Спорт
Трансфермаркт: Најскап е Мбапе, Меси е трет, а Роналдо го дели 12.место
„Трансфермарк“ ја објави листата на најскапите фудбалери во светот. Интересно најскап не Нејмар, ниту пак Лео Меси, а Кристијано Роналдо се наоѓа дури на 12.место.
Анализата на „Трансфермаркт“ вели дека напаѓачот на Пари Сен Жермен, Килијан Мбапе вреди…
„Трансфермарк“ ја објави листата на најскапите фудбалери во светот. Интересно најскап не Нејмар, ниту пак Лео Меси, а Кристијано Роналдо се наоѓа дури на 12.место.
Анализата на „Трансфермаркт“ вели дека напаѓачот на Пари Сен Жермен, Килијан Мбапе вреди 200 милиони евра. Нејмар, неговиот соиграч од ПСЖ и сопственик на најскапиот трансфер во историјата на фудбалот е втор (180 милиони евра).
Трет на оваа листа е Лионел Меси од Барселона кој е проценет на 160 милиони евра. Зад Аргентинецот следува група од петмина чија вредност се проценува на 150 милиони евра (Мохамд Салах, Хари Кејн, Антоан Гризман, Кевин де Брујне и Еден Азар).
Интересно Кристијано Роналдо е проценет на точно 100 милиони евра, колку што според „Трансфермаркт“ вредат Нголо Канте, Деле Али, Лирој Сане и Мауро Икарди.
Најскапи фудбалери во светот (извор Трансфермаркт):
1. Килијан Мбапе (ПСЖ/Франција) – 200 милиони евра
2. Нејмар (ПСЖ/Бразил) – 180
3. Лионел Меси (Барселона/Аргентина) – 160
4. Мохамед Салах (Ливерпул/Египет) – 150
5. Хари Кејн (Тотенхем/Англија) – 150
6. Антоан Гризман (Атлетико Мадрид/Франција) – 150
7. Кевин де Брујне (Манчестер сити/Белгија) – 150
8. Еден Азар (Челси/Белгија) – 150
9. Фелипе Кутињо (Барселона/Бразил) – 140
10. Рахим Стерлинг (Манчестер сити/Англија) – 120
11. Паоло Дибала (Јувентус/Аргентина) 110
12. Нголо Канте (Челси/Франција) – 100
13. Деле Али (Тотенхем/Англија) -100
14. Лирој Сане (Манчестер сити/Германија) – 100
15. Мауро Икарди (Интер/Аргентина) – 100
16. Кристијано Роналдо (Јувентус/Португалија) – 100
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Милик му обезбеди финале во Купот на Јувентус
Фудбалерите на Јувентус загубија од Лацио во Рим со 2:1, во вториот натпревар од полуфиналето на Купот на Италија. И покрај поразот Јувентус се пласира во своето 22. финале во Купот. Пресуди првиот меч кој Јувентус го доб со 2:0.
Лацио многу подобро го започна натпреварот, веќе во 12. минута поведе. Валентин Тати Кастеланос погоди на асистенција на Луис Алберто.
До крајот на првото полувреме немаше промена на резултатот.
Кастељанос погоди и во 49. минута, а асистент уште еднаш беше Луис Алберто – 2:0.
Се чинеше дека дуелот ќе оди во продолженија, но Јувентус успеа да се извлече во финишот.
Акрадиуш Милик, во 83.минута, во првиот контакт со топката намали на 2:1. Полјакот влезе на теренот на местото на Влаховиќ.
Јувентус во финалето го чека подобриот од дуелот меѓу Фиорентина и Аталанта.
Тимот од Фиренца успеа да слави на првиот натпревар со 1:0, реваншот е утре во Бергамо.
Финалето е на програмата на 15.мај.
Спорт
(Видео) Арсенал го декласира Челси
Арсенал го декласира Челси во заостанатиот натпревар од 29.коло во Премиер лигата. во градската пресметка со 5:0. „Тобџиите“ дојдоа до 77 бода, први се на табелата, имаат три бода повеќе од Ливерпул и три од Манчестер сити, но црвените имаат еден, а „граѓаните“ два натпревари помалку.
Арсенал во градската пресметка ги декласира „сините“ во второто полувреме. Првиот дел заврши со 1:0, со голот што го постигна Торсар во четвртата минута.
Во вториот дел се случи канонада кон глот на Челси. Вајт погоди во 52 минута, потоа Хаверц постигна два гола во 57. и 65.минута, а серијата ја заврши Вајт во 70.минута.
Спорт
Брејк на Макаби во Атина
Плеј-офот во кошаркарската Евролига започна со брејк на Макаби во ОАКА арената во Атина. Макаби го победи Панатинаикос 91:87.
Панатинаикос го контролираше натпреварот 32.минути, неколку пати зелените имаа предност од 12 поени, но не успеаја да го решат натпреварот.
Трагичар е Костас Слукас кој на 20 секунди до крајот продаде топка, а Џош Нибо од линијата за слободи го постави конечниот резултат. До тој момент Слукас одигра совршен натпревар (12 поени, 13 скокови, без загубена топка).
Најдобриот учинок во редовите на Макаби го имаше Бонзи Колсон, која забележа 18 поени со два скока, а го следеа Лоренцо Браун со 16 поени, четири скока и три асистенции, Вејд Болдвин со 15 поени со седум скока. Болдвин поради повреда не играше во последните осум минути.
Двоцифрен беше и Џош Ниебо со 12 поени и осум скока.
Кај Панатинаикос се истакна Матијас Лесор со 22 поени и шест скока, но и очајна реализација на слободните фрлања 4/11, а двоцифрени беа и Џериан Грант и Мариус Григонис со по 11 поени.
Вториот натпревар се игра за два дена исто така во Атина.