Спорт
Чекинато со сицилијански шок за Ѓоковиќ
Марко Чекинато, 25-годишниот тенисер од Сицилија, успеа првпат во својата кариера да стигне до полуфинале на еден гренд слем турнир, откако во интересен меч со 6:3/7:6(4)/1:6/7:6(11) го елиминираше Новак Ѓоковиќ.
72-рангираниот Чекинато, кој во април п…
Марко Чекинато, 25-годишниот тенисер од Сицилија, успеа првпат во својата кариера да стигне до полуфинале на еден гренд слем турнир, откако во интересен меч со 6:3/7:6(4)/1:6/7:6(11) го елиминираше Новак Ѓоковиќ.
72-рангираниот Чекинато, кој во април победи во Будимпешта за да стане првиот тенисер од Сицилија кој победил на АТП турнир, пред настапот на Ролан Гарос немаше ниту една гренд слем победа. Меѓутоа, во Париз, тој ги победи Копил, Трунгелити, Карењо-Буста и Гофан, пред да стигне до најголемиот триумф во кариерата против Ѓоковиќ.
Чекинато, сега, за место во финалето ќе се бори со апсолутниот фаворит, Доминик Тим, кој претходно во три сета го совлада Александер Зверев.
За Ѓоковиќ пак, со поразот се става крај на релативно успешниот Франција опен за него, посебно ако се земе во предвид дека последните неколку месеци, поранешниот светски број 1 не успеа да ја врати својата препознатлива форма.
Ѓоковиќ неколку пати бараше медицинска помош за својот врат и рамото, а на Чекинато ова му беше доволно да го освои првиот сет. Во вториот сет Ѓоковиќ успеа да се бори посилно, но го загуби тај-брејкот, пред во третиот сет со експресна серија да намали на 2:1.
Но, тогаш Србинот повторно побара помош од својот физиотерапевт за повредата на десната нога. Чекинато ја загуби контролата и беше казнет со поен за самоволно напуштање на теренот (да смени патики), но во тај-брејкот покажа исклучителна борбеност за да го добие со 13:11.
Фото: ЕПА
Тим повторно во париското полуфинале, Зверев веќе немаше сили
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Хаос на белградските улици – Тепачка меѓу Делии и Гробари
Сериозни инциденти се се случија во Белград, пред 173-то вечно дерби, меѓу Црвена звезда и Партизан.
Низ улиците на Белград се случиле неколку тепачки, а според видеата на социјалните мрежи, најсериозната тепачка е снимена во центарот на Блеград.
На видеото на страницата „Мој Белград“ се гледаат како летаат камења, а хулиганите имаат палки. Полицијата интервенираше, а имаше и апсења.
Според натписите на сведоците на социјалните мрежи, се слушнале и истрели, а полицијата брзо интервенирала.
Профилот на Инстаграм „Србија во живо Белград“ објави видео на кое хулиганите трчаат со палки во рацете.
Српските медуми објавија дека полицијата уапсила 50 хулигани.
Спорт
(Видео) Миовски избран во тимот на сезоната во Шкотска
Maкедонскиот репрезентативец Бојан Миовски доби награда за извонредите парти во Премиер лигата на Шкотска. Миовски е избран во идеалниот тим на сезоната.
Миовски го предводи нападот во формацијата 4-3-3 заедно со Лоренс Шанкленд од Хартс, Тио Бер од Мадервил.
🏆 PFA Scotland Premiership Team of the Year.
As voted by the players, here’s your selection for 23/24:
Jack Butland
James Tavernier
Cameron Carter-Vickers
Liam Scales
Owen BeckMatt O’Riley
John Lundstram
Callum McGregorBojan Miovski
Lawrence Shankland
Theo Bair… pic.twitter.com/FjQ5HNpQgm— PFA Scotland (@PFAScotland) April 20, 2024
Инаку, Миовски денеска постигна гол во полуфиналето на Купот против Селтик, но неговиот тим не успеа да се пласира во финалето.
Натпреварот заврши 3:3, а Селтик пебал-серијата ја доби со 6:5.
Bojan Miovski LOVES Hampden Park! 😍
A dream start for @AberdeenFC as they take the lead against Celtic 🔴#ScottishCup pic.twitter.com/ePvLHsIF81
— Premier Sports (@PremSportsTV) April 20, 2024
Спорт
УЕФА го суспендира Емилијано Мартинез
Голманот на Астон Вила, Емилијано Мартинез, поради суспензија ќе го пропушти првиот полуфинален натпревар од Конференциската лига против Олимпијакос, потврди Европската фудбалска унија (УЕФА).
Мартинез, во четвртокот, во реваншот од четвртфиналето против Лил доби жолт картон во 39. минута, а втор жолт картон при изведувањето на пенали поради неспортско однесување кон домашните навивачи.
Аргентинскиот голман не беше исклучен, бидејќи жолтите картони во текот на натпреварот не важат во пенал серијата.
Сепак светскиот првак со Аргентина доби суспензија. УЕФА го казни Мартинез бидејќи во пенал-серијата константно ја провоцираше домашната публика.
Астон Вила по изведувањето пенали го победи Лил со 4:3, а Мартинез одбрани два пенали, во првата и петтата серија им одбрани на Бенталеб и Андре.
Првиот натпревар од полуфиналето на Конференциската лига меѓу Астон Вила и Олимпијакос ќе се одигра на 2 мај во Бирмингем, а реваншот седум дена подоцна во Грција.