Спорт
Без По Гасол, со Марк, Шпанија ќе ја брани титулата

По контролната средба со Словенија во Љубљана која актуелниот светски првак Шпанија ја доби во продолжение со 79:72, селекторот на Серхио Скариоло го одреди конечниот состав од 12 кошаркари
По контролната средба со Словенија во Љубљана која актуелниот светски првак Шпанија ја доби во продолжение со 79:72, селекторот на Серхио Скариоло го одреди конечниот состав од 12 кошаркари кои ќе ја бранат титулата во Турција.Во Истанбул ќе патуваат: Фернандо Сан Еметрио, Руди Фернандез, Рики Рубио, Хуан Карлос Наваро, Хозе Мануел Калдерон, Фелипе Рејес, Виктор Клавер, Фран Васкез, Серхио Лул, Марк Гасол, Алекс Мумбру и Јорге Гарбакоса.Тимот ќе го предводи капитенот Наваро. Единствена дилема на селекторот Скариоло беше меѓу Сан Еметрио и Карлос Суарез. Крилото на Каха Лаборал Сан Еметрио остана во составот, но според селекторот Скариоло, Суарез многу брзо ќе биде еден од главните играчи на Шпанија. Претходно отпаднаа Рафа Мартинез и Пабло Агилар кои беа во составот на почетокот на подготовките кога селекцијата броеше 15 играчи .крај/макфакс/м.н.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Алкараз го „збриша“ Шаповалов за осминафинале во Париз

Светскиот рекет број 1 и прв носител, Карлос Алкараз покажа дека е прв фаворит за титулата од Ролан Гарос, откако во ноќниот меч на францускиот гренд слем со 6:1/6:4/6:2 го декласираше Канаѓанецот Денис Шаповалов.
Шампионот од САД опен, Алкараз во следното коло ќе се судри со Италијанецот Лоренцо Мусети, светскиот рекет број 18, кој во исто толку доминантен меч со 6:1/6:2/6:4 беше подобар од Британецот Камерон Нори.
Алкараз започна фантастично, правејќи предност од 5:0 во првиот сет и освојувајќи го само 32 минути. Потоа во вториот сет, Шаповалов се врати во ритам и поведе со 0:2 и со 2:4, но потоа неговата игра се „сруши“ и противникот лесно стигна до 2:0 предност во сетови. Во третиот сет, два брејка му беа доволни за победа.
Еден од неговите најголеми конкуренти за титулата, петтиот носител, Гркот Стефанос Циципас покажа импресивна форма во 6:2/6:2/6:3 победа над Аргентинецот Диего Шварцман.
Спорт
Серхио Рамос си заминува од Пари Сен-Жермен

Шпанскиот ветеран Серхио Рамос потврди дека си заминува од Пари Сен-Жермен на крајот на сезоната, откако францускиот шампион не му понуди обновување на договорот.
Рамос пристигна на „Паркот на принцовите“ од Реал Мадрид пред две години, откако „кралевите“ не му понудија продолжување на договорот и имаше две неимпресивни сезони во француската Лига 1.
Ова беше посебно изразено во првата сезона, во која имаше минимален број на настапи поради серијата повреди.
#MerciRamos 🔴🔵 pic.twitter.com/nqcTWYWp4F
— Paris Saint-Germain (@PSG_inside) June 2, 2023
Спорт
Рајс отворен за трансфер во Баерн по „позитивните“ преговори

Капитенот на Вест хем, Деклан Рајс е подготвен да ги одбие понудите на Арсенал и Манчестер јунајтед и својата кариера да ја продолжи во Германија, поточно во Баерн Минхен, јавува „Скај спортс“.
Се очекува „чеканите“ ова лето да се согласат на трансфер на нивниот најдобар фудбалер, и според „Скај“ имал позитивни преговори со германскиот шампион во Лондон и е согласен на преселба доколку двата клуба се согласат.
Вест хем постојано тврдеа дека неговиот трансфер нема да може да биде под 100 милиони евра, и останува да се види дали Баварците ќе се согласат на оваа сума.
❗️News #Rice: The meeting with him in London was positive! Rice has given the feeling that he can well imagine a move to Bayern!
➡️ Bosses have discussed him in the last days again
➡️ Bayern want to prepare an official offer as their next step
➡️ Tuchel main driver.… pic.twitter.com/ys7bRl76D9— Florian Plettenberg (@Plettigoal) June 2, 2023