, но не успеаја да го решат натпреварот.
Трагичар е Костас Слукас кој на 20 секунди до крајот продаде топка, а Џош Нибо од линијата за слободи го постави конечниот резултат. До тој момент Слукас одигра совршен натпревар (12 поени, 13 скокови, без загубена топка).
Најдобриот учинок во редовите на Макаби го имаше Бонзи Колсон, која забележа 18 поени со два скока, а го следеа Лоренцо Браун со 16 поени, четири скока и три асистенции, Вејд Болдвин со 15 поени со седум скока. Болдвин поради повреда не играше во последните осум минути.
Двоцифрен беше и Џош Ниебо со 12 поени и осум скока.
Кај Панатинаикос се истакна Матијас Лесор со 22 поени и шест скока, но и очајна реализација на слободните фрлања 4/11, а двоцифрени беа и Џериан Грант и Мариус Григонис со по 11 поени.
Вториот натпревар се игра за два дена исто така во Атина.