Спорт
Чеферин нема предизвикувач за претседателското место во УЕФА
Александер Чеферин нема да има против-кандидат на изборите за претседател на УЕФА, со што Словенецот останува уште барем четири години на чело на моќната европска фудбалска асоцијација.
Чеферин го наследи Французинот Мишел Платини на чело на УЕФА во 20…
Александер Чеферин нема да има противкандидат на изборите за претседател на УЕФА, со што Словенецот останува уште барем четири години на чело на моќната европска фудбалска асоцијација.
Чеферин го наследи Французинот Мишел Платини на чело на УЕФА во 2016 година, а во август беше номиниран за втор мандат пред изборите во февруари 2019 година. Поранешниот претседател на Словенечката фудбалска федерација сега останува уште четири години на чело на УЕФА бидејќи потврдата на изборот во Рим на 7 февруари останува чиста формалност.
Претходно оваа недела Чеферин најави остра борба против плановите за формирање европска Суперлига на богатите клубови ветувајќи еднаквост за сите.
„Ќе се борам против таквата идеја додека сум на чело на УЕФА“, изјави Чеферин за магазинот „Кикер“.
УЕФА исто така ги потврди кандидатите за потпретседателското место во ФИФА и за местата во советот на ФИФА. Унгарецот Шандор Чањ уште четири години ќе биде потпретседател на ФИФА бидејќи и тој немаше противкандидат, а претседателот на англиската ФА, Грег Кларк, ќе се бори со претседателот на ирската ФА, Дејвид Мартин, за позицијата, која е гарантирана на четирите британски асоцијации.
Претседателот на Германскиот фудбалски сојуз (ДФБ), Рајнхард Гриндел, ќе остане член на советот на ФИФА, а му се приклучуваат Португалецот Фернандо Гомеш и Кипарецот Јоргос Кумас.
Фото: ЕПА
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Шекил: Сакам Симонс да ме научи како за 55 натпревари заработи 80 милиони долари
Изјавата на Шекил О’Нил во еден подкаст, во пресрет на почетокот на плеј-офот во НБА лигата, привлече големо внимание во САД.
Еден од најдобрите центри во историјата на кошарката, саркастично одговори на прашањето за кои играчи би платил карта да ги гледа во живо.
„Бен Симонс, затоа што сакам да научам како можеш да заработиш 80 милиони, а да одиграш само 55 натпревари. Научи ме човеку. Научи ме како можеш да одиграш 55 натпревари во три сезони и да добиеш 30 милиони, 40 милиони и уште 40 милиони само за да рекол дека го боли грбот“, рече четирикратниот шампион во НБА.
Симонс во 2016 година беше прв пик на драфтот, го избра Филалделфија, во чии редови беше до 2022 година кога се пресели во Бруклин Нетс. За Бруклин во првата сезона одигра 40 натпревари, а оваа само 15.
Спорт
Педри и Де Јонг ќе бидат подготвени за ПСЖ
Фудбалерите на Барселона, Педри и Френки де Јонг, најверојатно ќе се вратат во тимот за првиот четвртфинален натпревар од Лигата на шампионите против Пари Сен Жермен.
„Педри и Де Јонг се повредија на почетокот на месецот на мечот против Атлетик Билбао (0:0) во шпанското првенство, но се опоравија и би можеле да бидат во тимот за дуелот во Париз“, пишува „Мундо депортиво“.
Според оовј извор, Педри веќе почнал сам да тренира, а Де Јонг се уште е на рехабилитација, но наскоро ќе почне да тренира. Лекарскиот тим на Барселона е уверен дека тој ќе биде подготвен за натпреварот против ПСЖ на 10 април.
Андреас Кристенсен и Роналд Араухо имаат проблем со ситни повреди и најверојатно поради претпазливост ќе го пропуштат претстојниот првенствен натпревар во Барселона против Лас Палмас.
Спорт
Тренер на Лестер доби отказ – бил во врска со фудбалерка од тимот
Менаџерот на женскиот фудбалски клуб Лестер сити, Вили Кирк (45) е отпуштен откако со внатрешна истрага било откриено дека го прекршил кодексот на однесување.
Британските медиуми објавија дека Кирк е под истрага за наводна врска со фудбалерка од тимот.
Кирк првично беше суспендиран, а сега е отпуштен, со што заврши неговиот двегодишен престој во клубот.
„По опсежни внатрешни дисциплински постапки и почитување на индивидуалната приватност, Вили го прекрши кодексот на однесување до степен што ја прави неговата позиција неодржлива“, велат од клубот.
Тој му се приклучи на Лестер во јули 2022 година како спортски директор и ја замени Лидија Бедфорд на клупата четири месеци подоцна. Лестер моментално е деветти на табелата во англиската лига.