Спорт
Станиќ откри зошто го одбил Вардар
Дарко Станиќ (39), поранешниот голман на Металург и миленик на навивачите на екипата до Автокоманда, во интервју за „alo.rs“, отрива зошто не ја прифатил понудата од Вардари и проговорил за најголемата грешка во кариерата, кога поради користење на кока…
Дарко Станиќ (39), поранешниот голман на Металург и миленик на навивачите на екипата до Автокоманда, во интервју за „alo.rs“, отрива зошто не ја прифатил понудата од Вардари и проговорил за најголемата грешка во кариерата, кога поради користење на кокаин, ЕХФ му изрече двегодишна суспензија.
Станиќ, од наредната сезона, на голот на Вардар требаше да го замени Арпад Штербик, меѓутоа тој ја одби понудата на Сергеј Самсоненко и реши да ја заврши кариерата.
„Имав сериозна понуда од Вардар, меѓутоа проценив дека повеќе не можам да бидам оној вистинскиот. Тоа себе си не можам да си го направам. Да одам некаде и да не можам да бранам во најдобра форма“, рекол Станиќ и дополинил:
„Кога потоа прашаа еден мој пријател да ја прокоментира одлуката тој рекол: „Знаете каков е тој, од него не можете да очекувате логичен одговор на логично прашање“.
Откако ја одби понудата на Вардар и ја заврши кариерата ја прифати да биде државен секретар во српското министерство за млади и спорт.
Станиќ, одговорил и на прашањето кое е поврзано со најлошиот дел од неговата кариера, периодот кога ЕХФ му изрече двегодишна суспензија (мај 2006-мај 2008) поради користење на кокаин.
„Тоа е дел од мојот живот. Не постои човек на земјината топка што е совршен, што не направил грешка во животот. Важно е што ќе научиш пд грешките. Бидејќи сум јавна личност, грешката е поголема. Одговорноста е многу поголема. Но мене тоа ми преставуваше уште поголем предизвик. На тој пример сакав да си покажам себи си, а и на другите, дека и од најтешките животни ситуации можеме да излеземе како победници“, рекол Станиќ.
Дарко Станиќ го бранеше голот на Металург во периодот од 2011 до 2014 година. Тој како дел од српската репрезентација освои сребро на ЕП во 2012 година. На тоа првенство беше прогласен за најдбар голман и избран во идеалниот тим на шампионатот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Милик му обезбеди финале во Купот на Јувентус
Фудбалерите на Јувентус загубија од Лацио во Рим со 2:1, во вториот натпревар од полуфиналето на Купот на Италија. И покрај поразот Јувентус се пласира во своето 22. финале во Купот. Пресуди првиот меч кој Јувентус го доб со 2:0.
Лацио многу подобро го започна натпреварот, веќе во 12. минута поведе. Валентин Тати Кастеланос погоди на асистенција на Луис Алберто.
До крајот на првото полувреме немаше промена на резултатот.
Кастељанос погоди и во 49. минута, а асистент уште еднаш беше Луис Алберто – 2:0.
Се чинеше дека дуелот ќе оди во продолженија, но Јувентус успеа да се извлече во финишот.
Акрадиуш Милик, во 83.минута, во првиот контакт со топката намали на 2:1. Полјакот влезе на теренот на местото на Влаховиќ.
Јувентус во финалето го чека подобриот од дуелот меѓу Фиорентина и Аталанта.
Тимот од Фиренца успеа да слави на првиот натпревар со 1:0, реваншот е утре во Бергамо.
Финалето е на програмата на 15.мај.
Спорт
(Видео) Арсенал го декласира Челси
Арсенал го декласира Челси во заостанатиот натпревар од 29.коло во Премиер лигата. во градската пресметка со 5:0. „Тобџиите“ дојдоа до 77 бода, први се на табелата, имаат три бода повеќе од Ливерпул и три од Манчестер сити, но црвените имаат еден, а „граѓаните“ два натпревари помалку.
Арсенал во градската пресметка ги декласира „сините“ во второто полувреме. Првиот дел заврши со 1:0, со голот што го постигна Торсар во четвртата минута.
Во вториот дел се случи канонада кон глот на Челси. Вајт погоди во 52 минута, потоа Хаверц постигна два гола во 57. и 65.минута, а серијата ја заврши Вајт во 70.минута.
Спорт
Брејк на Макаби во Атина
Плеј-офот во кошаркарската Евролига започна со брејк на Макаби во ОАКА арената во Атина. Макаби го победи Панатинаикос 91:87.
Панатинаикос го контролираше натпреварот 32.минути, неколку пати зелените имаа предност од 12 поени, но не успеаја да го решат натпреварот.
Трагичар е Костас Слукас кој на 20 секунди до крајот продаде топка, а Џош Нибо од линијата за слободи го постави конечниот резултат. До тој момент Слукас одигра совршен натпревар (12 поени, 13 скокови, без загубена топка).
Најдобриот учинок во редовите на Макаби го имаше Бонзи Колсон, која забележа 18 поени со два скока, а го следеа Лоренцо Браун со 16 поени, четири скока и три асистенции, Вејд Болдвин со 15 поени со седум скока. Болдвин поради повреда не играше во последните осум минути.
Двоцифрен беше и Џош Ниебо со 12 поени и осум скока.
Кај Панатинаикос се истакна Матијас Лесор со 22 поени и шест скока, но и очајна реализација на слободните фрлања 4/11, а двоцифрени беа и Џериан Грант и Мариус Григонис со по 11 поени.
Вториот натпревар се игра за два дена исто така во Атина.