Спорт
Ѓоковиќ со фуриозен втор сет го „збриша“ Зверев за 78 минути во Лондон
Најдобриот светски тенисер во моментов, Србинот Новак Ѓоковиќ во второто коло од завршниот мастерс турнир во Лондон за 78 минути игра го победи петтиот на АТП ранг листата, Германецот Александар Зверев со вкупни 2:0 (6:4 и 6:1).
Ѓоковиќ, кој пред овој …
Најдобриот светски тенисер во моментов, Србинот Новак Ѓоковиќ, во второто коло од завршниот мастерс-турнир во Лондон за 78 минути игра го победи петтиот на АТП-листата, Германецот Александар Зверев, со вкупни 2:0 (6:4 и 6:1).
Ѓоковиќ, кој пред овој меч против 10 години помладиот противник имаше скор 1:1 на АТП-турнирите, попладнево триумфот на мечот го најави со доминантна игра уште во првиот сет.
Резултатот на крајот на првиот сет беше 6:4 во полза на Србинот, а отпорот на Зверев беше скршен во последниот гем од сетот на негов сервис, што Ѓоковиќ успеа да го земе за пред сè ментална предност над противникот.
Предноста многу јасно се виде уште на почетокот на вториот сет. Ѓоковиќ со фуриозна игра буквално го разнесе противникот добивајќи го вториот сет со високи 6:1. Зверев успеа само да парира во првиот гем на свој сервис, а сè останато беше во „режија“ на Ноле.
Во групата А Ѓоковиќ сега има 2 победи од два меча, Зверев има по една победа и еден пораз, а останатите два учесника во групата, Марин Чилиќ и Џон Иснер, својот меч од второто коло ќе го одиграат вечерва од 21 часот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Братот на Никола Јокиќ удрил навивач
Братот на Никола Јокиќ, Страхиња влегол во конфликт со навивач по мечот меѓу Денвер и ЛА Лејкерс.
Нагетс поведоа со 2-0 во серијата, благодарение на кошот, кој со звукот насирената го постигна Џамал Мареј (101:99), но едено видео кое се појави по натпреварот ја шокираше јавноста.
На снимката се гледа како братот на Никола, Страхиња слегува и удира навивач.
На трибините беа и вториот брат на кошаркарот на Денвер, Немања и неговата сопругата Наталија и ќерката Огњена.
Следниот натпревар помеѓу Лејкерс и Нагетс е закажан во Лос Анџелес во петок од 4 часот.
The Jokic bros fighting fans last night 😳
(Via cgallegos67 / h/t @ClutchPoints )
— NBACentral (@TheDunkCentral) April 23, 2024
Спорт
Тројцата исклучени во дербито ги дознаа казните
Дисциплинскиот судија во Серија А експресно ги одреди казните за играчите кои синоќа беа исклучени на натпреварот помеѓу Милан и Интер во 33. коло од Серија А. Интер славеше со 2.1 и ја обезбеди титулата на пет кола до крајот на сезоната.
Капитенот на Милан, Давиде Калабрија, доби црвен картон во 97.минута, откако го удри без топка Давиде Фратези. Тој е суспендиран на два натпревари.
Во петтата минута од судиското надополнување дојде до тепачка помеѓу играчот на Милан, Тео Ернандез и играчот на Интер, Дензел Дамфрис, по што и двајцата добија црвени картони. Тие ќе пропуштат еден натпревар.
Дисциплинскиот судија им изрече и парични казни од по 10.000 евра.
Спорт
Покетино: Лукаку е играч на Челси
Ромелу Лукаку, во целост ја оживеа кариерата во Рома. Клубот има можност да го откупи неговиот договор, но прашање е дали има пари да вложи во трансферот на Белгиецот.
Лукаку не успеа да се наметне во Челси, самиот побара да замине, а неколку пати изјави дека нема намера да се враќа во Лондон. Минатата сезона ја мина во Интер, а оваа е во Рома.
За статусот на курпулентниот Белгиец проговори и тренерот на сините, Маурисио Покетино.
„Тој е играч на Челзи, па ќе обрнеме внимание на него. Ваков став во овој момент има клубот, но се уште немаме донесено никаква одлука“, изјави Покетино.
Лукаку оваа сезона постигна 18 гола на 41 натпревар за Рома во сите натпреварувања.