Спорт
Светот го има „новиот Бубка“! Тинејџерот Дуплантис скокна 6.05 метри (видео)
Шведскиот тинејџер Грег Дуплантис скокна фантастични 6.05 метри (јуниорски светски рекорд) за да го освои златото во скок со стап на Европското првенство во Берлин и да го победи својот идол од детството, светскиот рекордер, Французинот Рену Лавилени.
…
Шведскиот тинејџер Грег Дуплантис скокна фантастични 6.05 метри (јуниорски светски рекорд) за да го освои златото во скок со стап на Европското првенство во Берлин и да го победи својот идол од детството, светскиот рекордер, Французинот Рену Лавилени.
18-годишниот Дуплантис првпат во животот ја мина границата од 6 метри, а потоа отиде уште пет сантиметри повисоко за неверојатен скок, кој сигурно отиде над границата од 6.15 метри. Русинот Тимур Моргунов (под неутрално знаме) скокна 6 метри за сребрен медал, додека Лавилени скокна 5.95 за бронза по што го пофали шведскиот скокач со прекар „Мондо“.
„Не ми се верува на очите, ова е најдоброто финале во кое сум бил. Мондо е неверојатен скокач. Лудо!“, изјави Лавилени.
‘This is staggering!’
Armand Duplantis just set a new world junior record of 6.05m.
He is 18!
Will be break the world record? Tune into Eurosport 1 to find out! pic.twitter.com/CYuEjOh0EF
— Eurosport UK (@Eurosport_UK) August 12, 2018
ЕП АТЛЕТИКА, БЕРЛИН
МАРАТОН (Ж)
1.Волха Мазуронак (Блр) 2:26:22
2.Клеменс Калвин (Фра) 2:26:28
3.Ева Врабцова-Нивлтова (Чеш) 2:26:31
МАРАТОН (М)
1.Коен Наерт (Бел) 2:09:51
2.Тадесе Абрахам (Шва) 2:11:24
3.Јасине Рачик (Ита) 2:12:09
СКОК СО СТАП (М)
1.Арманд Дуплантис (Шве) 6.05 м
2.Тимур Мургинов (Рус) 6.00 м
3.Рену Лавилени (Фра) 5.95 м
ФРЛАЊЕ КЛАДИВО (Ж)
1.Анита Влодарчик (Пол) 78.94 м
2.Александра Таверние (Фра) 74.78 м
3.Јоана Фјодоров (Пол) 74.00 м
ТРИСКОК (М)
1.Нелсон Евора (Пор) 17.10 м
2.Алексис Копело (Азе) 16.93 м
3.Димитриос Циамис (Грц) 16.78 м
1.500 МЕТРИ (Ж)
1.Лора Мјуир (Бри) 4:02.32
2.Софија Енауи (Пол) 4:03.08
3.Лора Вајтман (Бри) 4:03.75
5.000 МЕТРИ (Ж)
1.Сифан Хасан (Хол) 14:46.12
2.Ајлиш Меккоглан (Бри) 14:53.05
3.Јасемин Џан (Тур) 14:57.63
3.000 МЕТРИ СТИПЛЧЕЗ (Ж)
1.Геса-Фелиситас Краусе (Гер) 9:19.80
2.Фабиен Шлумф (Гер) 9:22.29
3.Каролине Бјеркели Гревдал (Нор) 9:24.46
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Бакс без Јанис во првото коло од плеј-офот
Милвоки Бакс се соочува со значителен проблем пред почетокот на плеј-оф серијата во која ривал ќе им биде Индијана Пејсерс. Бакс нема да може да смета на Јанис Адетокумбo.
Како што пренесе Шамс Чаранија, Адетокумбо ќе мора да паузира од две до четири недели поради повредата на потколеницата со која се здоби на натпреварот против Бостон Селтикс.
Овие првични проценки за повреди секако значат дека Адетокумбо сигурно ќе го пропушти првото коло од плеј-офот и натпреварите со Индијана.
Плеј-офот за Бакс започнува ноќта помеѓу недела и понеделник, а тие се домаќини во првиот натпревар.
Спорт
Ивановиќ ќе добие отказ во Басконија
Кошаркарите на Басковнија, вечерва (20.30 часот) го играат решавачкио натпревар во Евролигата. Доколку го победат Виртус ќе играат во плеј-оф против Реал Мадрид.
Прашање е дали пласманот во плеј-офот може да ја спаси сезоната, бидејќи Басконија „виси“, кога е во прашање плеј-офот во домашното првенство. Во шпанското првенство се на прагот на плеј-офот.
Шпанските медиуми пишуваат дека Душко Ивановиќ би можел да ја напушти Басконија. Црногорскиот тренер го одработува четвртиот мандат во клубот. Пристигна во текот на сезоната од Црвена звезда.
Замена за Ивановиќ би требало да биде актуелниот тренер на Гран Канарија, Јака Лаковиќ, кој има клаузула во договоорт дека може да замине во тим што настапува во Евролигата.
Локалниот медиуми, „Ла Провинсија“ наведува дека Лаковиќ е првиот избор на баскискиот тим за следната сезона. Овој извор пишува дека Басконија ќе треба да плати одредена сума за да го нагажира Лаковиќ.
Лаковиќ лани со Гран Канарија го освои Еврокупот, претходно тој беше тренер на Улм.
Спорт
„Мундо депортиво“: Зидан се договорил со Баерн Минхен
Зинедин Зидан ќе биде новиот тренер на Баерн Минхен, пренесува каталонскиот „Мундо Депортиво“. Зидан е без работа откако го напушти Реал Мадрид пред три години.
„Дознаваме дека преговорите се при крај, дури и двете страни сметаат дека се е готово и практично завршено. Зидан само побарал да му се доведат засилувања, особено во одбраната“, тврдат овој извор.
Зидан планираше да стане селектор на Франција, но Дидие Дешамп и понатаму останува на таа позиција. Од друга страна, Баерн, кој по 11 години остана без титулата германски шампион, сакаше да го доведе германскиот селектор Јулијан Нагелсман, но тој го продолжи договорот до 2026 година.
Претходно ПСЖ и Манчестер јунајтед се обидоа да го доведат Зидан, но тој ги одби нивните понуди.
Зидан, 51-годишникот од Марсеј, освои три ЛШ со Реал Мадрид, две шампионски титули на Шпанија, по два УЕФА и шпански Суперкупа, две титули на Светското клупско првенство…