Спорт
Томич ја доби битката на „лошите момчиња“ во Ченгду
Австралиецот Бернард Томич ја освои својата прва титула од 2015 година, откако во финалето на Ченгду опен во Кина со 6:1/3:6/7:6(7) во драматична пресметка беше подобар од уште едно „лошо момче“ на тенисот, Италијанецот Фабио Фоњини.
Со оваа победа, не…
Австралиецот Бернард Томич ја освои својата прва титула од 2015 година откако во финалето на Ченгду опен во Кина со 6:1/3:6/7:6(7) во драматична пресметка беше подобар од уште едно „лошо момче“ на тенисот, Италијанецот Фабио Фоњини.
Со оваа победа, негова четврта во кариерата, Томич се враќа во топ 100 во машкиот тенис, откако имаше драстичен пад на формата последните две сезони и јавно зборуваше за неговата незаинтересираност во спортот и чувството дека заработил доволно пари за „цел живот“.
Мечот во Ченгду беше навистина драматичен. Откако Австралиецот фуриозно го освои првиот сет, Фоњини, кој е на 13. место на АТП-листата се врати импресивно во вториот, по што во третиот се играше поен за поен. Томич успеа да спаси четири меч-топки за по победата да го бакне теренот во Ченгду.
Back in business ??
Bernard Tomic saves FOUR match points to beat Fognini 6-1 3-6 7-6(7) in the Chengdu final.#chengduopen pic.twitter.com/9xkiqU00b9
— Tennis TV (@TennisTV) September 30, 2018
Tomic’s saved 4 MPs in the 3rd set TB and been really emotional after converting his 1st MP to win Chengdu #BernieCares pic.twitter.com/MqdbxStxrn
— Genny SS (@genny_ss) September 30, 2018
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Драконска казна во Холандија – клуб исфрлен од првата лига
На фудбалскиот клуб Витезе му беа одземени 18 бодови, по што и официјално испадна од првата холандска лига, соопшти Фудбалскиот сојуз на Холандија (КНВБ).
„Независниот комитет за лиценцирање на КНВБ му изрече санкција на Витезе од минус 18 бодови. Клубот од Арнем ја доби оваа казна затоа што повеќепати не ги исполнуваше барањата од прописите за лиценцирање играчи во подолг временски период“, се вели во соопштението на КНВБ.
Витезе сега има минус еден бод и автоматски го загуби прволигашкиот статус на четири кола пред крајот на првенството.
Најголемиот успех во историјата клубот од Арнем го постигна во сезоната 2016/17 кога го освои Купот на Холандија.
Последен пат Витезе играше во Европа во сезоната 2021/22, кога беа елиминирани од подоцнежниот освојувач Рома во осминафиналето на Конференциската лига.
Спорт
Бакс без Јанис во првото коло од плеј-офот
Милвоки Бакс се соочува со значителен проблем пред почетокот на плеј-оф серијата во која ривал ќе им биде Индијана Пејсерс. Бакс нема да може да смета на Јанис Адетокумбo.
Како што пренесе Шамс Чаранија, Адетокумбо ќе мора да паузира од две до четири недели поради повредата на потколеницата со која се здоби на натпреварот против Бостон Селтикс.
Овие првични проценки за повреди секако значат дека Адетокумбо сигурно ќе го пропушти првото коло од плеј-офот и натпреварите со Индијана.
Плеј-офот за Бакс започнува ноќта помеѓу недела и понеделник, а тие се домаќини во првиот натпревар.
Спорт
Ивановиќ ќе добие отказ во Басконија
Кошаркарите на Басковнија, вечерва (20.30 часот) го играат решавачкио натпревар во Евролигата. Доколку го победат Виртус ќе играат во плеј-оф против Реал Мадрид.
Прашање е дали пласманот во плеј-офот може да ја спаси сезоната, бидејќи Басконија „виси“, кога е во прашање плеј-офот во домашното првенство. Во шпанското првенство се на прагот на плеј-офот.
Шпанските медиуми пишуваат дека Душко Ивановиќ би можел да ја напушти Басконија. Црногорскиот тренер го одработува четвртиот мандат во клубот. Пристигна во текот на сезоната од Црвена звезда.
Замена за Ивановиќ би требало да биде актуелниот тренер на Гран Канарија, Јака Лаковиќ, кој има клаузула во договоорт дека може да замине во тим што настапува во Евролигата.
Локалниот медиуми, „Ла Провинсија“ наведува дека Лаковиќ е првиот избор на баскискиот тим за следната сезона. Овој извор пишува дека Басконија ќе треба да плати одредена сума за да го нагажира Лаковиќ.
Лаковиќ лани со Гран Канарија го освои Еврокупот, претходно тој беше тренер на Улм.