Спорт
Хамилтон пред двајцата возачи на Ред бул во Барселона
Светскиот шампион на Мерцедес, Луис Хамилтон ги победи возачите на Ред бул, Даниел Рикјардо и Макс Ферстапен за да биде најбрз на втората тренинг-сесија пред Шпанското ГП во Барселона.
Хамилтон и Рикјардо беа дел од возачите кои ги поставија своите нај…
Светскиот шампион на Мерцедес, Луис Хамилтон, ги победи возачите на Ред бул, Даниел Рикјардо и Макс Ферстапен, за да биде најбрз на втората тренинг-сесија пред Шпанското ГП во Барселона.
Хамилтон и Рикјардо беа дел од возачите што ги поставија своите најдобри времиња на мека гума наместо на теоретски побрзата супермека. Ферстапен и Себастијан Фетел во Ферари возеа на супермеки гуми, но беа на третото, односно четвртото место, со што не се доби најјасна слика пред саботните квалификации на патеката во Каталуња.
Многу возачи се мачеа да ги загреат доволно супермеките гуми за еден круг, така што најдобрите кругови не значат дека тие болиди беа најбрзи. Ова најавува потенцијално тесна борба за победа и се очекува Мерцедес и Ферари да имаат предност на квалификациите поради посилните мотори.
Во Ферари мора да се загрижени кога Кими Раиконен, кој постави шесто најбрзо време, се повлече во боксот со чад од задниот дел на болидот.
Шести најбрз на сесијата беше Роман Грожан во Хас пред Фернандо Алонсо во обновениот Мекларен, што може да е ветувачки резултат за Шпанецот, посебно бидејќи тој го постави најбрзиот круг на средни гуми.
Фото: ЕПА
FP2 CLASSIFICATION@LewisHamilton on top, with @redbullracing breathing down his neck
This could get interesting ?#F1 ?? #SpanishGP pic.twitter.com/y0TkWzFVnq
— Formula 1 (@F1) May 11, 2018
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Драконска казна во Холандија – клуб исфрлен од првата лига
На фудбалскиот клуб Витезе му беа одземени 18 бодови, по што и официјално испадна од првата холандска лига, соопшти Фудбалскиот сојуз на Холандија (КНВБ).
„Независниот комитет за лиценцирање на КНВБ му изрече санкција на Витезе од минус 18 бодови. Клубот од Арнем ја доби оваа казна затоа што повеќепати не ги исполнуваше барањата од прописите за лиценцирање играчи во подолг временски период“, се вели во соопштението на КНВБ.
Витезе сега има минус еден бод и автоматски го загуби прволигашкиот статус на четири кола пред крајот на првенството.
Најголемиот успех во историјата клубот од Арнем го постигна во сезоната 2016/17 кога го освои Купот на Холандија.
Последен пат Витезе играше во Европа во сезоната 2021/22, кога беа елиминирани од подоцнежниот освојувач Рома во осминафиналето на Конференциската лига.
Спорт
Бакс без Јанис во првото коло од плеј-офот
Милвоки Бакс се соочува со значителен проблем пред почетокот на плеј-оф серијата во која ривал ќе им биде Индијана Пејсерс. Бакс нема да може да смета на Јанис Адетокумбo.
Како што пренесе Шамс Чаранија, Адетокумбо ќе мора да паузира од две до четири недели поради повредата на потколеницата со која се здоби на натпреварот против Бостон Селтикс.
Овие првични проценки за повреди секако значат дека Адетокумбо сигурно ќе го пропушти првото коло од плеј-офот и натпреварите со Индијана.
Плеј-офот за Бакс започнува ноќта помеѓу недела и понеделник, а тие се домаќини во првиот натпревар.
Спорт
Ивановиќ ќе добие отказ во Басконија
Кошаркарите на Басковнија, вечерва (20.30 часот) го играат решавачкио натпревар во Евролигата. Доколку го победат Виртус ќе играат во плеј-оф против Реал Мадрид.
Прашање е дали пласманот во плеј-офот може да ја спаси сезоната, бидејќи Басконија „виси“, кога е во прашање плеј-офот во домашното првенство. Во шпанското првенство се на прагот на плеј-офот.
Шпанските медиуми пишуваат дека Душко Ивановиќ би можел да ја напушти Басконија. Црногорскиот тренер го одработува четвртиот мандат во клубот. Пристигна во текот на сезоната од Црвена звезда.
Замена за Ивановиќ би требало да биде актуелниот тренер на Гран Канарија, Јака Лаковиќ, кој има клаузула во договоорт дека може да замине во тим што настапува во Евролигата.
Локалниот медиуми, „Ла Провинсија“ наведува дека Лаковиќ е првиот избор на баскискиот тим за следната сезона. Овој извор пишува дека Басконија ќе треба да плати одредена сума за да го нагажира Лаковиќ.
Лаковиќ лани со Гран Канарија го освои Еврокупот, претходно тој беше тренер на Улм.