Спорт
Тројца носители во аут

Тројца од првите пет носители на турнирот во Квинс се елиминирани. По Родик истата судбина ја доживеаја Новак Ѓоковиќ и Марин Чилиќ.
Тројца од првите пет носители на турнирот во Квинс се елиминирани. По Родик истата судбина ја доживеаја Новак Ѓоковиќ и Марин Чилиќ.
Во третото коло Белгиецот Хавиер Малис се погрижи да му го загорчи денот на Џоковиќ победувајки го со 6:3, 4:6, 6:2, а Чилиќ загуби од Михаел Лодра од Франција со 7:6, 6:2.
Малку фалеше и првиот носител Рафаел Надал да ја доживее истата судбина во дуелтот со Денис Истомин од Узбекистан. Надал го доби првиот сет дури во тај-брек, вториот го загуби со 4:6, а на крајот сепак победи во решавачкиот сет со идентичен резултат. Шпанецот имаше проблеми со болки во десната нога, па по завршетокот на вториот сет мораше да повика физиотерапевт. Шпанецот се надева дека повредата не е сериозна и дека нема да му пречи да настапи на Вимблдон. /крај/ап/мн.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Светскиот првак со Германија го засили Монако

Германскиот центар Даниел Тајс официјално го засили Монако. Тајс по осум години минати во НБА, каде за шест различни екипи, остана без договор и реши да се врати во Европа.
Поранешниот играч на Бостон Селтикс, Чикаго Булс, Индијана Пејсерс, Хјустон Рокетс, Лос Анџелес Клиперс и Њу Орлеанс Пеликанс потпиша договор до летото 2026.
На 411 натпревари во најсилната лига на светот забележа 7,1 поен, 4,7 скока и 1.3 асистенции по натпревар.
Наводно светскиот првак со Германија, имал понуди да остане во НБА, но тој решил да се врати во Европа.
Во неговиот втор мандат во Бостон, тој играше во финалната серија во 2022 година против Голден Стејт Вориорс, во која калифорниската франшиза победи по шест натпревари.
Кариерата на 32-годишниот кошаркар започна во Брауншвајг, а играше и за Улм и Бамберг во родната земја.
Тајс може да се пофали со светска титула од Филипините во 2023 година и бронза од Европското првенство во 2022 година во Берлин.
Тимот на Василис Спанулис е четврти во поредокот во Евролигата со 16 победи и 10 порази.
Монако ќе се соочи со Олимпија во Милано на 27 февруари, а до крајот на регуларниот дел од сезоната остануваат уште осум кола.
Спорт
Смртни закани упатени кон судијата Монуера Монтеро и неговото семејство

Судијата Хозе Луис Мунуера Монтеро, кој му покажа црвен картон на Џуд Белингем на натпреварот Осасуна-Реал Мадрид, ги оневозможи коментарите на Инстаграм бидејќи почнал да добива смртни закани.
За потсетување, натпреварот заврши 1:1 по головите на Килијан Мбапе за Реал и Анте Будимир за Осасуна. Реал од 39. минута играше со фудбалер помалку по исклучувањето на Џуд Белингем.
На англискиот репрезентативец му беше покажан патот во соблекувалната по пцовките упатени до главниот судија, но од Реал тврдат дека Белингем бил погрешно протолкува од судијата, бидејќи не го разбира добри англискиот јазик.
Тренерот на Реал, Карло Анчелоти ги учеше новинарите на разликата помеѓу изразот „да ти е.ам“, што го употреби Белингам и „е.и се“, за кој судијата мислеше дека Белингам го кажал и за кој му дал црвен картон.
Тој црвен картон дополнително ги налути навивачите на Реал Мадрид кои исто како и клубот веруваат дека намерно им се нанесува штета за време на натпреварите во шпанското првенство.
Некои од нив претераа и почнаа да му се закануваат на судијата со смрт.
Според „Мундо Депортиво“, на Инстаграм профилот на судијата Монуера биле испратени илјадници вербални закани. Некои од нив имале емотикони од свињи и стаорци, но некои вклучуваа и закани кон него и неговото семејство.
Спорт
Евролигашите во Шпанија, Италија и Франција поразени во Куп финалињата

Три евролигашки екипи, кои во моментов се борат за пласман во нокаут фазата од елитното натпреварување, доживеаја убедливи порази во натпреварите, во кои се бореа за трофејот во Купот на своите држави.
Реал Мадрид во реприза на ланското финале во Купот доживеа пораз од Уникаха.
За Андалузијците ова беше трето финале во Купот во последните шест години и втор трофеј во последните три сезони. Во единственото финале што го загубија, во сезоната 2019/2020 беа поразени од Реал Мадрид.
Конечниот резултат од 93:79 во корист на тимот на Ибон Наваро покажува дека Уникаха доминираше во текот на целиот натпревар. Уникаха го освои третиот трофеј од почетокот на сезоната, откако претходно го освои Суперкупот на Шпанија и Интерконтиненталниот куп на ФИБА.
Реал го растурија Кендри Пери и Дејвид Кравиш, погодија девет тројки од 11 обиди. Кравиш (5/6 за три) постигна 22 поени, а Пери (4/5 за три) мечот го заврши со 27 поени и на крајот беше прогласен за МВП на завршниот турнир.
Претходно претставникот од Еврокупот Тренто убедливо го совлада Армани Милано со 79:63 и за првпат го подигна пехарот наменет за освојувачот на Купот на Италија.
Најзаслужни за триумфот на Тренто беа Форд со 23 и Елис со 14 поени, додека тимот на Армани, како и обично, го предводеа Миротиќ со 20 и Ледеј со 12 поени.
Сепак најголемото изненадување го направи Ле Ман. Во финалето на Купот на Франција над Монако со 104:96. Трејвор Хигинс со 25 поени (пет тројки), го предводеше Ле Ман и го доби трофејот за најкорисен играч на турнирот. Кај Монако Мајк Џејмс постигна 29 поени.
Ле Ман моментално е шести на табелата во француската ЛНБ лига, а ова беше прв трофеј на клубот во Купот по девет години.