Спорт
Пол позицијата во Монако за Марк Вебер
Возачот на Ред Бул Марк Вебер ќе стартува од пол позицијата на утрешната трка во Монако.
Возачот на Ред Бул Марк Вебер ќе стартува од пол позицијата на утрешната трка во Монако.
Вебер во квалификациите имаше набрзо време од една минута, 13 секунди и 82 стотинки. Роберт Кубица од Рено ќе стартува на патеката од втората позиција бидејќи имаше време од 1.14.12 а трет е Себастијан Фетел.
На четвртата позиција се пласира Фелипе Маса од Ферари. Луис Хамилтон мораше да се задоволи само со деветата позиција, Џенсон Батон со осмата а Михаел Шумахер со шестата.
Најдобриот во двата тренинзи во Монте Карло, Фернандо Алонсо од Ферари ќе стартува од последната позиција.
Моментално во вкупниот пласман води Џенсон Батон со 70 поени, а позади него се Алонсо со 67, Фетел со 60./крај/тел/сл
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Арне Слот преговара со Ливерпул
Ливерпул напорно работи да го најде наследникот на Јирген Клоп, а последен кандидат е Арне Слот. Тренерот на Феенорд бележи одлични резултати со холандскиот тим кој го привлече вниманието на великанот од „Енфилд“.
Феенорд, сезонава е на второто место во првенството, додека лани беше шампион, минатиот викенд го освои трофејот во Купот на Холандија.
Според добро информираниот Фабрицио Романо, веќе е остварен контакт помеѓу Слот и Ливерпул, а преговорите се движат во позитивна насока.
Наскоро се очекуваат нови разговори
Исто така, нема откупна клаузула во договорот на Слот со Феенорд, па холандскиот тим ќе бара обештетување за да му дозволи на тренерот пред време да го заврши договорот.
Истото се случи минатата година, кога Слот преговараше со Тотенхем, но не беше постигнат договор меѓу двете страни.
Спорт
Тајрис Мекси „најмногу напредувал“
Тајрис Мекси од Филаделфија Севентисиксерс најмногу напредувал оваа сезона. Мекси, во изборот за оваа награда, во која гласаат 100 претставници на медиумите, доби вкупно 319 поени, само 14 повеќе од второпласираниот Коби Вајт од Чикаго Булс.
Третото место му припадна на турскиот центар Алперен Шенгун од Хјустон Рокетс, на кого шансата да ја добие наградата му ја уништи повредата, поради која ја заврши сезоната месец и половина порано од останатите.
Минатата година, честопати заменувајќи го Џејмс Харден во стартната петорка, Мекси навести експлозија во неговата четврта сезона во НБА.
По заминувањето на Харден во ЛА Клиперс, а особено по повредата на Џоел Ембид, Мекси стана прва опција во нападот на Филаделфија. Сезоната ја заврши со просек од 25,9 поени, 3,7 скока и 6,2 асистенции. За прв пат беше избран и за Ол-стар натпреварот.
Со доделувањето на оваа награда, НБА почна да ги објавува сите индивидуални награди за оваа сезона, вечерва ќе го прогласи најдобриот шести играч, утре најдобар клач, а викендот најдобар тренер на лигата.
Следната недела следува прогласување на најдобриот дебитант и одбранбен играч, а кулминација е прогласувањето на МВП и првата петорка на лигата.
Спорт
Барселона го продава Де Јонг
Фудбалскиот клуб Барселона го подготвува трансферот на Френки де Јонг. Клубот ќе ги разгледа понудите на заинтересираните за услугите на Холанѓанецот. Де Јонг поради повреда ја заврши сезоната, па не е исклучено дека настапот во Ел Класико (во неделата Барселона загуби 3:2 од Реал), да биде негиот последен меч во дресот на Барселона.
Локалните медиуми тврдат дека Чави Ернандез и неговиот стручен штаб повеќе не го сметаат Де Јонг за недопирлив во тимот. Наводно им станало јасно дека не може сам да игра во дефанзивниот ред за врска. Токму на оваа позиција Барселона планира да се засили во летниот преоден рок.
„Релево“ тврди дека Де Јонг е достапен за сум од 70 милиони евра. Тие пари потоа клубот би ги вложил во врвен заден играч за врска, а во оптек се неколку имиња: Мартин Зубименди (Реал Сосиедад), Џошуа Кимих (Баерн Минхен) и Андре Онана (Евертон).
Дополнително, Де Јонг е убедливо најплатен играч на Барселона, а неговата плата дополнително ќе се зголеми во сезоната 2024/25, бидејќи еднаш потпиша нов договор поради коронавирусот каде што неговите приходи постепено ќе се зголемуваат од година во година.
Де Јонг пристигна во Барселона во летото 2019 година од Ајакс за 75 милиони евра, а се чини дека никогаш не го достигна целиот свој потенцијал и не ја направи разликата според очекувањата. Исто така, планот беше тој да биде замена за Серхио Бускетс, но во Барселона најмногу играше како централен, а не како заден играч од средниот ред.
Холанѓанецот претходно беше мета на Баерн Минхен, Пари Сен Жермен и Манчестер Јунајтед.