Спорт
Спорт Стеф Кари: Јас и Меси сме генијалци (Видео)
Лидерот на НБА шампионот Голден Стејт Стеф Кари, во разговор за „Дејли Мејл“ одговорил на прашањето дали со Лионел Меси ги делта истите квалитети, односно дали се креативни генијалци.
„Она што тој го прави покажува дека е креативен гениј. Но кај него н…
Лидерот на НБА шампионот Голден Стејт Стеф Кари, во разговор за „Дејли Мејл“ одговорил на прашањето дали со Лионел Меси ги делта истите квалитети, односно дали се креативни генијалци.
„Она што тој го прави покажува дека е креативен гениј. Но кај него не е во прашање само талентот, тука се и работната етика. Комбинацијата на овие две работи е резултат на она што го гледате на теренот. Мислам дека имаме многу заеднички особини, можете да не споредувате особено по креативноста и иновативноста што ја носиме во нашите спортови“, рекол Кари.
Стеф Кари е двоен НБА шампион со Голден Стејт, а и оваа сеозна неговиот тим е најголемиот кандидат за титулата во најсилната кошаркарска лига во светот.
Stephen Curry: Lionel Messi and I are creative geniuses who try to impact the next generation https://t.co/IA0i47iV78 pic.twitter.com/1HP7ivXkDH
— MailOnline Sport (@MailSport) March 8, 2018
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Драконска казна во Холандија – клуб исфрлен од првата лига
На фудбалскиот клуб Витезе му беа одземени 18 бодови, по што и официјално испадна од првата холандска лига, соопшти Фудбалскиот сојуз на Холандија (КНВБ).
„Независниот комитет за лиценцирање на КНВБ му изрече санкција на Витезе од минус 18 бодови. Клубот од Арнем ја доби оваа казна затоа што повеќепати не ги исполнуваше барањата од прописите за лиценцирање играчи во подолг временски период“, се вели во соопштението на КНВБ.
Витезе сега има минус еден бод и автоматски го загуби прволигашкиот статус на четири кола пред крајот на првенството.
Најголемиот успех во историјата клубот од Арнем го постигна во сезоната 2016/17 кога го освои Купот на Холандија.
Последен пат Витезе играше во Европа во сезоната 2021/22, кога беа елиминирани од подоцнежниот освојувач Рома во осминафиналето на Конференциската лига.
Спорт
Бакс без Јанис во првото коло од плеј-офот
Милвоки Бакс се соочува со значителен проблем пред почетокот на плеј-оф серијата во која ривал ќе им биде Индијана Пејсерс. Бакс нема да може да смета на Јанис Адетокумбo.
Како што пренесе Шамс Чаранија, Адетокумбо ќе мора да паузира од две до четири недели поради повредата на потколеницата со која се здоби на натпреварот против Бостон Селтикс.
Овие првични проценки за повреди секако значат дека Адетокумбо сигурно ќе го пропушти првото коло од плеј-офот и натпреварите со Индијана.
Плеј-офот за Бакс започнува ноќта помеѓу недела и понеделник, а тие се домаќини во првиот натпревар.
Спорт
Ивановиќ ќе добие отказ во Басконија
Кошаркарите на Басковнија, вечерва (20.30 часот) го играат решавачкио натпревар во Евролигата. Доколку го победат Виртус ќе играат во плеј-оф против Реал Мадрид.
Прашање е дали пласманот во плеј-офот може да ја спаси сезоната, бидејќи Басконија „виси“, кога е во прашање плеј-офот во домашното првенство. Во шпанското првенство се на прагот на плеј-офот.
Шпанските медиуми пишуваат дека Душко Ивановиќ би можел да ја напушти Басконија. Црногорскиот тренер го одработува четвртиот мандат во клубот. Пристигна во текот на сезоната од Црвена звезда.
Замена за Ивановиќ би требало да биде актуелниот тренер на Гран Канарија, Јака Лаковиќ, кој има клаузула во договоорт дека може да замине во тим што настапува во Евролигата.
Локалниот медиуми, „Ла Провинсија“ наведува дека Лаковиќ е првиот избор на баскискиот тим за следната сезона. Овој извор пишува дека Басконија ќе треба да плати одредена сума за да го нагажира Лаковиќ.
Лаковиќ лани со Гран Канарија го освои Еврокупот, претходно тој беше тренер на Улм.