Спорт
Во Сараево се удира печатот за Литванија 2011
Македонската репрезентација ослабена на центарската позиција за еден Тоше Гечевски отпатува во Сараево за конечен печат на патниот налог за Литванија и учество на уште еден европски шампионат.
Македонската репрезентација ослабена на центарската позиција за еден Тоше Гечевски отпатува во Сараево за конечен печат на патниот налог за Литванија и учество на уште еден европски шампионат. Синоќа се одиграа натпреварите од 9 коло во кое во нашата група во која В. Британија ја совлада БиХ со 94:85 по продолжение откако во регуларниот тек натпреварот заврши 81:81. И Босанските кошаркари во последната минута имаа три кошеви водство, а среќните Британци по втор пат успеаја да се спасат на домашен паркет со дополнителни пет минути. Во вториот меч Унгарија ја совлада Украина со 83:75 и го заврши учеството во квалификациите бидејки во последното коло е слободна. Математиките кажуваат дека во случај на победа на Македонија во Сараево се разрешени и најмалите сомнежи за пласман на ЕП во Литванија, а истовремено во случај на пораз на В. Британија во Украина и ќе го заземеме првото место. Доколку загубиме во Сараево, поразот не смее да биде катастрофален, а доколку биде изразен со 15 кошеви разлика, за да испаднеме треба на пример Бугарија да победи во Грузија со 21 кош разлика што е во доменот на фантастиката. Затоа како што сега стојат работите од првата и втората група покрај сигурните Црна Гора, Израел, В. Британија па и Македонија од третата група ќе има само еден патник, победникот на групата, најверојатно Белгија на која и треба победа на домашен паркет со Полска. Во случај на кикс на Белгијците, тогаш патникот ќе се бара помеѓу Полска, Грузија или Бугарија. Резултати: Група А: Израел – Финска 85:71, Италија – Ц. Гора 72:71. Табела: Израел 5-2 (+78) Ц. Гора 5-2 (+74), Италија 5-3 (+15), Летонија 2-5, Финска 1-6. Идно коло: Ц. Гора- Израел, Финска – Летонија. Група Б: В. Британија – БиХ 94:85, Унгарија – Украина 83:75. Табела: В. Британија 6-1 (+27), Македонија 5-2 (+85), Унгарија 3-5, Украина 2-5, БиХ 2-5. Група Ц: Бугарија – Белгија 92:81, Португалија – Грузија 57:80. Табела: Белгија 5-2 (+21), Бугарија 4-3 (+49), Полска 4-3 (+31), Грузија 4-3 (+20), Португалија 1-6.крај/ап/м.н./
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Инзаги по освојувањето на титулата: Неверојатно чувство, момците се исклучителни
Со победата од 2:1 над градскиот ривал Милан, фудбалерите на Интер синоќа ја освоија 20. титула во италијанската Серија А и ја сошија втората ѕвезда над грбот на својот клуб.
Интер ја круниса доминантна сезона во Италија и на пет кола до крајот има 17 бода повеќе од Милан.
„Нероаѕурите“ беа убедливи во текот на целата сезона, на 33 натпревари претрпеа само еден пораз, и тоа на домашен терен од Сасуоло.
Тренерот Симоне Инзаги конечно стигна до Скудетото во неговата трета сезона во Интер.
Едвај ја задржа работата на крајот од првата сезона, кога во финишот на сезоната 2021/2022. му ја предаде титулата на Милан, но минатата сезона го одведе Интер до финалето на Лигата на шампионите, а сега ја освои Серија А.
„Неверојатно е чувството, постигнавме нешто извонредно. Има многу протагонисти во овој успех. Пред се, играчите, исто така и директорите, а потоа и Стивен Жанг, за се што ни овозможи на ова патување. Моите мисли одат и кај моето семејство, сопругата и децата, родителите… Мојата мана е што понекогаш не можам да ја напуштам работата и да ја носам дома, но моето семејство е основата на сè“, рече Инзаги.
Спорт
И Аргентинец ќе суди на ЕП во Германија
Европската фудбалска федерација (УЕФА) го објави списокот на судии на кои смета за претстојното Европско првенство во Германија.
Најмногу претставници, по двајца имаат Англија, Италија, Франција и Германија. Од судиите од регионот, во Германија ќе го видиме само Славко Винчиќ од Словенија, кој ќе работи заедно со неговите помошници Томаж Кланчник и Андраж Ковачиќ.
Словенија ќе има претставници и во ВАР-собата, Нејц Кајтазовиќ (како ВАР судија), Раде Обреновиќ и Јуре Прапротник (како помошни ВАР судии или четврти судија).
Меѓу ВАР судиите ќе бидат и Ирфан Пељто и Сенад Ибришимбеговиќ од Босна и Херцеговина.
Факундо Тељо од Аргентина доби специјална покана врз основа на соработката на УЕФА и КОНМЕБОЛ.
Судии на ЕУРО:
Ентони Тејлор, Мајкл Оливер (Англија), Марко Гуида, Даниеле Орсато (Италија), Даниел Зиберт, Феликс Цвајер (Германија), Клемон Турпан, Франсоа Летексиер (Франција), Дани Макели (Холандија), Шимон Марчињак (Полска), Артур Диас (Португалија), Иштван Ковач (Романија), Иван Крузлиак (Словачка), Славко Винчиќ (Словенија), Хесус Хил Манзано (Шпанија), Глен Ниберг (Шведска), Сандро Шерер (Швајцарија) и Халил Умут Мелер (Турција) + Факундо Тељо (Аргентина).
Спорт
Коман го пропушта Евро 2024
Кингсли Коман (27), крилниот напаѓач на Баерн го повреди адукторот во 49. минута од првенствениот меч со Келн (2:0), го напушти теренот на носилки бидејќи не можеше да застане на десната нога, а се испостави дека станува збор за сериозна повреда.
Требаше да паузира неколку недели, а се испостави дека францускиот репрезентативец ќе го пропушти ЕП во Германија, дознава „Лекип“.
Магнетна резонанца утврди дека закрепнувањето ќе трае подолго од очекуваното, а од самиот почеток беше јасно дека сезоната за него е завршена, но имаше индикации дека ќе се опорави за ЕП, со оглед на тоа што селекторот на триколорите, Дидие Дешам сериозно сметаше на него.
Франција го игра воведниот натпревар против Австрија во Дизелдорф.
Инаку, Коман поради претходни повреди оваа сезона веќе пропушти 13 натпревари во сите натпреварувања, а на тоа ќе додаде уште најмалку шест, во зависност од тоа дали Баерн ќе се пласира во финалето на Лигата на шампионите.
Коман, роден во Париз, ги помина сите младински селекции на Франција, а за сениорската селекција дебитираше во 2015 година. Досега има 55 настапи со осум постигнати голови.