Контакт

Спорт

1.000.000 евра бонус за Пикси ако ја однесе Србија во Катар

Објавено пред

Фудбалската репрезентација на Србија, од ноември е без селектор. Љубиша Тумбаковиќ замина откако не успеа во баражот за ЕУРО 2021 да ја победи Шкотска.

Неколку имиња се поврзуваа со жешкото столче, но долго време како прв фаворит се издвои Драган Стојковиќ Пикси.

Сепак двете страни се уште не постигнале договор, а до стартот на квалификациите за пласман на Светското првенство, има уште еден месец.

„Спортски журнал“, пишува дека од Фудбалскиот сојуз на Србија подготвиле богата понуда. Тие на Пикси му нудат месечна плата од 50.000 евра, што на годишно ниво изнесува 600.000 евра.

Исто така доколку избори пласман на СП во Катар, Пикси би добил бонус од 1.000.000 евра.

Србија во кавлификациите ќе игра против Португалија, Република Ирска, Луксембург и Азербејџан.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт

Златан се повреди, нема да игра против Манчестер јунајтед

Објавено пред

Ветеранот на Милан, Златан Ибрахимовиќ има повреда на десниот бутен мускул и ќе пропушти четири важни натпревари на „росонерите“, вклучувајќи ја пресметката со својот поранешен клуб Манчестер јунајтед.

Ибрахимовиќ беше заменет при вчерашната 2:1 победа над Рома и прегледите покажаа дека има повреда на левиот адуктор, по што ќе паузира најмалку 10 дена, пропуштајќи ги мечевите со Јунајтед во осминафиналето на Лига Европа и дуелите од Серија А, Верона, Удинезе и можеби Наполи.

Со ова, Златан ќе може на мир да отпатува на музичкиот фестивал Санремо, каде што ќе биде посебен гостин и како што е најавено ќе пее во дует со тренерот на Болоња и негов близок пријател, Синиша Михајловиќ.

Прикажи повеќе...

Спорт

Гвардиола: Баерн Минхен, а не Сити се најдобриот клуб на светот

Објавено пред

Пеп Гвардиола смета дека европските и светски шампиони Баерн Минхен се најдобриот клуб на светот и покрај тоа што неговите Манчестер сити имаат 20 победи едноподруго.

Ова го тврдеше менаџерот на Вест хем, Дејвид Мојс, по 2:1 поразот од Сити на „Етихад“ во саботата, кога Сити поставија рекордни 20 победи во низа, но Гвардиола смета дека Ливерпул, како актуелни шампион се најдобри во Европа, додека Баерн се најдобри на светот.

„Најдобар тим во Европа и во светот се Баерн Минхен, бидејќи освоија се што можеше. Тие се најдобри. Во Англија, шампионите се Ливерпул бидејќи се најдобри. Ако сакате да ја земета таа круна, тогаш треба да ја освоите. Во март никој не е шампион. Мора да играме добро, но и да признаеме дека последните неколку месеци беа одлични за нас“, вели Гвардиола.

Баерн во моментов се носители на шест титули – Бундеслига, Лига на шампиони, Светско клупско првенство, УЕФА Суперкуп, ДФБ куп и Германски суперкуп. Барселона, тогаш под водство на Гвардиола, беше единствен клуб кој имаше шест титули во исто време во 2009 година (Ла Лига, Копа дел реј, Суперкопа Еспања, ЛШ, УЕФА Суперкуп и Светско клупско првенство).

Прикажи повеќе...

Спорт

Калиниќ МВП за февруари

Објавено пред

Крилниот кошаркар на Валенсија, Никола Калинќ, го обележа месец февруари, во Еверолигата. Калиниќ го предводеше својот тим до три победи, со просечен индекс на успешност 21,3.

Валенсија, во овој период играше со три од четирите првопласирани екипи на табелата: ЦСКА; Реал и Зенит.

Во победите на ЦСКА 105:103, Зенит 91:62 Реал 89:78, Калиниќ забележа просек од 15,7 поени и 5,7 асистенции.

На табелата во Евролигата, Валенсија се наоѓа на деветтото место со 14 победи и 12 порази.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

234 нови случаи на Ковид-19 и седуммина починати

Според податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа регистрирани се 234 нови случаи на Ковид-19 од направени...

Македонија3 часа

(Видео) Oрганизаторите на настани протестираа пред Владата: Наместо да пуштаме гласна музика, една година сме тивки

Со мотото „ПОМЕН – една година тишина“, со транспаренти во рацете „Спасете ја ивент-индустријата“, вработените во продукциските компании за организирање...

