Спорт
Шеесет поени на Кемба недоволни за победа, Дончиќ го „урна“ шампионот (видео)
Кемба Вокер постигна 60 поени за домаќините Шарлот хорнетс, но тие не беа доволни за победа, откако Џими Батлер постигна тројка во последната секунда од продолжението за Филаделфија да стигне до 122:119 победа.
За Вокер, ова беше личен рекорд, рекорд з…
Кемба Вокер постигна 60 поени за домаќините Шарлот хорнетс, но тие не беа доволни за победа, откако Џими Батлер постигна тројка во последната секунда од продолжението за Филаделфија да стигне до 122:119 победа.
За Вокер, ова беше личен рекорд, рекорд за Хорнетс и прв учинок со над 60 поени откако Џејмс Харден постигна 60 против Орландо минатиот јануари. Но, Хорнетси не успеаја да го „зачинат“ ова со победа – откако се вратија од 10 негатива во регуларниот дел, тие губеа со 119:114 на 1:14 пред крајот пред Вокер да погоди и Џереми Ламб со тројка да израмни на 34.7 поени до крајот. Вили Ернангомез потоа украде едно додавање, но Батлер го блокираше Вокер, пред да ја постигне тројката.
Словенечкото „чудо“, Лука Дончиќ продолжува со фантастичната игра за Далас, предводејќи ги Маверикси до 112:109 победа над шампионите Голден Стејт со 24 поени, 4 асистенции и 9 скока. Барнс додаде 23 поени, додека за Вориорс најдобар беше Кевин Дурент со 32 поени. Ова беше прва победа на Далас над Голден Стејт по десет натпревари и четврта победа во низа за тимот.
НБА РЕЗУЛТАТИ
Шарлот – Филаделфија 119:122 ОТ
Далас – Голден Стејт 112:109
Њу Орлеанс – Денвер 125:115
Орланд – Л.А. Лејкерс 130:117
Јута – Бостон 98:86
Хјустон – Сакраменто 132:112
Торонто – Чикаго 122:83
Оклахома Сити – Феникс 110:100
Л.А.Клиперс – Бруклин 127:119
Индијана – Атланта 97:89
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Педри и Де Јонг ќе бидат подготвени за ПСЖ
Фудбалерите на Барселона, Педри и Френки де Јонг, најверојатно ќе се вратат во тимот за првиот четвртфинален натпревар од Лигата на шампионите против Пари Сен Жермен.
„Педри и Де Јонг се повредија на почетокот на месецот на мечот против Атлетик Билбао (0:0) во шпанското првенство, но се опоравија и би можеле да бидат во тимот за дуелот во Париз“, пишува „Мундо депортиво“.
Според оовј извор, Педри веќе почнал сам да тренира, а Де Јонг се уште е на рехабилитација, но наскоро ќе почне да тренира. Лекарскиот тим на Барселона е уверен дека тој ќе биде подготвен за натпреварот против ПСЖ на 10 април.
Андреас Кристенсен и Роналд Араухо имаат проблем со ситни повреди и најверојатно поради претпазливост ќе го пропуштат претстојниот првенствен натпревар во Барселона против Лас Палмас.
Спорт
Тренер на Лестер доби отказ – бил во врска со фудбалерка од тимот
Менаџерот на женскиот фудбалски клуб Лестер сити, Вили Кирк (45) е отпуштен откако со внатрешна истрага било откриено дека го прекршил кодексот на однесување.
Британските медиуми објавија дека Кирк е под истрага за наводна врска со фудбалерка од тимот.
Кирк првично беше суспендиран, а сега е отпуштен, со што заврши неговиот двегодишен престој во клубот.
„По опсежни внатрешни дисциплински постапки и почитување на индивидуалната приватност, Вили го прекрши кодексот на однесување до степен што ја прави неговата позиција неодржлива“, велат од клубот.
Тој му се приклучи на Лестер во јули 2022 година како спортски директор и ја замени Лидија Бедфорд на клупата четири месеци подоцна. Лестер моментално е деветти на табелата во англиската лига.
Спорт
И Манчестер јунајтед го сака Дани Олмо
Манчестер jунајтед влезе во трката за потписот на шпанскиот репрезентативец Дани Олмо.
Неодамна на пријателскиот натпревар со Брзил во Мадрид постигна гол во меч кој заврши без победник (3:3).
Олмо, во јуни минатата година го продолжи договорот со Лајпциг до летото 2027 година, но тоа не значи дека ќе остане таму до крајот на договорот.
Во јуни ќе може да се активира откупната клаузула во висина од 60 милиони евра.
За него претходно беа заинтересирани Манчестер сити, Челзи, Тотенхем и Реал Мадрид, а од неодамна во трката влезе и Манчестер Јунајтед.
На „Олд Трафорд“ парите за трансферот ќе соберат од продажба на играчи кои веќе немаат место во тимот. Прашање е дали Олмо ќе ги избере „црвените ѓаволи“, бидејќи се уште не се сигурни дали ќе играат во Лигата на шампионите наредната сезона.