Контакт

Спорт

Бизнисмен од Грузија го купи Ф.К.Витесе

Објавено пред

Членот на Ередивизијата, Витесе е првиот клуб во холандскиот фудбал чии сопственик стана странски инвеститор.

dobivaj vesti na viber

Членот на Ередивизијата, Витесе е првиот клуб во холандскиот фудбал чии сопственик стана странски инвеститор. Екипата од Арнем за непозната сума на пари му е продадена на Мераб Зјорданија, Грузиецот откупи 100 отсто од акциите на клубот. Зјорданија е поранешен фудбалер на Динамо од Тбилиси, по завршувањето на кариерата продолжи да работи како функционер во клубот. Пред 12 години тој стана претседател на Фудбалската федерација на Грузија, во периодот од 2003 до 2005 година бил селектор на фудбалската репрезентација на оваа земја. Основач е на компанијата „Зјорданија МЏ-Грузија“, чија основна дејност е посредување при продажба на фудбалери, и откуп на ТВ права на клубските и репрезентативните натпревари, претежно за подрачјето на Источна Европа. Зјорданија како сопственик на Витесе најави дека наскоро ќе започне со изградба на нов тренинг центар.крај/ап/.н.ц



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт

Тен Хаг задоволен по победата над Шефилд Јунајтед

Објавено пред

Фудбалерите на Манчестер Јунајтед со пресврт слаеа со 4:2 против нјлошиот тим во Премиер лигата, Шефилд Јунајтед на свој терен го пречекаа последно пласираниот Шефилд Јунајтед .

dobivaj vesti na viber

Славниот клуб двапати загуби, но на крајот успеа да победи. Тренерот на Јунајтед, Тен Хаг, по натпреварот рече дека неговиот тим одиграл добар натпревар,

„Имавме целосна контрола! Извинете, јас на поинаков начин г гледав натпреварот. Да, имавме две грешки, затоа двапати губивме. Зборуваме за две негативности, концентрација и дисциплина. Но, во остатокот од натпреварот имавме целосна контрола. Тимот покажа издржливост. Не е лесно кога губиш, но успеавме да направиме пресврт против компактен тим. Ги надигравме, бевме многу мирни“, изјави Тен Хаг и додаде:

„Мораме да го запреме тој процес. Вакви грешки не смее да се прават на врвно ниво ако сакаш да постигнуваш цели, ако сакаш трофеи. Не смеете да дозволите вакви пропусти во концентрацијата и дисциплината, бидејќи животот е многу полесен без нив.“

Прикажи повеќе...

Спорт

Заврши сезоната за Енцо Фернандес

Објавено пред

Играчот од средниот ред на Челзи, Енцо Фернандес, ја заврши сезоната, бидејќи наскоро ќе мора да оди на операција на препоните, пишува аргентинскиот весник „Оле“. Според овој извор на Фернадес ќе му бидат потребни неколку недели за рехабилитација.

dobivaj vesti na viber

Поранешниот фудбалер на Ривер Плејт и Бенфика, извесно време се жалеше на болки, но сепак играше. Постоеше опција лекувањето да се одложи до лето, но по консултација со лекарите на Челзи и аргентинската репрезентација тој одлучи веднаш да биде опериран.

Планот е Фернандес да има доволно време целосно да се опорави за претстојната Копа Америка која започнува на 20 јуни.

Светскиот шампион пристигна на „Стемфорд Бриџ“ од Лисабон во јануари 2023 година во трансфер вреден 121 милион евра. Неговите настапи оваа сезона, сепак, се во склад со перформансите на повеќето играчи на Челзи – неубедливи и нестабилни.

Енцо оваа сезона одигра 40 од 45 натпревари за „сините“.

Прикажи повеќе...

Спорт

Ла Лига од следната година ќе се игра во САД

Објавено пред

Претседателот на шпанската Ла Лига, Хавиер Тебас, даде неколку интересни коментари во интервју за „Експансион“. Тамошната јавност најмногу ја коментира изјавата во која тој отворено призна дека навива за Реал Мадрид. Овој факт е познат одамна, но сега за прв пат е и јавно потврден. Тебас го откри овој детал коментирајќи ја приказната за доаѓањето на Килијан Мбапе во Реал.

dobivaj vesti na viber

Сепак, претседателот на една од најдобрите светски лиги донесе и по малку шокантна вест за сите љубители на традиционалниот фудбал. Имено, од сезоната 2025/26, некои натпревари од Ла Лига ќе се играат во Соединетите Американски Држави.

Тоа значи дека веќе следната година би можеле да го видиме првиот натпревар од шпанското првенство на американска почва.

„САД е втор најголем пазар за нас, веднаш по Шпанија. Тоа ќе ја зајакне нашата позиција таму. Другите европски лиги веќе работат таму и немаме избор, во спротивно ќе не избришат“, рече Тебас.

Инаку, уште во 2018 година имаше предлог да се игра каталонското дерби меѓу Барселона и Џирона во САД, но УЕФА го блокираше тој потег.

Претседателот на Ла Лига јавно кажа дека е навивач на Реал

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија47 минути

Ангелов за ДУИ: Со пушка дојдоа на власт, со пенкало да ги отераме на буништето на историјата

Колку и да е убедлива, победата нема да биде комплетна доколку ДУИ не биде срушена од власт, вели претседателот на...

