Спорт
Шмајхел со емотивна порака се прости од Вичаи
Голманот на Лестер Каспер Шмајхлен со емотивно писмо, на социјалните мрежи се прости од сопственикот на клубот Вичаи Шриваданапраба, кој во саботата вечерта загина во хеликоптерска несреќа. Покрај Вичаи во несреќата животите ги загубија неговата ќерка,…
Голманот на Лестер, Каспер Шмајхлен, со емотивно писмо на социјалните мрежи се прости од сопственикот на клубот, Вичаи Шриваданапраба, кој во саботата вечерта загина во хеликоптерска несреќа. Покрај Вичаи, во несреќата животите ги загубија неговата ќерка, двајцата пилоти и едно засега неидентификувано лице.
„Не можам да верувам дека се случува ова. Моето срце е скршено. Не можам да поверувам што видов таа ноќ кога истрчав од соблекувалната, наликуваше на некој филм. Тешко е да објаснам колку ми значеше Бичаи, а уште потешко е да објаснам колку тој му значеше на Лестер. Од клубот створи големо семејство и направи големи работи за целата заедница. Твоите хуманитарни акции Лечестер никогаш нема да ги заборави.“
„Никогаш не сум сретнал човек толку е посветен на својата работа, а е толку добар и искрен. Секогаш ти се восхитувавме како на лидер, но и како на татко бидејќи така нè третираше. Го смени фудбалот и на сите им даде надеж дека во фудбалот сè е можно. Постигнавме нешто што никој не можеше да го сонува. Едноставно ги исполни моите сништа. Сепак, најмногу сум горд на твојата визија што ја имаше, што останавме големо семејство“.
„Сега имаме обврска сите ние, клубот, играчите и навивачите, да ти одадеме почит. Мораме да останеме заедно како семејство што ти го создаде. Имаше визија и знаеше дека ништо не е невозможно за нас. Во твоја чест ние мора да продолжиме така. Никогаш нема да знаеш колку ми значеше мене и на моето семејство. Чест ми е што бев дел од твојот живот“, напишал данскиот голман на Твитер.
— Kasper Schmeichel (@kschmeichel1) October 28, 2018
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Милик му обезбеди финале во Купот на Јувентус
Фудбалерите на Јувентус загубија од Лацио во Рим со 2:1, во вториот натпревар од полуфиналето на Купот на Италија. И покрај поразот Јувентус се пласира во своето 22. финале во Купот. Пресуди првиот меч кој Јувентус го доб со 2:0.
Лацио многу подобро го започна натпреварот, веќе во 12. минута поведе. Валентин Тати Кастеланос погоди на асистенција на Луис Алберто.
До крајот на првото полувреме немаше промена на резултатот.
Кастељанос погоди и во 49. минута, а асистент уште еднаш беше Луис Алберто – 2:0.
Се чинеше дека дуелот ќе оди во продолженија, но Јувентус успеа да се извлече во финишот.
Акрадиуш Милик, во 83.минута, во првиот контакт со топката намали на 2:1. Полјакот влезе на теренот на местото на Влаховиќ.
Јувентус во финалето го чека подобриот од дуелот меѓу Фиорентина и Аталанта.
Тимот од Фиренца успеа да слави на првиот натпревар со 1:0, реваншот е утре во Бергамо.
Финалето е на програмата на 15.мај.
Спорт
(Видео) Арсенал го декласира Челси
Арсенал го декласира Челси во заостанатиот натпревар од 29.коло во Премиер лигата. во градската пресметка со 5:0. „Тобџиите“ дојдоа до 77 бода, први се на табелата, имаат три бода повеќе од Ливерпул и три од Манчестер сити, но црвените имаат еден, а „граѓаните“ два натпревари помалку.
Арсенал во градската пресметка ги декласира „сините“ во второто полувреме. Првиот дел заврши со 1:0, со голот што го постигна Торсар во четвртата минута.
Во вториот дел се случи канонада кон глот на Челси. Вајт погоди во 52 минута, потоа Хаверц постигна два гола во 57. и 65.минута, а серијата ја заврши Вајт во 70.минута.
Спорт
Брејк на Макаби во Атина
Плеј-офот во кошаркарската Евролига започна со брејк на Макаби во ОАКА арената во Атина. Макаби го победи Панатинаикос 91:87.
Панатинаикос го контролираше натпреварот 32.минути, неколку пати зелените имаа предност од 12 поени, но не успеаја да го решат натпреварот.
Трагичар е Костас Слукас кој на 20 секунди до крајот продаде топка, а Џош Нибо од линијата за слободи го постави конечниот резултат. До тој момент Слукас одигра совршен натпревар (12 поени, 13 скокови, без загубена топка).
Најдобриот учинок во редовите на Макаби го имаше Бонзи Колсон, која забележа 18 поени со два скока, а го следеа Лоренцо Браун со 16 поени, четири скока и три асистенции, Вејд Болдвин со 15 поени со седум скока. Болдвин поради повреда не играше во последните осум минути.
Двоцифрен беше и Џош Ниебо со 12 поени и осум скока.
Кај Панатинаикос се истакна Матијас Лесор со 22 поени и шест скока, но и очајна реализација на слободните фрлања 4/11, а двоцифрени беа и Џериан Грант и Мариус Григонис со по 11 поени.
Вториот натпревар се игра за два дена исто така во Атина.