Македонија3 часа

Од мај почнува реконструкцијата на Универзалната сала, идејното решение е донација од архитектот

Универзалната сала во Скопје ќе биде реконструирана во постојниот облик и габарит задржувајќи го својот автентичен изглед со цел и...

Регион5 часа

Во Хрватска помалку од 100 новозаразени од коронавирус, од денес попуштање на мерките

Во последните 24 часа во Хрватска се регистрирани 91 нов случај на зараза со вирусот САРС-КоВ-2, а бројот на активни...

Македонија6 часа

Шекеринска: Можевме да не кажеме дека ни е вратен капарот за кинеската вакцина

Министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, вели дека, доколку сакале, можеле да скријат дека кинеската компанија за производство на вакцини ни...

Европа7 часа

Германија ги попушта мерките, се отвораат фризерските салони

Фризерите во Германија од денес ги отвораат салоните по двомесечна забрана, што е уште еден претпазлив чекор кон отворање на...

Свет7 часа

„Модерна“ почнува да ја испитува вакцината против јужноафриканскиот вид коронавирус

Испитувањата на вакцината што ја разви лабораторијата на „Модерна“ против јужноафриканскиот вид ќе почнат во средината на март во САД,...

Топ8 часа

Во Струмичко растурена свадба со 300 гости, МВР подготвува кривични пријави

Струмичката полиција на 28 февруари добила дојава по што службеници извршиле контрола во селото Банско, каде што била организирана свадба,...

Свет8 часа

Нетанјаху: Иран е нашиот најголем непријател, јас сум решен да го запрам и ќе удриме во целиот регион

Премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху, денес го обвини Иран дека стои зад експлозијата што се случи минатата недела во израелски...

Македонија10 часа

Почнува попишувањето на иселениците, дипломатите, затворениците и бездомниците

Од денеска почнува првата фаза на пописот, со која ќе бидат опфатени дијаспората, армијата, дипломатските претставништва, бездомниците и затворениците. Попишувањето...

Свет19 часа

(Видео) Израел повторно ја гранатира Сирија

Израел повторно ја гранатира Сирија, соопшти сириската државна агенција. Израел ги гранатира иранските позиции во близина на Дамаск. Како што...

Регион20 часа

Карантин за Подгорица и уште неколку градови во Црна Гора 

Комисијата за заштита на населението од Ковид-19 на предлог на Институтот за јавно здравје, денеска донесе нови мерки. Според нив,...

Македонија23 часа

Пратеник направил скандал на Блаце: „Никаде не чекам ред, нема ни тука да чекам“

Пратеникот Абдула Салиу од Алијансата на Албанците, на враќање од Косово направил скандал на граничниот премин Блаце. Тој бил со...

Македонија24 часа

Повлечен e авансот за кинеските вакцини, од Министерството за здравство велат дека договорот не е откажан

Министерството за здравство потврди дека го повлекло авансот што беше уплатен за набавка на кинеските вакцини од „Синофарм“. Оттука сепак...

Македонија1 ден

Регистрирани 305 нови случаи на Ковид-19, починаа 11 лицa

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје во последните 24 часа се направени 2.533 тестирања, а регистрирани се 305 нови...

Топ1 ден

Девојка загина во сообраќајна несреќа кај Пониква

Триесет и едногодишна девојка од селото Прибачево, Кочанско, загина во сообраќајна несреќа што се случи доцна синоќа на регионалниот пат Кочани-Пониква....

Македонија1 ден

Георгиевски објави план во пет чекори за решавање на спорот со Бугарија

Експремиерот и претседател на ВМРО-Народна, Љубчо Георгиевски, на социјалните мрежи објави акциски план за излез од, како што вели, ќориот-сокак...

Регион1 ден

Во Србија денеска ќе пристигнат уште 100.000 дози од руската вакцина

Вечерва 100.000 нови руски вакцини „Спутник В“ ќе пристигнат во Србија и тие ќе бидат пренесени од аеродромот „Никола Тесла“...

Свет1 ден

(Видео) Немири на улиците во Даблин поради карантинот

Стотици луѓе излегоа на улиците на Даблин, вчера, во знак на протест против мерките за затворање и избувна насилство. Полицијата...

Свет2 дена

(Видео) На Антарктикот се отцепи санта мраз поголема од Лондон

Санта мраз, поголема од Лондон, се отцепи од Антарктикот, на дваесетина километри од британската истражувачка опсерваторија на јужниот пол. Вкупната...

Досие