Контакт

Спорт

Втор хет- трик по ред за одличниот Меси

Објавено пред

Аргентинскиот фудбалски виртуоз во редовите на Барселона, Лионел Меси викендов по вторпат беше стрелец на три гола во еден натпревар, нешто што на малкумина фудбалери им успеало до сега.

Аргентинскиот фудбалски виртуоз во редовите на Барселона, Лионел Меси викендов по вторпат беше стрелец на три гола во еден натпревар, нешто што на малкумина фудбалери им успеало до сега.

Во неделниот натпревар против Зарагоса, Барселона триумфираше на гостински терен со вкупен резултат од 4:2, а во изминатите три натпревари од Шпанското првенство и Лигата на шампионите во текот на осум натпревари  постигна осум гола.

Меси против Зарагоса, беше стрелец на првите три гола а четвртиот го постигна Златан Ибрахимовиќ.

Првиот гол во 5-та минута го постигна со глава, вториот во 66-та од одлична соло акција, а третиот во 78-та минута со лева нога во казнениот простор.

Фудбалерот на Зарагоса Андер Херера за Меси изјави „не сум сигурен дека тој е човечко суштество“ по натпреварот а шпанскиот весник „Спорт“ отвори конкурс до читателите за избор на  предлози за наслов на статијата за натпреварот и дел од предлозите кои стигнаа на адресата на весникот гласеа : „Сензационално“ „Прекрасно“ и слични суперлативи.

Лионел Меси е водечки стрелец во Ла Лига со 25 гола во досегашниот дел од сезоната, а има вкупно 34 гола во сите натпреварувања./крај/гардијан/сл



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт

Сосиедад освои бод со Вилјареал, па сам е на врвот на Ла Лига

Објавено пред

Изненадувањето трае, поминаа 11 кола во шпанската Ла Лига е лидер на табелата е клубот од Сан Себастијан – Реал Сосиедад. Вечерва ремизираа 1-1 на својот стадион против екипата на Вилјареал.

Во натпревар без голем број сериозни шанси за гол, двата погодока беа постигнати од белата точка.

Морено ја донесе „жолтата подморница“ во предност во 6 минута, а конечните 1-1 исто со удар за најстрога казна ги постави во 32 минута Ојарзабал.

Реал Сосиедад е на чело на табелата со 24 бода, еден повеќе од Атлетико Мадрид кој пак има 2 меча помалку од лидерот.

Вилјареал со денешниот бод останува трет на табелата, со 20 бода.

Во останатите денешни дуели во Ла Лига, Селта во Виго беше подобра од Гранада со 3-1, а Хетафе и Атлетик Билбао поделија по бод играјќи 1-1.

Прикажи повеќе...

Спорт

Многу емоции на „Сан Паоло“, Наполи со висока победа во чест на Марадона

Објавено пред

Во меч со многу емоции, Наполи вечерва на „Сан Паоло“, по ново стадион „Диего Армандо Марадона“ забележа победа со 4-0 против екипата на Рома.

„Дербито на сонцето“ започна со едноминутно молчење поради смртта на Диего Марадона, фудбалерот кој остави неизбришива трага токму на овој стадион и во овој клуб.

Пред почетокот на мечот, капитенот на Наполи, Лоренцо Инсиње остави букет цвеќе пред големиот постер во чест на „Ел Пибе“ на една од трибините на стадионот.

Во 10-тата минута, на сред натпревар, играчите на двете екипи застанаа и со едноминутен аплауз оддадоа почит на екс-фудбалерот кој на грбот го носеше бројот 10- Диего Армандо Марадона.

Избраниците на Џенаро Гатузо успеаја со триумф со 2-0 на некој начин да се заблагодарат кон Марадона за својата трага во овој клуб.

Капитенот Инсиње во 31 минута со одличен шут од слободен удар донесе водство од 1-0. Веднаш по голот отрча до клупата за резерви, го зема дресот со број 10 на кој стоеше презимето Марадона, го бакна и го сврте кон камерите.

Наполи имаше повеќе од играта во целиот меч, а резултат на тоа е и зголеменото водство во вториот дел. Се играше 65 минута, па по одличната асистенција на Марио Руи, Фабијан Руис прецизно шутираше до самата статива за 2-0. Руис голот го прослави во прегратка со нашиот репрезентативец Елиф Елмас кој во игра влезе во 78 минута.

Токму Елмас придонесе за третиот гол за Наполи на овој меч. Се играше 81 минута кога Елмас силно шутираше од 20-тина метри, голманот на Рома – Миранте лошо ја одби топката, на неа налета Мертенс и реализираше за 3-0.

И тоа не беше се. Политано со вистински слалом во 86 минута погоди за високи 4-0.

Со овој триумф Наполи се искачи на петтата позиција со 17 бода. Исто колку што има и Јувентус позиција погоре, но и Рома која е шеста со ист број бодови.

Прикажи повеќе...

Спорт

„Волците“ не се плашат од топови, Арсенал по 10 кола е 14-ти

Објавено пред

„Крвав“ старт на последниот неделен дуел од 10-тото коло во англиската Премиерлига. На „Емирати“ во Лондон се судрија Арсенал и Вулверхемптон, а уште во петтата минута буквално се судрија и тоа со главите, Луис (Арсенал) и Хименез (Вулфси). Мексиканецот го однесе подебелиот крај.

