Спорт
Шкендија против ТНС посакува победа без примен гол
Во сенка на полу-финалните натпревар на Светското првенство во Русија, денес започнува новата сезона во европските купови. На програмата се осум натпревари во првото квалификациско коло, во Лигата на шампионите.
Вечерва својот прв натпревар ќе го одигр…
Во сенка на полуфиналните натпревари на Светското првенство во Русија, денес започнува новата сезона во европските купови. На програмата се осум натпревари во првото квалификациско коло во Лигата на шампионите.
Вечерва својот прв натпревар ќе го одигра и шампионот на Македонија, Шкендија, против ТНС од Велс.
Во пресрет на дуелот од Шкендија посакуваат победа без примен гол, а на спротивната страна ќе направат сè за да ја сочуваат својата мрежа.
„ТНС е клуб што е седумкратен шампион на таа земја, тоа е клуб што заслужува голема почит, имаат одиграно многу натпревари во квалификациите од Лигата на шампионите, но и во Лига Европа. Ние влегуваме максимално во овој меч со огромна почит кон противникот. Би сакал победа без примен гол, иако желбите се да победиме убедливо“, изјавил тренерот на Шкендија, Ќатип Османи, кој ќе може да смета и на најдобриот стрелец Бесарт Ибраими.
Натпреварот на стадионот „Филип Втори“ во Скопје ќе започне во 20.15 часот.
Во текот на денот, покрај дуелот Шкендија-ТНС, ќе се одиграат уште седум натпревари:
17.30 ч Флора (Естониј)-Хапоел Бер Шива (Израел)
18 ч Алашкерт (ерменија)-Селтик (Шкотска)
18 ч Дуделанж (Луксембург)-Видеотон (Унгарија)
20 ч Викингур (Фарски острови)-ХЈК (Финска)
20.45 ч Корк сити (Ирска)-Легија Варшава (Полска)
20.45 ч Дрита (Косово)-Малме (Шведска)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Абердин ќе бара 8.000.000 фунти за Миовски
Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски, во летниот преоден рок ќе го напушти Абердин. Шкотските медиуми пишуваат дека интерес за Македонецот покажале великаните не само на шкотскиот туку и на европскиот фудбал, Ренџерс и Селтик. Според овие извори поголем интерес постои кај „полицајците“.
Глазгов Ренџерс подолг период внимателно го следи Миовски, кој ја игра најдобрата сезона во кариерата. Во сите натпреварувања, Миовски одигра 48 натпревари, постигна 24 гола.
Цената која треба да ја издвојат заинтересираните клубови изнесува 8.000.000 фунти.
Покрај Ренџерс и Селтик, интерес за Миовски наводно има и кај Феенорд. Актуелниот освојувач на Купот на Холандија, бара замена во нападот за Мексиканецот Хименес, кој извесно е дека ќе го напушти клубот.
Спорт
Наз Рид најдобра резерва во НБА лигата
Центарот на Минесота Тимбервулвс, Наз Рид, ја доби нагрдата за најдобар шест играч во НБА лигата.
Рид, од експертите добил 352 гласа, десет повеќе од бекот на Сакраменто Кингс, Малик Монк.
Наз Рид, во регуларниот дел од сезоната имаше просек од 13,5 поени, 5,2 скока и 1,3 асистенции во 81 одигран натпревар. На 67 натпревари тој влегуваше од клупата, како замена за Руди Гобер или Карл Ентони Таунс.
Тимбервулфс на крајот го освоија третото место во Западната конференција со скор од 56 победи и 26 порази.
Во четврток ќе биде доделена наградата „Клач играч на годината“, односно играч кој бил најдобар во клучните моменти, тука финалисти се Стеф Кари, Демар Дерозан и Шеј Гилџис-Александер.
Наградата за тренер на годината се доделува во недела, а меѓу финалистите се Мајк Дагно од Оклахома, Крис Финч од Минесота и Џамал Мозли од Орландо.
Спорт
ФА го казни Компани
Менаџерот на Барнли, Винсент Компани е казнет од челниците на Фудбалската асоцијација на Англија (ФА).
Причината за казната е неговото однесување на натпреварот од Премиер лигата со Челзи на „Стемфорд Бриџ“.
Компани неколку пати го нарекол судијата Дарен Ингланд „е.ен измамник“, откако претходно досуди пенал за Челзи во 40. минута.
Поради непримерното однесување Компани доби црвен картон.
Компани ќе треба да плати 10.000 фунти и нема да може да го води тимот во два натпревари.