Спорт
ФИФА ги објави номинациите за „Играч на годината“
Светската фудбалска федерација (ФИФА), денес го објави скратениот список на кандидатите за играч на годината. За оваа престижна награда конкурираат десет фудбалски ѕвезди.
За својот избор за фудбалер на годината ФИФА го смета периодот од 3.јули 2017 до…
Светската фудбалска федерација (ФИФА), денес го објави скратениот список на кандидатите за играч на годината. За оваа престижна награда конкурираат десет фудбалски ѕвезди.
За својот избор за фудбалер на годината ФИФА го смета периодот од 3.јули 2017 до 15.јули 2018 година.
Најмногу од номинациите собраа напаѓачите, а честа на фудбалерите што играат во одбраната ја брани Рафаел Варан.
Кандидати за играч на годината според ФИФА: Кристијано Роналдо (Португалија/Реал Мадрид), Кевин Д Брујне (Белгија/Манчестер сити), Антоан Гризман (Франција/Атлетико Мадрид), Еден Азар (Белгија/Челси), Хари Кејн (Англија/Тотенхем), Килијан Мбапе (Франција/ПСЖ), Лионел Меси (Аргентина/Барселона), Лука Модриќ (Хрватска/Реал Мадрид), Мохамед Салах (Египет/Ливерпул), Рафаел Варан (Франција/Реал Мадрид).
OFFICIAL | The nominees for #TheBest FIFA Men’s Player 2018:
Cristiano Ronaldo
Kevin De Bruyne
Antoine Griezmann
Eden Hazard
Harry Kane
Kylian Mbappe
Lionel Messi
Luka Modric
Mohamed Salah
Raphael VaraneFor the period 3 July 2017-15 July 2018 pic.twitter.com/bqt8tDWY8d
— FIFA.com (@FIFAcom) July 24, 2018
ФИФА ги објави кандидатите за наградата „Тренер на годината“
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Драконска казна во Холандија – клуб исфрлен од првата лига
На фудбалскиот клуб Витезе му беа одземени 18 бодови, по што и официјално испадна од првата холандска лига, соопшти Фудбалскиот сојуз на Холандија (КНВБ).
„Независниот комитет за лиценцирање на КНВБ му изрече санкција на Витезе од минус 18 бодови. Клубот од Арнем ја доби оваа казна затоа што повеќепати не ги исполнуваше барањата од прописите за лиценцирање играчи во подолг временски период“, се вели во соопштението на КНВБ.
Витезе сега има минус еден бод и автоматски го загуби прволигашкиот статус на четири кола пред крајот на првенството.
Најголемиот успех во историјата клубот од Арнем го постигна во сезоната 2016/17 кога го освои Купот на Холандија.
Последен пат Витезе играше во Европа во сезоната 2021/22, кога беа елиминирани од подоцнежниот освојувач Рома во осминафиналето на Конференциската лига.
Спорт
Бакс без Јанис во првото коло од плеј-офот
Милвоки Бакс се соочува со значителен проблем пред почетокот на плеј-оф серијата во која ривал ќе им биде Индијана Пејсерс. Бакс нема да може да смета на Јанис Адетокумбo.
Како што пренесе Шамс Чаранија, Адетокумбо ќе мора да паузира од две до четири недели поради повредата на потколеницата со која се здоби на натпреварот против Бостон Селтикс.
Овие првични проценки за повреди секако значат дека Адетокумбо сигурно ќе го пропушти првото коло од плеј-офот и натпреварите со Индијана.
Плеј-офот за Бакс започнува ноќта помеѓу недела и понеделник, а тие се домаќини во првиот натпревар.
Спорт
Ивановиќ ќе добие отказ во Басконија
Кошаркарите на Басковнија, вечерва (20.30 часот) го играат решавачкио натпревар во Евролигата. Доколку го победат Виртус ќе играат во плеј-оф против Реал Мадрид.
Прашање е дали пласманот во плеј-офот може да ја спаси сезоната, бидејќи Басконија „виси“, кога е во прашање плеј-офот во домашното првенство. Во шпанското првенство се на прагот на плеј-офот.
Шпанските медиуми пишуваат дека Душко Ивановиќ би можел да ја напушти Басконија. Црногорскиот тренер го одработува четвртиот мандат во клубот. Пристигна во текот на сезоната од Црвена звезда.
Замена за Ивановиќ би требало да биде актуелниот тренер на Гран Канарија, Јака Лаковиќ, кој има клаузула во договоорт дека може да замине во тим што настапува во Евролигата.
Локалниот медиуми, „Ла Провинсија“ наведува дека Лаковиќ е првиот избор на баскискиот тим за следната сезона. Овој извор пишува дека Басконија ќе треба да плати одредена сума за да го нагажира Лаковиќ.
Лаковиќ лани со Гран Канарија го освои Еврокупот, претходно тој беше тренер на Улм.