Спорт
(Видео) „Фудбал за пријателство“ одбележана на теренот на ФК „Вардар“
Преку активности за промоција на мирот и еднаквоста беше одбележан Денот на фудбалот и пријателството од страна на претставниците на Македонија, учесници во програмата „Фудбал за пријателство“. Професорката Наташа Мешкова вели дека со овој проект, поддржан од компанијата „Газпром“, се учат вистинските вредности додавајќи дека оваа година делегацијата од Македонија, која ќе ја предводи таа, а ќе учествуваат и младиот спортист Максим Цониќ и младата новинарка Ева Јакимовска, ќе замине во Москва за да присуствува на отворањето на Светското првенство.
Гости на теренот на ФК „Вардар“ беа соучениците на Максим и Ева, кои за одбележување на овој ден добија подарок алки за пријателство.
„Овој ден се одбележува уште од 2013 година во голем број земји во светот. Децата од целиот свет го одбележуваат овој ден разговарајќи за тоа како да го поттикнуваат пријателството преку спортот и спортските активности. Воедно, овој ден служи како потсетник за сите нас да се водиме според основните човекови вредности, како на теренот така и надвор од него“, вели младата новинарка Јакимовска.
На спортскиот терен присутен беше и легендарниот фудбалер Илија Најдоски, кој одговори на прашањата поставени од присутните за тоа кои човекови вредности од секојдневието важат најмногу на фудбалскиот терен објаснувајќи колку пријателства се создаваат преку спортот.
„Главен симбол на интернационалниот Ден на фудбалот и пријателството, како и на проектот ‘Фудбал за пријателство’, е алката за пријателство“, рече Цониќ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Абердин ќе бара 8.000.000 фунти за Миовски
Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски, во летниот преоден рок ќе го напушти Абердин. Шкотските медиуми пишуваат дека интерес за Македонецот покажале великаните не само на шкотскиот туку и на европскиот фудбал, Ренџерс и Селтик. Според овие извори поголем интерес постои кај „полицајците“.
Глазгов Ренџерс подолг период внимателно го следи Миовски, кој ја игра најдобрата сезона во кариерата. Во сите натпреварувања, Миовски одигра 48 натпревари, постигна 24 гола.
Цената која треба да ја издвојат заинтересираните клубови изнесува 8.000.000 фунти.
Покрај Ренџерс и Селтик, интерес за Миовски наводно има и кај Феенорд. Актуелниот освојувач на Купот на Холандија, бара замена во нападот за Мексиканецот Хименес, кој извесно е дека ќе го напушти клубот.
Спорт
Наз Рид најдобра резерва во НБА лигата
Центарот на Минесота Тимбервулвс, Наз Рид, ја доби нагрдата за најдобар шест играч во НБА лигата.
Рид, од експертите добил 352 гласа, десет повеќе од бекот на Сакраменто Кингс, Малик Монк.
Наз Рид, во регуларниот дел од сезоната имаше просек од 13,5 поени, 5,2 скока и 1,3 асистенции во 81 одигран натпревар. На 67 натпревари тој влегуваше од клупата, како замена за Руди Гобер или Карл Ентони Таунс.
Тимбервулфс на крајот го освоија третото место во Западната конференција со скор од 56 победи и 26 порази.
Во четврток ќе биде доделена наградата „Клач играч на годината“, односно играч кој бил најдобар во клучните моменти, тука финалисти се Стеф Кари, Демар Дерозан и Шеј Гилџис-Александер.
Наградата за тренер на годината се доделува во недела, а меѓу финалистите се Мајк Дагно од Оклахома, Крис Финч од Минесота и Џамал Мозли од Орландо.
Спорт
ФА го казни Компани
Менаџерот на Барнли, Винсент Компани е казнет од челниците на Фудбалската асоцијација на Англија (ФА).
Причината за казната е неговото однесување на натпреварот од Премиер лигата со Челзи на „Стемфорд Бриџ“.
Компани неколку пати го нарекол судијата Дарен Ингланд „е.ен измамник“, откако претходно досуди пенал за Челзи во 40. минута.
Поради непримерното однесување Компани доби црвен картон.
Компани ќе треба да плати 10.000 фунти и нема да може да го води тимот во два натпревари.