Спорт
Натпреварот против Грција најверојатно во Олимпискиот базен
Постојат големи шанси ватерполо натпреварот меѓу репрезентациите на Македонија и Грција да се одигра во Олимпискиот базен во Скопје.
Постојат големи шанси ватерполо натпреварот меѓу репрезентациите на Македонија и Грција да се одигра во Олимпискиот базен во Скопје.
Ова денеска во Скопје го соопшти генералниот секретар на пливачката и ватерполо федерација, Стефан Пуленковски, додавајќи дека во моментов се полнат двата големи базени, „Карпош“ и Олимпискиот базен во Скопје.
Двоумењето за тоа на кој базен да се одигра натпреварот против Грција доаѓа од неколку причини. Прво, од бројот на публика, бидејќи Карпош базенот може да прими публика од 750 лица а Олимпискиот базен 2000 посетители ако се доградат дополнителни трибини.
Втора причина е заинтересираноста за овој натпревар и најважната работа безбедноста бидејќи сепак се работи за репрезентацијата на Грција, и меч од ризик. Олимпискиот базен е многу побезбеден бидејќи публиката е одвоена од базенот на поголемо растојание отколку во базенот „Карпош“.
„Неофицијално ветено е дека базенот Карпош нема да се затвори по одржувањето на натпреварот, и ќе продолжи да работи, под истите услови и цени кои ги имаше и пред да се затвори“ потврди Пуленовски.
Од друга страна федерацијата и Олимпискиот базен успеале да постигнат преддоговор, пливачката федерација да го стопанисува и управува со спортскиот дел од базенот.
Сега преостанува да се одржи седница на управниот одбор за која треба да се одлучи дали федерацијата може да ги издржи условите. Пливачката федерација понатаму треба да се грижи за работата на базенот.
Стеван Нонковиќ, селекторот на Македонската ватерполо репрезентација изјави дека на натпреварот против Грција, Македонија ќе биде засилена за уште еден играч, Здравко Делаш кој игра на центарската позиција во Лацио, и родум од Сплит.
Селекторот Стеван Нонковиќ за натпреварот со Хрватска кој Македонија го загуби со резултат 9:12, изјави дека тоа бил добар натпревар на кој Македонија постигна девет гола и тоа го радува, но Хрватска е толку силна што кога ние ќе дојдевме до два гола разлика, хрватите ќе се одлепат на три.
Натпреварот од Светската златна лига против репрезентацијата на Грција ќе се одржи на 16 март во Скопје./крај/сл
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Милик му обезбеди финале во Купот на Јувентус
Фудбалерите на Јувентус загубија од Лацио во Рим со 2:1, во вториот натпревар од полуфиналето на Купот на Италија. И покрај поразот Јувентус се пласира во своето 22. финале во Купот. Пресуди првиот меч кој Јувентус го доб со 2:0.
Лацио многу подобро го започна натпреварот, веќе во 12. минута поведе. Валентин Тати Кастеланос погоди на асистенција на Луис Алберто.
До крајот на првото полувреме немаше промена на резултатот.
Кастељанос погоди и во 49. минута, а асистент уште еднаш беше Луис Алберто – 2:0.
Се чинеше дека дуелот ќе оди во продолженија, но Јувентус успеа да се извлече во финишот.
Акрадиуш Милик, во 83.минута, во првиот контакт со топката намали на 2:1. Полјакот влезе на теренот на местото на Влаховиќ.
Јувентус во финалето го чека подобриот од дуелот меѓу Фиорентина и Аталанта.
Тимот од Фиренца успеа да слави на првиот натпревар со 1:0, реваншот е утре во Бергамо.
Финалето е на програмата на 15.мај.
Спорт
(Видео) Арсенал го декласира Челси
Арсенал го декласира Челси во заостанатиот натпревар од 29.коло во Премиер лигата. во градската пресметка со 5:0. „Тобџиите“ дојдоа до 77 бода, први се на табелата, имаат три бода повеќе од Ливерпул и три од Манчестер сити, но црвените имаат еден, а „граѓаните“ два натпревари помалку.
Арсенал во градската пресметка ги декласира „сините“ во второто полувреме. Првиот дел заврши со 1:0, со голот што го постигна Торсар во четвртата минута.
Во вториот дел се случи канонада кон глот на Челси. Вајт погоди во 52 минута, потоа Хаверц постигна два гола во 57. и 65.минута, а серијата ја заврши Вајт во 70.минута.
Спорт
Брејк на Макаби во Атина
Плеј-офот во кошаркарската Евролига започна со брејк на Макаби во ОАКА арената во Атина. Макаби го победи Панатинаикос 91:87.
Панатинаикос го контролираше натпреварот 32.минути, неколку пати зелените имаа предност од 12 поени, но не успеаја да го решат натпреварот.
Трагичар е Костас Слукас кој на 20 секунди до крајот продаде топка, а Џош Нибо од линијата за слободи го постави конечниот резултат. До тој момент Слукас одигра совршен натпревар (12 поени, 13 скокови, без загубена топка).
Најдобриот учинок во редовите на Макаби го имаше Бонзи Колсон, која забележа 18 поени со два скока, а го следеа Лоренцо Браун со 16 поени, четири скока и три асистенции, Вејд Болдвин со 15 поени со седум скока. Болдвин поради повреда не играше во последните осум минути.
Двоцифрен беше и Џош Ниебо со 12 поени и осум скока.
Кај Панатинаикос се истакна Матијас Лесор со 22 поени и шест скока, но и очајна реализација на слободните фрлања 4/11, а двоцифрени беа и Џериан Грант и Мариус Григонис со по 11 поени.
Вториот натпревар се игра за два дена исто така во Атина.