Спорт
Хамилтон и Фетел би сакале да се колеги, но тоа не е изводливо
Пред „дијамантот“ на Ф1 календарот, трката во Монако, двајцата најтрофејни активни возачи, Себастијан Фетел и Луис Хамилтон необично прозборуваа за можно партнерство во Ферари.
Фетел вели дека би го пречекал со отворени раце својот ривал за титулата, о…
Пред дијамантот на Ф1-календарот, трката во Монако, двајцата најтрофејни активни возачи, Себастијан Фетел и Луис Хамилтон, необично проговорија за можно партнерство во Ферари.
Фетел вели дека би го пречекал со отворени раце својот ривал за титулата бидејќи Хамилтон сè уште не го продолжил договорот (кој му завршува на крајот на годината) со Мерцедес. Фетел има договор со Ферари до 2020 година, но неговиот колега Кими Раиконен ќе биде слободен возач во 2019 година.
„Не знам, тој не ме прашал, но не би ми пречело. Да бидам искрен, пресреќен сум од партнерството што го имам со Кими, но никогаш не знаеш што ќе се случи. Сигурен сум дека Луис сака да продолжи со Мерцедес. Друго би било големо изненадување, но никогаш не се знае. Можеби еден ден ќе одиме двајцата во ист тим бидејќи веќе сме стари“, вели Фетел.
Партнерство Фетел-Хамилтон во Ферари би личело на славните денови на Ф1 на крајот на 80-тите кога Аиртон Сена и Алан Прост имаа луто ривалство во Мекларен. Хамилтон вели дека возач како Фетел само би го мотивирал да оди подалеку.
„Подготвен сум да се тркам со секого. Сега сум против него во прилично конкурентен болид и тоа е возбудливо. Во историјата кога има двајца силни возачи, тешко се прави рамнотежа, но тој работи добро со Кими. Во кариерата сум возел против најдобрите, како Фернандо Алонсо и Џенсон Батон, и тоа ти дава екстра мотивација. Валтери е фантастичен ривал и затоа имам мотивација. Не очекувам да бидеме колеги, освен ако не возиме на Ле Ман еден ден“, додава Хамилтон.
Фото: ЕПА
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Тонали сега е на удар и на Англичаните поради обложувањето
Играчот од средниот ред на Њукасл, Сандро Тонали е под истрага од Фудбалската асоцијација (ФА) поради прекршување на правилата против обложување.
Италијанецот веќе отслужува 10-месечна суспензија од Италијанскиот фудбалски сојуз поради обложување за време на неговото играње за Милан.
Новите докази покажуваат дека Тонали се обложувал и кога дошол во Њукасл. Младиот 23-годишен играч го прекршил правилото дури 50 пати од 12 август до 12 октомври 2023 година.
На Тонали му е даден рок до 5 април да одговори на обвиненијата.
„Добивме потврда дека е покрената истрага. Клубот и Тонали целосно ќе соработуваат. Тоа е се што можеме да кажеме во моментов“, се вели во соопштението за медиумите на клубот.
Тонали пристигна во Њукасл минатиот јули во трансфер вреден 60 милиони фунти од Милан.
Спорт
Најдобриот судија во БиХ поради закани одби да им суди на Железничар и Сараево
Шампионатот на Босна и Херцеговина влегува во завршна фаза, а локалниот портал „Спортспорт“, пишува дека најдобриот судија, Ирфан Пељто одбил да им суди на клубовите кои доаѓаат од главниот град Железничар и Сараево) до крајот на сезоната.
Пељто тоа го направил поради наводните закани што ги добивал тој и неговото потесно семејство, кои ги пријавил во полиција. Најдобриот судија од БиХ за својата одлука го известил Судискиот комитет на Фудбалскиот сојуз на Босна и Херцеговина, кој ја прифатил неговата одлука.
Железничар и Сараево ќе одиграат неколку дерби натпревари до крајот на сезоната, но Пељто нема да суди на ниту еден од нив.
Тој требаше да биде главен судија викендов на дербито меѓу Железничар и Вележ, но главен судија на „Грбавица“ ќе биде Елведин Топузовиќ. .
Пељто гради завидна кариера на меѓународен план и често суди натпревари во Лигата на шампионите. Неодамна судеше на пријателскиот натпревар меѓу Словенија и Португалија, а претходно го судеше и натпреварот Лајпциг- Реал Мадрид.
Речиси е сигурно дека ќе суди на ЕП.
Спорт
Интер подготвува нов договор за Инзаги
Интер е апсолутен лидер во Серија А, прашање е само кога и математички ќе ја обезбеди шампионската титула, која ќе биде прва во кариерта на Симоне Инзаги. 47-годишниот тренер досега има освојувано трофеи само во Купот и Суперкупот на Италија.
Она што Инзаги го направи оваа сезона во Серија А, ги натера клупските челници да ја сменат својата стратегија и да му понудат нов договор на тренерот.
Инзаги досега двапати го продолжуваше договорот со Интер, во 2022 и 2023 година, двата пати клубот му понуди едногодишен договор. Овој пат на 47-годишниот тренер ќе му биде понуден двегодишен договор.
Во однос на претходните години, разликата е што на Инзаги ќе му биде понуден нов договор пред да заврши сезоната, а не откако таа ќе заврши.
Интер е на чекор до освојување на шампионската титула во Серија А, откако по 29 кола е прв на табелата со 76 бодови, 14 повеќе од второпласираниот градски ривал Милан.