Спорт
Шуми Јуниор со Фетел на Трката на шампионите!
Европскиот Ф3 шампион, Мик Шумахер потврди дека ќе учествува на завршната Трка на шампиони во Мексико сити во јануари заедно со четирикратниот Ф1 шампион, Себастијан Фетел, шест години откако Фетел возеше со неговиот татко, седумкратниот шампион Михаел…
Европскиот Ф3 шампион, Мик Шумахер потврди дека ќе учествува на завршната Трка на шампиони во Мексико сити во јануари заедно со четирикратниот Ф1 шампион, Себастијан Фетел, шест години откако Фетел возеше со неговиот татко, седумкратниот шампион Михаел.
Фетел и Шумахер Сениор имаа успех како партнери, победувајќи шест пати едноподруго во Купот на нации од 2007 до 2012 година.
19-годишниот Мик Шумахер трката ќе ја искористи за промоција на фондацијата „Кип фајтинг“ инспирирана од неговиот татко.
„Пресреќен сум што добив покана да учествувам на Трката на шампионите како шампион во Европскиот Ф3 шампионатот, а уште подобро е што Германија ќе ја претставувам со Себастијан Фетел. Сакам да бидам достоен да бидам негов партнер и едвај чекам да дојде трката“, вели Шумахер Јуниор.
Во 2018 година Мик Шумахер оствари осум победи во последните 18 трки од Ф3 шампионатот за да го победи Ден Тиктам за титулата, и очекува следната сезона да вози во Формула 2 шампионатот, последната станица пред Ф1.
View this post on Instagram
Super excited! #ROCMexico 19-20 january 2019, #TeamGermany with Sebastian Vettel. #TeamMS
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
„Им посакувам се најдобро на моите браќа на Олимпијадата, јас не сум доволно добар“
Кошаркарот на Далас Кајри Ирвинг не се најде на списокот на репрезентацијата на САД за претстојните Олимписки игри во Париз.
Плејмејкерот на Маверикс изјави дека не е изненаден што не е меѓу 12-те избрани за олимпискиот турнир.
Ирвинг, освои злато со тимот на САД на Олимпијадата во 2016 година во Рио де Жанеиро.
„Им посакувам се најдобро на моите браќа. Едноставно не бев доволно добар за овој тим“, рече Ирвинг.
„Процесот на изборот беше тежок. Но, повторно, немам ништо друго освен почит кон овие момци. Во овој момент од мојата кариера, мислам дека мојот фокус треба да биде на освојување на шампионатот“, додаде бекот на Далас.
Тимот на Стив Кер во Париз го сочинуваат Леброн Џејмс, Девин Букер, Џејсон Тејтум, Кави Ленард, Џоел Ембид, Тајрис Халибартон, Џру Холидеј, Бем Адебајо, Стеф Кари, Ентони Дејвис, Ентони Едвардс и Кевин Дурент.
Спорт
Нема повеќе повторување на натпревари во ФА-купот
Фудбалската асоцијација на Англија (ФА), објави дека од следната сезона, во ФА купот нема да се преигруваат натпреварите кои ќе завршат без победник. Правилото, старо колку и самото натпреварување, од следната сезона ќе важи само во квалификациите. за повторување ќе важи само во квалификациите.
Укинувањето на повторувањата е само еден од неколкуте чекори договорени од ФА и Премиер лигата во следните шест години.
Во иднина сите натпревари од ФА Купот ќе се играат за викенди, со исклучок на четвртото коло, во кое натпреварите ќе се играат од петок до среда. Во четвртото и петтото коло од ФА Купот нема да се играат натпревари од Премиер лигата.
Финалето на ФА Купот ќе се одигра во претпоследниот викенд од сезоната во Премиер лигата. Тој ден нема да се играат натпревари од Премиер лигата. Во петок, на ден пред финалето на ФА Купот, нема да има натпревари од Премиер лигата.
Промените во ФА Купот ќе донесат поинаков вид посветеност на Премиер лигата. Прво, Премиер лигата ќе обезбеди дополнителни 33 милиони фунти за фудбалот, покрај 100-те милиони фунти што досега ги плаќаше на крајот од секоја сезона.
Покрај тоа, Премиер лигата ги задржува сите претходни обврски – на секои три години Премиер лигата исплаќа 1,6 милијарди фунти за сите нивоа во машка и женска конкуренција за да помогне во развојот на фудбалот.
Одлучено е и Комјунити Шилд натпреварот за сезоната 2024/25 да се одигра во сабота на 10 август. Една недела подоцна ќе започне сезоната во Премиер лигата.
Спорт
Лирој Сане има чудна повреда поради која не може да седи
Лирој Сане, во средата, беше еден од најдобрите играчи во тимот на Баерн, кој преку Арсенал избори пласман во полуфиналето, во Лигата на шампионите. Германските медиуми пишуваат дека 28-годишниот фудбалер повреден го одиграл тој натпревар и дека планира да игра до крајот на сезоната.
Сане има чудба повреда поради која не може нормално да седи.
Како резултат на тоа, тој не поминува време со соиграчите пред и по тренинзите, а тешко му е и да патува.
Но, и покрај тоа, му порачал на тренерот Томас Тухел дека не размислува да прави пауза за да ја лечи повредата, особено не сега кога Баерн Минхен го очекува двомеч со Реал Мадрид.
Сане има повреда на срамната коска, односно на препоните, една од трите главни коски на карлицата. Германските медиуми пренесуваат дека Сане под блокада го одиграл реваншот од четвртфиналето со Арсенал, но дека по натпреварот имал сериозни болки.
Напуштајќи го стадионот, тој наводно им рекол на тренерот и соиграчите дека ќе продолжи да тренира и да игра како ништо да не се случило, особено што поради повреди мечот го пропуштија Серж Гнарби и Кингсли Коман.
Сезонава Сане има девет гола и 13 асистенции на 39 настапи во дресот на Баерн.