Спорт
Само Тасев може да биде претседател на ФФМ?
Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) наскоро ќе мора да бира нов претседател по повлекувањето на Илчо Ѓорѓиоски, а на последната седница на Комисијата за избори и верификација на ФФМ се одреди дека само еден кандидат, Сашко Тасев ги исполнува усл…
Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) наскоро ќе мора да бира нов претседател по повлекувањето на Илчо Ѓорѓиоски, а на последната седница на Комисијата за избори и верификација на ФФМ се одреди дека само еден кандидат, Сашко Тасев ги исполнува условите да биде новиот претседател.
Кандидатурите на поранешниот претседател на ФФМ, Харалампие Хаџи Ристески, на поранешниот тренер Влатко Костов и на ексселекторот на младинската репрезентација, Вујадин Станојковиќ се одбиени. Тасев е поранешен фудбалер на Тиквеш и претседател на младинската академија на клубот.
Во продолжение ви го пренесуваме целото соопштение од ФФМ:
Согласно постапката за избор на Претседател на Фудбалската федерација на Македонија, Комисијата за избори и верификација при ФФМ на денешната седница во „Куќа на фудбалот“ констатираше дека до крајниот рок за поднесување кандидатури беа поднесени вкупно четири кандидатури. Комисијата за избори и верификација ги разгледа доставените кандидатури при што ги донесе следните одлуки:
– По однос на доставената кандидатура на ОФС Неготино и ОФС Ресен, Комисијата за избори и верификација ја одби кандидатурата на предложениот кандидат Харалампие Хаџи Ристески. Кандидатурата на ОФС Неготино и ОФС Ресен не е прифатена од причина што кандидатот не го исполнува посебниот услов за кандидат за Претседател на Фудбалска федерација на Македонија утврден со член 91. став 1. од СТАТУТ на Фудбалска федерација на Македонија.
– По однос на доставената кандидатура на ОФС Тетово, Комисијата за избори и верификација ја одби кандидатурата на предложениот кандидат Влатко Костов. Кандидатурата на ОФС Тетово не е прифатена од причина што кандидатот не го исполнува посебниот услов за кандидат за Претседател на Фудбалска федерација на Македонија утврден со член 91. став 1. од СТАТУТ на Фудбалска федерација на Македонија.
– По однос на доставената кандидатура на ОФС Куманово, Комисијата за избори и верификација ја одби кандидатурата на предложениот кандидат Вујадин Станојковиќ. Кандидатурата на ОФС Куманово не е прифатена од причина што кандидатот не го исполнува посебниот услов за кандидат за Претседател на Фудбалска федерација на Македонија утврден со член 91. став 1. од СТАТУТ на Фудбалска федерација на Македонија.
– По однос на доставендата кандидатура на ОФС Кавадарци, Комисијата за избори и верификација ја прифати кандидатурата на предложениот кандидат Сашко Тасев. Кандидатурата на ОФС Кавадарци се прифаќа со оглед на тоа што предложениот кандидат ги исполнува општите и посебниот услов од СТАТУТ на Фудбалска федерација на Македонија.
Донесените одлуки на подносителите не се конечни и истите имаат право на жалба во рок од три дена.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
И Манчестер јунајтед го сака Дани Олмо
Манчестер jунајтед влезе во трката за потписот на шпанскиот репрезентативец Дани Олмо.
Неодамна на пријателскиот натпревар со Брзил во Мадрид постигна гол во меч кој заврши без победник (3:3).
Олмо, во јуни минатата година го продолжи договорот со Лајпциг до летото 2027 година, но тоа не значи дека ќе остане таму до крајот на договорот.
Во јуни ќе може да се активира откупната клаузула во висина од 60 милиони евра.
За него претходно беа заинтересирани Манчестер сити, Челзи, Тотенхем и Реал Мадрид, а од неодамна во трката влезе и Манчестер Јунајтед.
На „Олд Трафорд“ парите за трансферот ќе соберат од продажба на играчи кои веќе немаат место во тимот. Прашање е дали Олмо ќе ги избере „црвените ѓаволи“, бидејќи се уште не се сигурни дали ќе играат во Лигата на шампионите наредната сезона.
Спорт
Ливерпул замената за Клоп ја најде во Лисабон
Откако Јирген Клоп јавно објави дека на крајот од сезоната ќе ја напушти клупата на Ливерпул и ќе замине на долг одмор, фудбалска јавност шпекулира кој ќе биде новиот тренер на „црвените“.
Како очигледен избор се истакна поранешниот играч на Ливерпул, Чаби Алонсо (42). Неговиот Баер Леверкузен игра неверојатно добар фудбал оваа сезона. Статистиката на германскиот тим е 38 натпревари без пораз во сите натпреварувања, со 109 постигнати голови.
Извесно е дека Чаби Алонсо ќе им ја донесе на „фармацевтите“ првата шампионска титула во клупската историја, со која ќе ја прекинат единаесетгодишната доминација на Баерн.
Сепак, од релевантни извори во Германија доаѓаат информации дека Алонсо ова лето нема да го напушти Леверкузен, а доколку реши да замине од Баер, ќе остане во Германија и ќе се се пресели во Минхен.
„Скај Спортс“, пишува дека Ливерпул покажал сериозен интерес за Португалецот Рубен Аморим (39), тренер кој четири години е на клупата на Спортинг, а претходно беше тренер на Брага. Тој користи систем со три стопери исто како и Алонсо, а неговиот напаѓачки стил на игра му донесе титула на Спортинг во првата сезона на Аморим.
Спорт
УЕФА ќе го разгледа предлогот секој тим да има по 26 фудбалери на ЕП
Европската фудбалска унија (УЕФА) ќе разговара за можноста за проширување на бројот на играчи за претстојното ЕП 2024 во Германија на состанок следниот месец.
Според актуелните правила, секоја репрезентација може да има по 23 пријавени фудбалери на ЕП. Српскиот селектор, Драган Стојковиќ Пикси, предложи, секоја селектор да може да пријави 26 играчи. Овој предлог доби поддршка од селекторите на 24 репрезентации кои ќе учествуваат на континеталниот шампионат.
„Добивме неколку пораки од селекторите на репрезентациите во врска со бројот на играчи ЕП 2024. Работната група на УЕФА и претставниците на репрезентациите учесници ќе ги разгледаат предлозите на селекторите на 8 април и ќе ги проучиме сите можни решенија и идеи“, најавија од УЕФА.
На последното ЕП во 2021 година, поради епидемијата на коронавирус, секоја репрезентација имаше 26 фудбалери.