Спорт
Украина архивирана, следува Унгарија
Кошаркарската репрезентација на Македонија направи уште еден чекор кон обезбедување пласман на ЕП, кое следната година ќе се одржи во Литванија.
Кошаркарската репрезентација на Македонија направи уште еден чекор кон обезбедување пласман на ЕП, кое следната година ќе се одржи во Литванија. Четвртата победа, во петтиот квалификациски натпревар во Б групата, Македонија ја забележа против репрезентацијата на Украина. До победата од 71:55, избраниците на селекторот Докузовски стигнаа потешко од планираното, украинците, особено во првото полувреме се покажаа како незгоден противник. Во првите две четвртини Македонија тешко го наоѓаше патот до противничкиот кош, не проработе ниту најсилното оружје, ударите за три поени. И во таква ситуација благодарение на одличната игра во дефанзивата, тројката на Атиќ со звукот на сирената, на крајот од првата четвртина и одличниот Тодор Гечевски, кој сите 13 поени ги постигна во првиот дел, на полувреме „црвено-жолтите“ заминаа со предност од 35:29. „По победата над Босна стравував од овој натпревар, прогнозите беа дека ќе забележиме лесна победа. Лошо го отворивме натпреварот, како да не бевме доволно загреани, шутот за три не функционираше, а промашивме и многу слободни фрлања. Сепак играчите покажаа карактер и на крај се изборија за победата“, рече селекторот на Македонија, Марин Докузовски. Во вториот дел „црвено-жолтите“ незначително го поправија шутот од поле, благодарение на одбраната која функционираше во текот на целиот натпревар, и публиката која повторно беше шести играч стигнаа до четвртата квалификациска победа. Имате одлична публика, многу е тешко да се игра пред 7.000 навивачи кои создадоа пеколна атмосфера“, заеднички коментираа селекторот на Украина Виталиј Черни и плејмејкерот Денис Лукашов. Четворица кошаркари во нашиот тим, натпреварот го завршија со двоцифрен број на поени: Мекејлеб 18, Антиќ 16, Гечевски 13 и Самарџиски 10, кај Украина Лисчук постигна 11, а Лукашов и Печеров поен помалку. Победата над Украина е ставена во архива, селекторот и играчите веќе се насочија кон гостувањето во Унгарија. „Унгарија не е воопшто толку слаб тим, не треба да не залажува победата од 34 поени разлика која ја забележавме на првиот меч во Скопје. Секој кој мисли дека лесно ќе се справиме со нив се лаже. Максимално концентрирано и одговорно ќе му пристапиме на тој натпревар. Со победа во Унгарија ќе бидеме уште еден чекор поблиску до пласман на ЕП и порастоварени ќе ја пречекаме Велика Британија“, вели селекторот Докузовски. До крајот на квалификацискиот циклус Македонија ќе одигра уште три натпревари, првиот е во петок, во Унгарија, вториот е 20. август против Велика Британија во Скопје, циклусот квалификации кошаркарите ќе го затворат на 29. август со гостувањето во Босна и Херцеговина.крај/макфакс/н.ц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Ливерпул замената за Клоп ја најде во Лисабон
Откако Јирген Клоп јавно објави дека на крајот од сезоната ќе ја напушти клупата на Ливерпул и ќе замине на долг одмор, фудбалска јавност шпекулира кој ќе биде новиот тренер на „црвените“.
Како очигледен избор се истакна поранешниот играч на Ливерпул, Чаби Алонсо (42). Неговиот Баер Леверкузен игра неверојатно добар фудбал оваа сезона. Статистиката на германскиот тим е 38 натпревари без пораз во сите натпреварувања, со 109 постигнати голови.
Извесно е дека Чаби Алонсо ќе им ја донесе на „фармацевтите“ првата шампионска титула во клупската историја, со која ќе ја прекинат единаесетгодишната доминација на Баерн.
Сепак, од релевантни извори во Германија доаѓаат информации дека Алонсо ова лето нема да го напушти Леверкузен, а доколку реши да замине од Баер, ќе остане во Германија и ќе се се пресели во Минхен.
„Скај Спортс“, пишува дека Ливерпул покажал сериозен интерес за Португалецот Рубен Аморим (39), тренер кој четири години е на клупата на Спортинг, а претходно беше тренер на Брага. Тој користи систем со три стопери исто како и Алонсо, а неговиот напаѓачки стил на игра му донесе титула на Спортинг во првата сезона на Аморим.
Спорт
УЕФА ќе го разгледа предлогот секој тим да има по 26 фудбалери на ЕП
Европската фудбалска унија (УЕФА) ќе разговара за можноста за проширување на бројот на играчи за претстојното ЕП 2024 во Германија на состанок следниот месец.
Според актуелните правила, секоја репрезентација може да има по 23 пријавени фудбалери на ЕП. Српскиот селектор, Драган Стојковиќ Пикси, предложи, секоја селектор да може да пријави 26 играчи. Овој предлог доби поддршка од селекторите на 24 репрезентации кои ќе учествуваат на континеталниот шампионат.
„Добивме неколку пораки од селекторите на репрезентациите во врска со бројот на играчи ЕП 2024. Работната група на УЕФА и претставниците на репрезентациите учесници ќе ги разгледаат предлозите на селекторите на 8 април и ќе ги проучиме сите можни решенија и идеи“, најавија од УЕФА.
На последното ЕП во 2021 година, поради епидемијата на коронавирус, секоја репрезентација имаше 26 фудбалери.
Спорт
Колку заработи Иванишевиќ од соработката со Ѓоковиќ?
Прекинот на соработката меѓу Новак Ѓоковиќ и Горан Иванишевиќ е топ тема кај регионалната спортска јавност.
Ниту една страна не ги откри точните причини за разделбата, освен што Ѓоковиќ изјави дека „достигнале точка на заситеност“.
Ѓоковиќ најверојатно пукна по лошиот почеток на сезоната во која се уште нема освоено трофеј, пред најважните турнири во годината, додека Хрватите пишуваат дека, без разлика на се, Иванишевиќ добро заработил од оваа соработка.
Соработката на ова дуо траеше речиси шест години, во кои Ѓоковиќ освои 12 грен слем титули.
Наводно, Ѓоковиќ му плаќал на Иванишевиќ од 6.000 до 10.000 евра неделно, односно легендарниот Хрват добивал 10 отсто премија од заработката на српскиот тенисер на турнирите.
Иванишевиќ заработил повеќе од 300.000 евра само од плата минатата година.
Ако ја земеме таа бројка како просечна заработка на Иванишевиќ за време на соработката со Ѓоковиќ и процентот од освоените турнири, Иванишевиќ во последните шест години како тренер на најдобриот тенисер во светот заработил помеѓу два и четири милиони евра.
Инаку, Иванишевиќ во кариерата како активен играч заработи околу 16 милиони евра. Кариерата во која освои еден грен слем (Вимблдон), Иванишевиќ ја заврши во 2011 година.