Спорт
Јунајтед пред шампионите Сити според исплатата во Премиер лигата
Англиските шампиони Манчестер сити имаа рекордна сезона за да заработат 149.4 милиони фунти од Премиер лигата, но на листата на исплати беа совладани од градските ривали Манчестер јунајтед.
Јунајтед, како втори, добија 149.7 милиони фунти бидејќи имаа …
Англиските шампиони Манчестер сити имаа рекордна сезона за да заработат 149.4 милиони фунти од Премиер лигата, но на листата на исплати беа совладани од градските ривали Манчестер јунајтед.
Јунајтед, како втори, добија 149.7 милиони фунти бидејќи имаа два натпревари повеќе кои се даваа на ТВ во текот на сезоната. Ливерпул, Тотенхем, Челси и Арсенал се преостанатите тимови кои заработија над 140 милиони фунти.
Вест Бромвич Албион, кои испаднаа во Чемпионшип (втората лига) откако беа последни, добија 94.7 милиони фунти.
Сезоната 2017/18 беше втора под договорот од 5.1 милијарди фунти потпишан во 2015, според кој 20 клуба делат 2.4 милијарди фунти основна исплата, за комерцијални активности и за ТВ. Остатокот се дели според позицијата на клубовите на табелата и бројот на ТВ-преноси.
Сумите се дефитивно најголеми на светот, и Англичаните остануваат со најфинансиски поткованите фудбалски клубови. Парите ќе растат, бидејќи неодамна се потпиша нов побогат договор со ТВ-компаниите кои ќе ги пренесуваат мечевите.
Фото: ЕПА
„Скај“ плаќа 3.5 милијарди фунти за 128 премиерлигашки меча!
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Ивановиќ ќе добие отказ во Басконија
Кошаркарите на Басковнија, вечерва (20.30 часот) го играат решавачкио натпревар во Евролигата. Доколку го победат Виртус ќе играат во плеј-оф против Реал Мадрид.
Прашање е дали пласманот во плеј-офот може да ја спаси сезоната, бидејќи Басконија „виси“, кога е во прашање плеј-офот во домашното првенство. Во шпанското првенство се на прагот на плеј-офот.
Шпанските медиуми пишуваат дека Душко Ивановиќ би можел да ја напушти Басконија. Црногорскиот тренер го одработува четвртиот мандат во клубот. Пристигна во текот на сезоната од Црвена звезда.
Замена за Ивановиќ би требало да биде актуелниот тренер на Гран Канарија, Јака Лаковиќ, кој има клаузула во договоорт дека може да замине во тим што настапува во Евролигата.
Локалниот медиуми, „Ла Провинсија“ наведува дека Лаковиќ е првиот избор на баскискиот тим за следната сезона. Овој извор пишува дека Басконија ќе треба да плати одредена сума за да го нагажира Лаковиќ.
Лаковиќ лани со Гран Канарија го освои Еврокупот, претходно тој беше тренер на Улм.
Спорт
„Мундо депортиво“: Зидан се договорил со Баерн Минхен
Зинедин Зидан ќе биде новиот тренер на Баерн Минхен, пренесува каталонскиот „Мундо Депортиво“. Зидан е без работа откако го напушти Реал Мадрид пред три години.
„Дознаваме дека преговорите се при крај, дури и двете страни сметаат дека се е готово и практично завршено. Зидан само побарал да му се доведат засилувања, особено во одбраната“, тврдат овој извор.
Зидан планираше да стане селектор на Франција, но Дидие Дешамп и понатаму останува на таа позиција. Од друга страна, Баерн, кој по 11 години остана без титулата германски шампион, сакаше да го доведе германскиот селектор Јулијан Нагелсман, но тој го продолжи договорот до 2026 година.
Претходно ПСЖ и Манчестер јунајтед се обидоа да го доведат Зидан, но тој ги одби нивните понуди.
Зидан, 51-годишникот од Марсеј, освои три ЛШ со Реал Мадрид, две шампионски титули на Шпанија, по два УЕФА и шпански Суперкупа, две титули на Светското клупско првенство…
Спорт
Рома преговара за трансферот на Киеза
Тренерот на Рома, Даниеле Де Роси, кој го продолжи договорот со клубот, е голем фан на фудбалерот на Јувентус, Федерико Киеза. Де Роси не кри дека би сакал да го има во својот тим крилниот напаѓач.
Де Роси работеше со него додека му беше асистент на Роберто Манчини во италијанската репрезентација.
Договорот на Киеза со Јувентус истекува во јуни 2025 година, што значи дека ова лето влегува во последната година од истиот.
Тоа значи дека ова лето е веројатно последна шанса клубот да заработи нешто од неговата продажба.
Свесни за ова, челниците на Рома веќе закажале состанок со неговиот менаџер Фали Рамадани.
Покрај Рома, интерес за Киеза покажува и Њукасл.