Спорт
Чкембари по вчерашните инциденти: Специјалци нѐ нападнаа без причина во салата, откако “храбри” Комити фрлаа со столчиња
Битолската навивачка група Чкембари тврди дека неколку “храбри” Комити ја испровоцирале нивната реакција на вчерашниот натпревар кога Вардар го совлада Пелистер со резултат од 31-24. За време на ракометното деррби имаше инцидент кога гостински навивачи влетаа на теренот и почнаа да фрлаат кон домашните навивачи со пиротехнички средства. Навивачите на Вардар, возвратија фрлајќи со шишиња и тврди предмети.
„Вчерашното дерби го одбележаја низа инциденти, повторно истата приказни неколку “храбри” комити криејќи се низ обичната публика со фрлање столчиња и други предмети испровоцираја реакција и од наша страна, буквално на неколку пати до сега ја користат најподлата техника за одбрана позната како ЖИВ ШТИТ.
И сето тоа досега никој ни да го спомни ни да го осуди, напротив во медиумите ние сме оцрнети.
Не се коментира ни за повторно намерениот “пропуст” по кој знае кој пат, слободно влегување в терен, но никако и со таква поддршка да се стигни до нас, зошто за тоа не е потреба страшна облека, фантомки и слично, то не се купва во продавница!
Стигнавме до полицијата…
Како да чекаја момент да се испразни салата па јуришно тргнаја еден вод специјалци кон нас и буквално не нападнаја без никаква причина, сите се чудевме од каде таква реакција па дури и специјалците кои до тогаш беа околу нас, настана голем хаос во кој 100тина навивачи паднаја еден врз друг и можеше да заврши трагично таквата неиспровоцирана реакција на полицијата.
После долго време во салата полицијата повторно БЕЗ НИКАКВА СЕЛЕКЦИЈА почна да апси наши членови, само колку визуелно да изгледа дека тие ја сработиле својата работа.
Сакаме да му се заблагодариме и на нашите браќа од Кавадарци кои секогаш се со нас, во добро и во зло, па така и денес.
За крај благодарни сме и на тие што излегоја во пресрет на уапсените Чкембари. ЧКЕМБАРИ СЕ НЕУНИШТЛИВИ“, напишаа тие во својата објава на Фејсбук.
Полицијата вчера приведе 18 навивачи по инцидентите во салата „Јане Сандански“. По фрлањето предмети на теренот, а потоа и судир меѓу групите, известен беше и јавен обвинител.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Драконска казна во Холандија – клуб исфрлен од првата лига
На фудбалскиот клуб Витезе му беа одземени 18 бодови, по што и официјално испадна од првата холандска лига, соопшти Фудбалскиот сојуз на Холандија (КНВБ).
„Независниот комитет за лиценцирање на КНВБ му изрече санкција на Витезе од минус 18 бодови. Клубот од Арнем ја доби оваа казна затоа што повеќепати не ги исполнуваше барањата од прописите за лиценцирање играчи во подолг временски период“, се вели во соопштението на КНВБ.
Витезе сега има минус еден бод и автоматски го загуби прволигашкиот статус на четири кола пред крајот на првенството.
Најголемиот успех во историјата клубот од Арнем го постигна во сезоната 2016/17 кога го освои Купот на Холандија.
Последен пат Витезе играше во Европа во сезоната 2021/22, кога беа елиминирани од подоцнежниот освојувач Рома во осминафиналето на Конференциската лига.
Спорт
Бакс без Јанис во првото коло од плеј-офот
Милвоки Бакс се соочува со значителен проблем пред почетокот на плеј-оф серијата во која ривал ќе им биде Индијана Пејсерс. Бакс нема да може да смета на Јанис Адетокумбo.
Како што пренесе Шамс Чаранија, Адетокумбо ќе мора да паузира од две до четири недели поради повредата на потколеницата со која се здоби на натпреварот против Бостон Селтикс.
Овие првични проценки за повреди секако значат дека Адетокумбо сигурно ќе го пропушти првото коло од плеј-офот и натпреварите со Индијана.
Плеј-офот за Бакс започнува ноќта помеѓу недела и понеделник, а тие се домаќини во првиот натпревар.
Спорт
Ивановиќ ќе добие отказ во Басконија
Кошаркарите на Басковнија, вечерва (20.30 часот) го играат решавачкио натпревар во Евролигата. Доколку го победат Виртус ќе играат во плеј-оф против Реал Мадрид.
Прашање е дали пласманот во плеј-офот може да ја спаси сезоната, бидејќи Басконија „виси“, кога е во прашање плеј-офот во домашното првенство. Во шпанското првенство се на прагот на плеј-офот.
Шпанските медиуми пишуваат дека Душко Ивановиќ би можел да ја напушти Басконија. Црногорскиот тренер го одработува четвртиот мандат во клубот. Пристигна во текот на сезоната од Црвена звезда.
Замена за Ивановиќ би требало да биде актуелниот тренер на Гран Канарија, Јака Лаковиќ, кој има клаузула во договоорт дека може да замине во тим што настапува во Евролигата.
Локалниот медиуми, „Ла Провинсија“ наведува дека Лаковиќ е првиот избор на баскискиот тим за следната сезона. Овој извор пишува дека Басконија ќе треба да плати одредена сума за да го нагажира Лаковиќ.
Лаковиќ лани со Гран Канарија го освои Еврокупот, претходно тој беше тренер на Улм.