Спорт
Рома е новиот лидер на табелата во Серија А
Тимот на Рома е новиот лидер на табелата откако на Олимпико во Рим ја победи Аталанта со резултат 2:1, а Интер одигра само нерешено со Фиорентина во Фиренца.
Тимот на Рома е новиот лидер на табелата откако на Олимпико во Рим ја победи Аталанта со резултат 2:1, а Интер одигра само нерешено со Фиорентина во Фиренца.
Рома сега има 68 поени по 33-то коло во Серија А а Интер 67 а римскиот тим со победата против Аталанта ја продолжи серијата од 23 меча без пораз.
Головите за „римската волчица“ ги постигнаа Мирко Вучиниќ и Марко Касети а единствениот гол за Јувентус кој исто така забележа победа го постигна Џорџо Килеини.
Добар викенд имаше и вториот римски тим, Лацио кој на гостувањето кај Болоња со пресврт стигна до победа од 3:2 по негативата од 2:0.
Јувентус остана на шестата позиција на табелата со 51 бод пред Сампдорија со три бода повеќе.
Милан е на третата позиција во Серија А откако киксна и одигра само 2:2 на домашен теререн со Катанија./гол/блиц/сл
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Хаос на белградските улици – Тепачка меѓу Делии и Гробари
Сериозни инциденти се се случија во Белград, пред 173-то вечно дерби, меѓу Црвена звезда и Партизан.
Низ улиците на Белград се случиле неколку тепачки, а според видеата на социјалните мрежи, најсериозната тепачка е снимена во центарот на Блеград.
На видеото на страницата „Мој Белград“ се гледаат како летаат камења, а хулиганите имаат палки. Полицијата интервенираше, а имаше и апсења.
Според натписите на сведоците на социјалните мрежи, се слушнале и истрели, а полицијата брзо интервенирала.
Профилот на Инстаграм „Србија во живо Белград“ објави видео на кое хулиганите трчаат со палки во рацете.
Српските медуми објавија дека полицијата уапсила 50 хулигани.
Спорт
(Видео) Миовски избран во тимот на сезоната во Шкотска
Maкедонскиот репрезентативец Бојан Миовски доби награда за извонредите парти во Премиер лигата на Шкотска. Миовски е избран во идеалниот тим на сезоната.
Миовски го предводи нападот во формацијата 4-3-3 заедно со Лоренс Шанкленд од Хартс, Тио Бер од Мадервил.
🏆 PFA Scotland Premiership Team of the Year.
As voted by the players, here’s your selection for 23/24:
Jack Butland
James Tavernier
Cameron Carter-Vickers
Liam Scales
Owen BeckMatt O’Riley
John Lundstram
Callum McGregorBojan Miovski
Lawrence Shankland
Theo Bair… pic.twitter.com/FjQ5HNpQgm— PFA Scotland (@PFAScotland) April 20, 2024
Инаку, Миовски денеска постигна гол во полуфиналето на Купот против Селтик, но неговиот тим не успеа да се пласира во финалето.
Натпреварот заврши 3:3, а Селтик пебал-серијата ја доби со 6:5.
Bojan Miovski LOVES Hampden Park! 😍
A dream start for @AberdeenFC as they take the lead against Celtic 🔴#ScottishCup pic.twitter.com/ePvLHsIF81
— Premier Sports (@PremSportsTV) April 20, 2024
Спорт
УЕФА го суспендира Емилијано Мартинез
Голманот на Астон Вила, Емилијано Мартинез, поради суспензија ќе го пропушти првиот полуфинален натпревар од Конференциската лига против Олимпијакос, потврди Европската фудбалска унија (УЕФА).
Мартинез, во четвртокот, во реваншот од четвртфиналето против Лил доби жолт картон во 39. минута, а втор жолт картон при изведувањето на пенали поради неспортско однесување кон домашните навивачи.
Аргентинскиот голман не беше исклучен, бидејќи жолтите картони во текот на натпреварот не важат во пенал серијата.
Сепак светскиот првак со Аргентина доби суспензија. УЕФА го казни Мартинез бидејќи во пенал-серијата константно ја провоцираше домашната публика.
Астон Вила по изведувањето пенали го победи Лил со 4:3, а Мартинез одбрани два пенали, во првата и петтата серија им одбрани на Бенталеб и Андре.
Првиот натпревар од полуфиналето на Конференциската лига меѓу Астон Вила и Олимпијакос ќе се одигра на 2 мај во Бирмингем, а реваншот седум дена подоцна во Грција.