Спорт
Македонија фаворит против Унгарија
Кошаркарската репрезентација на Македонија влегува како голем фаворит во мечот против Унгарија, кој ќе се игра во четвртокот навечер во Скопје.
Кошаркарската репрезентација на Македонија влегува како голем фаворит во мечот против Унгарија, кој ќе се игра во четвртокот навечер во Скопје.
Натпреварот се игра во рамките од второто коло од Б квалификациската група за пласман на европското првенство во 2011 година.
Македонија во првото коло стартуваше со победа на гостински терен над Украина, додека Унгарија загуби дома од Велика Британија.
Во оваа квалификациона група се наоѓа и репрезентацијата на Босна и Херцеговина, која вечерва ќе ја пречека Украина, додека Велика Британија е слободна во второто коло. /крај/со/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Саво Милошевиќ повеќе не е селектор на БиХ
Саво Милошевиќ повеќе не е селектор на Босна и Херцеговина, пишуваат медиумите во оваа земја.
Фудбалскиот сојуз на Босна и Херцеговина одлучи да не го продолжи договорот со Милошевиќ откако тој не успеа да ја одведе репрезентацијата на Европското првенство. Во дополнителните квалификации БиХ беше поразена од Украина.
Милошевиќ беше селектор од септември 2023 година.
Медиумите од БиХ наведуваат и дека 52-годишниот Сергеј Барбарез е најголем фаворит за испразнетото селекторски место.
Барбарез е легенда и поранешен капитен на Босна и Херцеговина, но нема тренерско искуство. И покрај тоа, тој со години е голема желба на навивачите на БиХ, а во стручниот штаб треба да му се придружи Емир Спахиќ, уште еден поранешен капитен на репрезентацијата.
Барбарез за репрезентацијата на Босна и Херцеговина играше од 1998 до 2006 година и во тој период забележа 47 настапи и постигна 17 голови.
Од моментот кога го напушти Вележ во 1991 година, целата кариера ја помина во Германија, каде што играше за Хановер, Унион Берлин, Ханза Росток, Борусија Дортмунд, ХСВ и Баер Леверкузен.
Спорт
Клоп од 2025 година ќе ја предводи Германија
Јирген Клоп од 2025 година ќе биде селектор на фудбалската репрезентација на Германија. Еден од најдобрите тренери на денешницата, пред два месеци објави дека му треба долг одмор и дека поради тоа ќе го напушти Ливерпул по завршувањето на сезоната.
Германија на Европското првенство на домашен терен ќе ја предводи Јулијан Нагелсман. Младиот тренер, според медиумите националниот тим ќе го предводи на ЕУРо 2024, а потоа ќе се врати во Баерн Минхен.
Германскиот фудбалски сојуз нема да брза со изборот на новиот селектор, бидејќи квалификациите за Светското првенство започнуваат во март 2025 година.
Спорт
Поради лошата форма, Рашфорд нема да оди во Германија
Напаѓачот на Манчестер јунајтед, Маркус Рашфорд, поради лошата форма би можел да го пропушто Европско првенство во Германија. „Мирор“, пишува дека Рашфорд добил предупредување од селекторот Герет Саутгејт. Англија, во овој момент има врвен талент во нападот, поради што евентуалното отсуство на рашфорд нема да влијае врз нивните амбиции.
„На Маркус Рашфорд му беше кажано дека неговото место во репрезентацијата за Европското првенство е сериозно загрозено. Причината се бројните опции со кои во моментов располага Герет Саутгејт“, пишува „Мирор“.
Рашфорд, од почетокот на сезоната се вклопи во сивилото во кое се наоѓа Манчестер јунајтед. .
26-годишниот напаѓач, на 39 натпревари има скромен учинок од осум гола и пет асистенции. на Јунајтед игра навистина слабо.
Се чени дека од играчите кои играат во нападот сигурни патници на ЕУРо 2024 се: Хари Кејн, Фил Фоден, Кол Палмер, Оли Воткинс, Букајо Сака, Џуд Белингем…
Подобра сезона од Рашфорд имаат и Џерод Бовен (Вест Хем), Еберечи Езе (Кристал Палас), а на повикот од селекторот се надеваат тука се и Ајван Тони (Брентфорд) и Ентони Гордон (Њукасл).
Маркус Рашфорд го имаше своето деби за Англија во 2016 година. Тој одигра вкупно 60 натпревари и постигна 17 голови.