Спорт
Тригодишна суспензија за Савидис, ПАОК се збогува со титулата
Сопственикот на ПАОК, Иван Савидис доби тригодишна суспензија и парична казна од 100.000 евра, поради инцидентот што го предизвика на натпреварот ПАОК-АЕК, кога вооружен влезе на теренот.
Револтиран од одлуката на судиите, да му поништат гол за победа …
Сопственикот на ПАОК, Иван Савидис доби тригодишна суспензија и парична казна од 100.000 евра, поради инцидентот што го предизвика на натпреварот ПАОК-АЕК, кога вооружен влезе на теренот.
Револтиран од одлуката на судиите, да му поништат гол за победа на ПАОК во последната минута од натпреварот, Савидис влета на теренот со намера да се пресмета со судијата Јоргос Коминис.
Овој инцидент што го предизвика рускиот бизнисмен, кого медиумите во Грција го нарекуваат „човекот што го сопственик на пола Солун“, резултита со повеќенеделен прекин на грчкиот шампионат.
Поради скандалот фудбалскиот клуб ПАОК е казнет со одземање на три бода во тековната сезона и парична казна од 63.000 евра. Исто така, ПАОК наредната сезона ќе ја започне со минус два бода.
Санкиониран е и директорот на ПАОК, Лубош Михел, парино со 15.000 евра и е суспендиран од фудбалските натпревари во наредните 90 дена.
Воедно мечот во Солун е регистриран со службен резултат 3:0 за АЕК. Сите санкционирани имаат шраво на жалба.
Клубот од Атина сега се наоѓа на чекор до освојувањето на титулата бидејќи има седум бода повеќе од второтпласираниот Олимпијакос, а осум од ПАОК.
Грчкото првенство ќе продолжи наредниот викенд.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Але го пропушта натпреварот со Пари Сен Жермен
Напаѓачот на Борусија Дортмунд, Себастијан Але, речиси сигурно ќе го пропушти полуфиналето од Лигата на шампионите против Пари Сен Жермен следната недела, пренесува „Лекип“.
Репрезентатиецот на Брегот на Слоновата коска, го повреди скочниот зглоб на гостувањето кај Борусија Менхенгладбах (2:1), Але ќе мора да паузира најмалку две недели.
Ова е лоша вест за напаѓачот кој неодамна се опорави од рак на тестисите и штотуку почнува да се враќа во добра форма.
Зимава настапуваше за репрезентацијата на Брегот на Слоновата Коска со која го освои Африканскиот куп на нации.
Але одигра 40 натпревари за Дортмунд, постигна 12 гола и забележа шест асистенции.
Борусија се пласираше во полуфиналето на Лигата на шампионите за прв пат по 2013 година, кога го елиминираше Реал Мадрид, а потоа загуби од Баерн Минхен во финалето на „Вембли“.
Спорт
Де Хеа во Бетис?
Давид Де Хеа, минатото лето, како слободен играч го напушти Манчестер јунајтед. Имаше понуди, најмногу од Саудиска Арабија, но тој реши да ја чека вистинската, поради што ја пропушти оваа сезона.
Де Хеа на почетокот на сезоната доби понуда и од Реал Мадрид, кој остана без првиот голман Тибо Куртоа, но одби да се пресели на „Сантијаго Бернабеу“. Не откри дали го одбил „кралскиот клуб“ поради финансиската понуда или поради тоа што тој е „дете“ на Атлетико Мадрид.
Шпанските медиуми тврдат дека Де Хеа од наредната сезона се враќа меѓу стативите. Според овие извори тој ќе брани за Бетис. Ќе потпише договор со клубот од Севилја кога ќе започне преодниот рок.
Бетис моментално се седми на табелата во Примера.
Спорт
Баерн преговара и со селекторот на Австрија
Фудбалскиот клуб Баерн веќе два месеци го бара наследникот на Томас Тухел, а сега почнале преговори со Ралф Рангник, пренесува германскиот новинар на „Скај Спорт“, Флоријан Плетенберг.
Баварците се во потрага по нов шеф на стручниот штаб кој би го тимот од Тухел по завршувањето на сезоната. Затоа почнале преговори со Рагник, кој е селектор на Австрија со која ќе настапи на ЕУРО 2024. Новинарот потенцира дека многу работи би треабло да се поклопат за Рангник да дојде во Минхен.
Плетенберг пренесува дека е воспоставен контакт со Рагник откако станало јасно дека преговорите за враќање на Јулијан Нагелсман пропаднале кога тој потпиша нов договор со Германскиот фудбалски сојуз, а Баерн сака што поскоро да го претстави новиот тренер.
Договорот на Рагник со Австрискиот фудбалски сојуз е до Светското првенство во фудбал во 2026 година, но може да биде раскинат со соодветна отштета. Доколку челниците на Баерн успеат да се договорат со 65-годишниот стручњак, парите не би требало да бидат проблем.
Дополнително, Де Зерби и Зинедин Зидан се уште се кандидати за клупата на Баерн.