Македонија57 минути

Стевчо собра повеќе потписи од гласови – поразот на Јакимовски главна тема на социјалните мрежи

Кандидатот за претседател на ГРОМ и актуелен градоначалник на скопската општина Карпош, Стевчо Јакимовски, на вчерашниот прв круг од претседателските...

Македонија1 час

Почина менаџерот Велибор Џаровски-Џаро

На 75 години денеска почина менаџерот Велибор Џаровски-Џаро по кусо боледување, потврди семејството. Тој важи за еден од најпознатите менаџери на...

Македонија2 часа

Пендаровски победи во три општини, а Таварари и Димитриевски само во општините во кои се градоначалници

Кандидатите за претседател Гордана Силјановска-Давкова и Бујар Османи освоија најмногу гласови на претседателските избори по број на општини. Според податоците...

Македонија2 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Народот избра промени, да излеземе уште помасовно на 8 мај

Огромната поддршка обврзува за промени и брзи резултати, да излеземе уште помасовно на 8-ми мај, а потоа следува економска трансформација...

Македонија2 часа

Силјановска убедливо пред Пендаровски во првиот круг со 40 наспроти 19,93 отсто од гласовите

Кандидатката за претседател поддржана од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, Гордана Силјановска, со убедливо водство влегува во вториот круг од претседателските избори,...

Македонија12 часа

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Денеска, ЗНАМ заедно со сите свои пддржувачи ја испишува новата политичка историја на македонската политичка сцена, рече вечерва претседателскиот кандидат...

Македонија13 часа

Нема да се откажеме и нема да ги наведнеме главите, порача Ковачевски

Денеска е тежок удар за европската перспектива на Македонија, но не е доцна да се смени правецот, откажувањето не е...

Македонија14 часа

(Видео) Мицкоски: Цунамито се крена, на 8 мај ќе ги потопи целосно, победуваме со над 170.000 разлика

Денеска народот во Македонија покажа дека си ја сака Македонија и дека секој оној кој го потценува народот прваи голема...

Македонија14 часа

Пендаровски: Резултатите не се такви какви што ги очекувавме, но нема предавање, утре е нов ден

Резултатите не се такви какви што ги очекувавме истакна вечерва на прес-конференција кандидатот за претседател поддржан од СДСМ, Стево Пендаровски....

Македонија14 часа

Силјановска за убедливото водство: Напати се срамам, зарем е можно толку многу луѓе вака да реагираат

Претседателскиот кандидат Гордана Силјановска Давкова по завршување на првиот круг гласање од изборот за претседател на државата рече дека денешниот...

Македонија15 часа

Јакимовски призна пораз, ѝ честиташе водство на Сиљановска и ѝ посака среќа во вториот круг

Лидерот на ГРОМ и претседателски кандидат, Стевчо Јакимовски, вечерва призна пораз и ѝ честиташе водство на Гордана Сиљановска-Давкова.  Со оглед...

Македонија16 часа

Таравари: Земјотресот почна, се надевам дека на 8 мај ќе дојде промената ДУИ да биде опозиција

Масовниот одѕив на гласачите на овие претседателски избори за Арбен Таравари, претседателски кандидат на коалицијата ВЛЕН, е показател дека промените...

Македонија16 часа

Одѕивот до 18.30 часот е 48,44 отсто, во Новаци на гласање излегле рекордни 71,07 отсто од гласачите

Одѕивот до 18.30 часот на седмите претседателски избори е 48,44 отсто од гласачите, според податоци од 3174 гласачки места. Претседателот...

Македонија17 часа

Муцунски: Овој изборен ден е почеток на крајот на оваа власт

Народот уште еднаш покажа дека знае и умее да ја процени важноста на овие избори, како крстопат кога се одлучува...

Македонија17 часа

ОЈО: Сите сомненија за кривични дела кои би можеле да го нарушат изборниот процес ќе бидат испитани

Во текот на изборниот ден до затворањето на избирачките места, на електронската адреса на Јавното обвинителство на Република Северна Македонија...

Македонија17 часа

Левицата: Проблеми со фингерпринтот во Куманово, Ѓорче Петров, Аеродром, доцнење на гласачкиот процес и нерегуларности во избирачкиот список

Од Претседателскиот изборен штаб на кандидатот за претседател Билјана Ванковска информираат дека денешниот изборен ден поминal мирно во фер и...

Македонија17 часа

Силјановска: Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт

Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт, порача кандидатката за претседател, Гордана Силјановска Давкова по гласањето во првиот...

Македонија17 часа

„Нека победи подобриот“ – Таравари рече дека поседува видео снимки за купување на гласови

Кандидатот за претседател, Арбен Таравари, гласаше со своето семејство, пришто порача изборите да бидат фер и демократски. „Нека победи подобриот....

Македонија18 часа

Ванковска: Необично е да гласаш за себе, но со тоа ја изразив убеденоста во она што го говорам

Билјана Ванковска, претседателски кандидат на Левица го оствари своето право на глас на ИМ во ОУ „Јан Амос Коменски“ во...