Спорт
Руската штафета ја спушти завесата на ЕП
Со штафетната трка на 400 метри за мажи заврши Европското првенство во атлетика 2010 година. Руските атлетичари после првата измена направија недостижна предност и убедливо победија на последниот натпревар во Барцелона
Со штафетната трка на 400 метри за мажи заврши Европското првенство во атлетика 2010 година. Руските атлетичари после првата измена направија недостижна предност и убедливо победија на последниот натпревар во Барцелона со време од 3,21,26. Германија е втора со 3,24,07 а Велика Британија трета со 3,24,32.Последниот ден од натпреварите први стартуваа маратонците, а победи Виктор Ретлин од Швајцарија со време од 2 часа 15,31. Шпанецот Хозе Мартинез беше втор со 2:17,50, а Дмитриј Софронов од Русија трет со 2:18,16. Најтешката атлетска дисциплина ја завршија 45 атлетичари од 64 колку што се појавија на стартот.Останати резултати:4 х 100 метри мажи: 1. Франција 38,11 сек. 2. Италија 38,17 сек. 3. Германија 38,44 сек.Диск мажи: 1. Пјотр Малаховски (Пол.) 68,87 мет. 2. Роберт Хартинг (Гер.) 68,47 мет. 3. Роберт Фазекаш (Унг.) 66,43 мет.Скок во височина жени 1. Бланка Влашиќ (Хрв.) 203 см. 2. Ема Грин (Швц.) 201 см. 3. Ариане Фридрих (Гер.) 201 см.4 х 100 метри жени: 1. Украина 42,29 сек. 2. Франција 42,45 сек. 3. Полска 42,68 сек.5.000 метри жени: 1. Алемиту Бекелеле (Тур.) 14,52.40 мин. 2. Елван Абегелесе (Тур.) 14,54.44 мин. 3. Сара Мореира (Пор.) 14,54.71 мин.1.500 метри жени: 1. Нуриа Фернандез (Шп.) 4,00.20 мин. 2. Хинд Дехита (Фр.) 4,01.17 мин. 3. Натакиа Родригез (Шп.) 4,01.30 мин.3.000 метри стиплчез мажи: 1. Махиедин Мекниси Бенабад (Фр.) 8,07.87 мин. 2. Боубдела Тари (Фр.) 8,09.28 мин. 3. Хозе Луис Бланко (Шп.) 8,19.00 мин.Скок во далечина мажи: Кристијан Рејф (Гер.) 8,47 метри 2. Кафетиен Гомез (Фр.) 8,24 мет. 3. Крис Томлинсон 8,23 метри. Русија освои највеќе медали 24 (10 златни, 6 сребрени и 8 бронзени), следуваат: Франција 18 (8/6/4), Велика Британија 19 (6/7/6), Германија 16 (4/6/6) .крај/ап/м.н.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Навивачите на Челси бараат клубот да го отпушти Покетино
Лошата сезона на Челзи кулминација доживеа синоќа на „Емирати“. Челси беше прегазен со 5:0 од градскиот ривал Арсенал.
Медиумите, а по нив и навивачите, за дебаклот го обвинија менаџерот Маурисио Покетино.
Револтираните навивачи на „сините“, како што пренесува „Фудбал инсајдер“, бараат аргентинскиот стручњак под итно да добие отказ.
Челси, досега има 13 победи, односно победи во една третина од натпреварите во Премиер лигата, премалку со оглед на вложувањата пред стартот на првенството.
Спорт
Судот одлучува за фантомскиот гол на Јамал? Лапорта ќе поднесе тужба против РФЕФ
Барселона ќе ја тужи Шпанската фудбалска федерација (РФЕФ) поради, како што смета, неправдата на Ел Класико.
Ова значи дека судот треба да пресуди дали топката по ударот на Ламине Јамал ја минала гол-линијата.
Барселона, во неделата, доживеа пораз во Мадрид од Реал (3:2).
Фантомскиот гол на Ламине Јамал се уште е тема на шпанските медиуми, но и ситуација од која не се откажуваат во канцелариите на „Камп Ноу“.
Претседателот на Барселона, Џоан Лапорта фи побара од РЕФЕ снимките од ВАР собата (видео и аудио комуникацијата). п
Федерацијата го одби барањето и соопшти дека нема да направи исклучок за Барселона. Сега Барселона сака да добие дозвола видео-записот да му го предаде судот. Лапорта побара и да се повтори Ел Класико.
Во шпанскиот шампионат нема гол-технологија, а ВАР сметаше дека топката не ја минала линијата со полн волумен.
Спорт
Капитенот реши да си замине од Атлетик Билбао
Икер Муниаин реши да го напушти својот Атлетик Билбао на крајот од сезоната.
Легендарниот офанзивец по освојувањето на Купот на кралот сфати дека тоа е најдобриот момент да се збогува со својот сакан клуб, по цели 20 години.
Муниаин е секако дете на клубот, а во академијата на Атлетико пристигна како 11-годишник и ќе замине втор на листата на одиграни натпревари, досега 557, но нема да го престигне недопирливиот Ќоп Ирибара, кој одигра 614.
Но, Муниан реши да си замине во вистински момент, има 31 година, конечно го освои Копа дел Реј, претходно Суперкупот на Шпанија во 2015 и 2021 година.
Нема намера да остане во Шпанија, голема е веројатноста да ја напушти и Европа, иако се уште нема донесено конечна одлука за тоа.
Својата одлука Муниаин веќе им ја соопштил на соиграчите и раководството на клубот, за до крајот на сезоната достојно да се збогуваат од навивачите и од „Сан Мамеш“.
Инаку, Муниан дебитираше за првиот тим уште на 30 јули 2009 година против Јанг Бојс и постигна 75 гола за Атлетик.
Погледнете го неговото емотивно видео кое го најавува неговото заминување од Атлетик Билбао…