Што се однесува до натпреварот, гостите први поведоа. Нето во 27 минута донесе предност од 1-0.

Само 3 минути подоцна „топчиите“ изедначија со голот на Габриел.

Сепак гостинската екипа беше поконкретна во првото полувреме, па со голот на Поденса во 42 минута на одмор отиде со предност од 2-1.

Во второто полувреме напаѓачите на Арсенал не упатија ниту еден удар во рамки на противничкиот гол иако десетина пати шутираа во обид за израмнување. За разлика второто полувреме, во првиот дел кога во тој сегмент резултатот беше 2-5 за „волците“.

Со победата, Вулверхемптон се искачи на 6-тата позиција со 17 бода, исто колку што има и Саутемптон место погоре.

По новиот неуспех, избраниците на Микел Артета се 14-ти со само 13 бода на 10 меча.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија4 минути

Снег на Попова Шапка и Страцин

Сообраќајот на патиштата се одвива по влажни коловози. Врнежи од слаб снег има на Попова Шапка и Страцин, но без...

Македонија18 минути

ВМРО-ДПМНЕ ќе протестира во 11 градови

ВМРО-ДМНЕ најави дека денеска ќе протестира во 11 градови. „Продолжуваме, заедно со народот против продажбата на татковината. Народот се буди...

Македонија12 часа

Починаа 32 пациенти, 820 новозаразени од Ковид-19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2.019 тестирања, а регистрирани се 820 нови случаи на...

Свет15 часа

СЗО: Лажните вести може да ја загрозат вакцинацијата против Ковид-19

Уште во февруари, кога пандемијата на коронавирус брзо се рашири, Светската здравствена организација (СЗО) предупреди за поплава од дезинформации и...

Македонија16 часа

Заев: Во ЕУ ќе влеземе како Македонци кои зборуваат македонски јазик

Македонскиот народ секогаш бил и ќе биде со поглед напред, вели премиерот Зоран Заев во објава на социјалните мрежи, посветена...

Македонија17 часа

Во ковид центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 44 пациенти

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје хоспитализрани се 44 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно...

Македонија20 часа

Борисов за ФАЦ: Можен е компромис, но мора да се познава и историјата

Единствената земја, која го посакува почетокот на пристапните преговори на Северна Македонија со ЕУ повеќе од Германија, е Бугарија, вели...

Македонија20 часа

Филипче: Бидете максимално одговорни во претстојниот период на слави и прослави

Министерството за здравство апелира до граѓаните во периодот на слави кој престои максимално да бидат одговорни и да ги почитуваат...

Македонија21 час

Рикер до Заев: САД ја поддржуваат интеграцијата на Македонија во ЕУ, ве охрабруваме да барате решение

Помошникот државен секретар за европски и евроазиски прашања во американскиот Стејт Департмент, Филип Рикер, во писмо до премиерот Заев истакнува...

Свет21 час

Кинеското вселенско летало е во орбитата на Месечината и се подготвува да слета

Кинеските власти објавија дека вселенското летало Change-5 успешно влезе во орбитата на Месечината и се подготвува да слета, како дел...

Регион22 часа

Вучиќ свика итен состанок поради случувањата во Црна Гора

Српскиот претседател Александар Вучиќ закажа состанок со премиерката Ана Брнабиќ и министерот за надворешни работи Никола Селаковиќ за да разговараат...

Европа23 часа

(Видео) Полицијата употреби сила против демонстрантите во Полска

Полицијата ја спречи протестната прошетка на демонстрантите во Варшава, додека ширум Полска се одржаа демонстрации против ограничувањето на правото на...

Европа23 часа

(Видео) Протести и апсења низ Европа

Повеќе од 155 лица беа уапсени во Лондон за време на протестите организирани против рестриктивните мерки насочени кон спречување на...

Спорт24 часа

Дуелот Тајсон – Џонс заврши нерешено, „челичниот“ побара реванш

Рано утринава, во егзибициски меч во „Стејплс центарот“ во Лос Анџелес 54-годишниот Мајк Тајсон се врати во рингот по пауза...

Македонија1 ден

Нови подводни истражувања во Охридското Езеро

Кон крајот на октомври успешно беше реализиран проектот „Подводно археолошко рекогносцирање на делови од источниот брег од Охридското Езеро“ чиј...

Свет1 ден

Една крвна група е поотпорна на Ковид-19 од другите

Голема студија направена во Канада нуди докази дека луѓето кои имаат нулта крвна група или се Rh-негативни, имаат помал ризик...

Македонија1 ден

Заев: Доста беше омраза, јас сум Македонец кој зборува македонски јазик

„Јас сум Македонец кој зборува македонски јазик, признат од целиот свет. Каракачанов е Бугарин кој зборува бугарски јазик признат од...

Македонија1 ден

Регистрирани 1022 нови случаи на Ковид- 19 во земјава, починаа 41 лице

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 3127 тестирања, а регистрирани се 1022 нови случаи на...

Регион2 дена

Ковачев: Мицкоски ја уништува европската иднина на македонските граѓани

Со своите лаги, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, ја уништува европската иднина на македонските граѓани. Ова за БГНЕС го изјави...

Европа2 дена

(Видео) Поплави во Сардинија, има жртви и исчезнати

Најмалку три лица починаа во поплавите во Сардинија предизвикани од силниот дожд, јавија италијанските медиуми. Две лица се водат како...

Досие